Затоа што интроверт ќе сака повеќе дома да седи и со што помалку луѓе да има контакт, ќе размислува премногу за било која тема додека да одлучи и направи нешто, а екстроверт па повеќе ќе сака шетања, дружби, побрзи одлуки ќе донесува. Сето тоа ќе доведе до голем број несогласувања и разубедување што и како треба кој да прави. А никој не би сакал да излезе од својата конформна зона.
Bas taka, edinstveno fuknionira ako eden od niv dvajca e spremen na kompromis i da go prati toj drugiot, primer vo mojot slucaj jas ja pratev nea i postanav povekje introverten, ne deka sum nekoj golem ekstrovert, ali povekje sakam da bidam nadvor i vo drustvo, ali sfativ posle nekoe vreme deka toa ne sum jas i morav da ja prekinam vrskata
Мислам дека ја би се прилагодила на дечко екстроверт, би ми било жал да го принудувам дома да седиме ако има желба да излегува. Кога ќе ставам на вага мислам дека интровертите сепак повеќе можат да се навикнат на излегувања за разлика од екстроверт кој ако го затвориш дома мислам ќе полуди, но би била ептен awkward у друштво кај што ќе ме носи пошто нема уста да отварам но зависи ако баш ми се погодат луѓето можда ќе зборам.
Не мислам дека толку сакаме да седиме дома, туку многу е важно каде и со кој си надвор. Ако сум со екстровертниот дечко и со уште некој со кој ми одговара муабетот, можам и секој ден да излегувам, на места кај шо има услови за муабет. Сакам природа, планини, парк, кафе, благо, мирни ресторани... Ако треба по ноќни клубови со 350 гласни другари, не би можела често, или па на одмор со уште 16 парови. Мислете на добрата страна, секогаш кога ќе ви е срам/непријатно да направите нешто ќе можите да го натерате него. Можи и добро да влијае, реално најдобрите спомени и искуства ми се со екстровертни другарки. И најлошите. . . .
Ако се двајцата интровертни сметам дека нема кој да бутка кон вадење надвор од комфорт зона. А вака кога едниот е ектстроверт е подруго, ќе ја ,,влече'' интроверната единка кон социјализација и нови искуства. И тоа е позитивно се додека во врската има и компромиси, и не е секогаш излегување, или постојано седење дома. Јас сум интроверт и до сега врските ми биле со повеќе интровертни луѓе, и искрено мислам уште толку се затваравме дома. Не дека ни беше лошо, ама ни фалеше социјализација.
Точно. