Аааа сега ја гледам темава Во основно бев ваква. Прочитав една членка погоре пиша за телефонските повици. Булвално бев иста кога ке ми заѕвони тел со број кој што не е мемориран не се јавувам, имав некој чуден страв во себе. Не излегував со друштво Самоќата ми беше најдобар пријател. Од коа почнав средно да одам сè се смени. Си најдов мал круг на друштво, и веднаш стснав главна тема на озборување кај остснатите мои соученици(не се замарав) Сега на телефон се јавувам без проблем и не сум повеќе "Мирно девојче"
Интроверти, како се снаоѓате со времето во овој проширен полициски час и постојаните контакти со луѓето кој го делите домашниот простор? Дали се обидувате да ги избегнете или се чувствувате комфорно во нивна близина? Кај мене, откога почна е доста тензична атмосферата дома, се чувствува тој притисок, а тешко може да се избегне контакт. Иако се има физички простор за истиот, сепак се наоѓа начин таа негативна енергија да се пренесе на мене. Имате некој совет како може, ако ништо друго да ја намалам?
Да си зголемиш приватност. Јас така се измачував до пред еден месец. Сега поголем дел од времето гледам сама да бидам. Порано лажев дека учам за да гледам серии на нетфликс. Сега лажам дека бебето спие па демек и јас одам да одморам малку, а уствари само си седам и си се релаксирам, нормално фаќам и некоја работа низ дома, ама не седам со куп луѓе во дневна. Го правев тоа многу време, не дека сакав, така личело, така требало, ама лошо ми се одрази напнатост ми се створи и бев нерасположена. На комшиите и сокуќниците не им е јасен терминот интроверт и за нив сум дивјак. Ама подобро си функционирам. Не знам како да кажам, пред да се омажам исто беше, си сакав сама да си се повлечам дома, со една две другарки кафе два пати неделно и тоа беше тоа. Сега со коронава, супер нема што да се правдам зошто не одам никаде, ама дома е тешкото, за мене се многу 6 луѓе седнати во дневна пред телевизор. Си седам сама со бебе пред телевизор, истиот филм го гледам ама поубаво го доживувам. Би ти рекла да излезеш од дома кога е гужвата, до парк, до маркет, земи со себе лаптоп или книга. Е сега после 8 не можеш тоа, ама можеш да кажеш рано ќе си легнеш, или дека си уморен ќе одмараш на тишина и изолирај се малку.
Не знам многу да те советувам, прилично сум нервозен чоек, се' ми смета и во нормални услови, а не па вака. Ќе се развикам па после ми е криво. 1. Мајка ми ме советуваше на следниот начин и колку-толку ми помогна, пробај. Замисли си дека имаш милениче куче (ако немаш), ќе пие вода и се ќе направи лом, ќе те буди од спиење, ќе ти ја изгризи патиката...АМА, сето тоа ќе го гледаш како да е многу слатко и ќе ти измами насмевка. Кога можиме така за милениче зошто да не и за човек. Прифати ги како такви. Тоа се луѓе кои ги сакаш и те сакаат. Можеби имаат некоја лоша навика која пречи, сигурно ја имаш и ти. 2. Времето кога си сам, користи го до максимум, се' што не можиш кога другите се дома направи кога си сам. 3. Слушалките на уши, ќе им речиш овој еден сат оставете ме на раат. 4. После Ковидов, си викам нека се здрави и живи само, и досадни.
Аааааа сега ја најдов случајно темава и тука сум и ја ако ме примате во друштво ... еден тест направив па машала 91 % интроверт сум , ај нека се угоде Си знам подолго време дека сум тука некаде , можеби пред 15 год додека бев во средно поинаку функционирав и повеќе се социјализирав ама и тогаш знаев да поминувам цели ноќи јас , радиото и книгата до мене ... Си го ценам премногу времето поминато сама со себе и овој карантински период не ми го промени принципот на кој функционирам , што ќе кажам сеуште го користам како изговор за да избегнам неудобни седенки Во друштво и на работа сум строго повлечена кога се работи за празни муабети и може ако некоја тема ме погоди јасно да си го кажам мислењето и тука да се затвори дискусијата .... Оставам впечаток на вообразена и надмена личност ( ова ми го имаат кажано , незнам дали е баш така ) ама јас сум само или незаинтересирана за конкретна тема , или немам желба да учествувам во дискусијата или едноставно поубаво ми е кога имам улога на набљудувач ..... Не се дружам со многу луѓе имам неколку контакти кои ете заслужиле место во мојот живот се останато дошло па си отишло ... Овој период и по дома барам ќоше и може со саати да не прозборам со никој додека да ми се одмори главата , некогаш луѓето ми се пренапорни ...
Браво за темава Интроверт сум и ми е нај нај убаво! Искрено порано многу се стресирав околу луѓе. мислев дека по секоја цена мора да имам 3583550 пријатели, да излегувам 24-7 со сила да се правам нешто што не сум,но таква околина имав, сега ми е преубаво, не го ни осеќам времето кога сум сама И мене за чудна ме сметаат, дивтар, различна, скоро излегов чудна што наместо на гости по роднини и пријатели ми било поинтересно у сред планина или дома сама
^ Стварно не знам што им е на луѓево што не прават чудни дека сакаме да сме сами. Ни сметаме некому ни ништо ете јас некогаш не ги разбирам некои што сакаат 24/7 да прават нешто па пак не ги сметам за чудни, само нека си бркаат работа. Мене после еден ден социјализација ми треба недела дена одмор
Чувството кога доаѓа петок/сабота вечер, а јас сум во сопствено друштво, doing whatever I want. + ХРАНА, тоа никако не смее да се заборави!
Давајте некој збор охрабрувачки и утешителен. Во гужва сум деновиве и прегорев, не можам уста да отворам веќе за да зборнам. Како се запознавате со непознати? Некој смол толк? Како издржвате да не се расплачите од целодневна комуникација? Како да се убедам дека не сум најглупото и најдосадно суштество и да не се секирам ако згрешам нешто?