Не се грижи, има и полошо. Јас се имав пријавено цела недела да патувам за еден проект со 30 души. Замисли по цел ден да бидеш со тие луѓе и постојано некој друг да ти го организира денот. Не можам да опишам колку бев grateful кога се вратив дома. Или кога требаше еднаш да излезам јавно пред 100тина луѓе. Мислев во земја ќе пропаднам.
99% се работи за ист вид проекти. Те верувам. Ама ако, така се учи човек, се челичи. Храброст е и да се пријавиш. (Секогаш вака се тешам, 2 дена ќе ми трае промената и после пак одново не кревам ни на телефон.).
Да да и јас си викам првично. Ама дента пред самиот настан толку се осеќам глупаво што сум си навлекла "проблеми" , ми иде да плачам од мака. Како што рече, многу лоша и тешка особина е ова. Се надевам еден ден ќе се избориме да ја совладаме.
Хелоу. Се имам веќе изјаснето во темава, дури и прва, и во мислењето се имам опишано како „екстроверт со анксиозност“. Денес после година дена интроспекција, излегувам од клозетот како интроверт. Точно е се што сум напишала, дека добивам енергија кога сум со луѓе, ама не сум ни самата била свесна со колку малку луѓе ми клика енергијата. Денеска тие пријатели на кои сум мислела додека сум го пишувала првото мислење, ме истоштуваат - не заради нешто лошо што се случило, туку просто заминавме на различни патишта по кои различно се развивме како личности, што е многу нормален дел од животот. Тоа ме натера да сфатам колку сум јас всушност picky во врска со луѓето во мојот живот. Не би била околу било кого по секоја цена за само да не бидам сама. Ако не почувствувам да гори жарче на љубопитност за работите што имаш да ги кажеш и понудиш како особа, нема да зборувам со тебе. А ако веќе морам да зборувам, нема да ни биде убаво ни на мене ни на тебе. Мислам дека дел од мене секогаш ќе се плаши од осаменост, можеби затоа некогаш сум се форсирала во гужви. Ама сега уживам во сопственото друштво, уживам да бидам сама и да работам на себе и моите цели. Заинтересирана за милион работи, дури и цел ден да имам слободна сама со себе, нема да можам да стигнам да направам се што сакам. А за разговор, забава со правилните луѓе секогаш може да се најде време и енергија.
Неодамна работев на еден проект, кој не го јас избрав ниту би некогаш, ама мораше да се работи во група, со луѓе кои не познавам, ниту некогаш сум искомуницирала еден збор со нив. Требаше да се исконтактираме околу проектов, да се договориме и да се сработи заеднички. Уф, и сега ми личи тешко додека го пишувам. Тоа се тие комфорни зони од кои мораме да излегуваме во животот. Благо речено, се препотував на самата помисла како тоа ќе изгледа со оглед дека навистина не сакам вакви групни комуникации, плус со непознати, јас сум добра еден-на-еден комуникација, ама тоа е. Не размислував многу, не ми беше пријатно, ама се надминав себеси. Погодете кој цело време буташе некоја комуникација? Јас. Абе, како да се собрале кој од кој поинтроверт со социјална анкциозност. Значи иницијатива за комуникација, за распоредот, за распределбите на задачите, абе, абе! се со бутање. На крај им кажав: дечки, вака не бива, ај да се уозбилиме, немаме време за губење. Па на крај ја оправивме ситуацијата и комуникација до самиот крај ни испадна супер. Дури и се спријателивме на некој начин. Морам да кажам дека ова е една лична моја победа, се чуствував баш фино на крајот. Сакам да кажам и да се надоврзам на @Ugly Duckling дека не е страшно да се излезе од комфорната зона, дури можеш да делуваш како да имаш супер комуникациски вештини, а внатрешните борби само ти ги знаеш. Ако ви нешто претставува предизвик, токму затоа прифатете го, потоа ќе се чуствуваме како победници кога ги надминеме границите кои не ни одат природно да бидат надминати. И секој пат ќе е се полесно. Барем од професионален аспект велам. Оти таквата комуникација со светов не може да се избегне, па барем да ја владееме подобро.
Јас па кога станува збор за комуникација професионално, кога треба заеднички да се сработи нешто воопшто немам проблем. Се знае за што ќе се комуницира, дискутира и единствена цел ми е да си ја завршиме работата како што треба. Не сакам да комуницирам приватно со непознати луѓе, особено собрани на некоја забава, прослава, едноставно не ми иде само од себе.
Супер. јас со оглед дека мразам да зборувам и на телефон со непознати, а и ова требаше да се заврши виртуелно, арно испадна. Јас па си правам муабет со други непознати, во живо, не ми е проблем, само ме троши многу. Ама кога не им гледам во очите имам проблем.
Ни мене, а обично моите пријатели што ги знам, до крајот на вечерта ќе бидат неразделни со уште минимум пет души, а јас скроз збунета.
Кога го прочитав ова со гледањето во очи ми текна. Јас па имам голем проблем да одржам eye contact. Некако спонтано во текот на разговорот ги оттргнувам очите и гледам на страна... Многу глупаво изгледа, знам, како да не слушам што ми се зборува, а не е така. Напротив, многу активно слушам и го анализирам тоа што ми се кажува, но проблемот со гледањето во очи останува и не можам да му го најдам коренот.
Јас нешто слично. Секогаш кога другиот зборува го гледам, додека јас кога зборувам гледам во рандом предмети. Мислам дека ми е како последица на недостиг на концентрација.
Па исто и јас, кога зборувам си се загледувам во нешто на страна или ми шета погледот. Една блиска другарка ми има забележано за ова. Постојано мислеше дека не сум „присутна“ кога разговаравме. И разбирам зошто, навистина така изгледа (иако не е така). Сега почнав да се подобрувам и свесно да настојувам за повеќе eye contact.
Сега видов дека заборавив да ти одговорам, а сакав. Не мислев баш во очи - очи, туку онака, во живо де. И јас се обидувам да оддржувам контакт со очите во двата случаеви, и додека слушам и додека зборувам, потешко ми е и мене додека зборувам, понекогаш се штрецнувам дека летам со погледот додека зборувам, ама ме деконцентрира кога го гледам соговорникот. Навистина го тренирам ова да не го правам. Како и да е, баш прочитав во една книга, парафразирам: дека контакт со очите, покрај тоа што буди чувства на почит и симпатија, исто така оставате впечаток дека сте интелигентна личност со способноста за апстрактно размислување. Луѓето кои размислуваат апстрактно ги прифаќаат дојдовните податоци полесно од луѓето кои размислуваат конкретно. Низ процесите низ кои размислуваат, не се деконцентрираат со тоа што го гледаат соговорникот што ги гледа нив... Вероватно сум јас таа што размислува конкретно, ама мора да научам да изгледам поинтелигентно
@Sky-butterfly Многу луѓе го поврзуваат негледањето во очи со непочитување. Така изгледа, знам, и најмногу затоа сакам да го променам тоа, затоа што како што реков ми се случува додека зборувам со сите па и со луѓе што многу ги сакам и ги почитувам! A инаку ова за интелигенцијата и за апстрактното размислување ми е нова информација, уште една причина за поработам на проблемов.
Ако има поголем интроверт од мене, нема шанси. Во 100 души да ме стават, и ако мора друштво да најдам, на крај пак сама ќе си излезам еве до толку сум. Не знам дали е загрижувачки или не, ама мене ми е убаво сама со себе, не дека никој не поднесувам, ама одбраните луге ми се ок. Дури и за работа кога работам многу мразам и на телефон да зборувам Ја не знам арно маж ми ме избрал мене, тотална спротивност од мене е. Тој зрачи и привлачи а ја тумрук невиден сум
Е не можам. Кај ти текна. Ако треба некогаш да се опишам, ова реченица ќе биди! И ми се има случено! Луѓе, social battery ми е на 0, па прашањето ми е како ја полните?
Сакам луѓе ама неќам луѓе ме разбирате? Јас пре бирам дома да останам него да искочам надвор Шо да праам? Многу ми е убаво дома да седам и кога ќе искочам после тоа три дена одмарам од искачање. Вака дечко никад нема да фатам фмл
Не знам колку си години, ама јас кога почнав со дечковци да се дружам бев 19 години , одев малку, едвај и тај го најдев од што се домашар, ако не бива се откачиме, па после од дечко одмарав по година време , оти напорно ми беше 2,3 месеци да излегувам постојано , па после друг најдам па и од тај после одмарам, дури сега разбирам ја од излегувањето сум одмарала не од дечковци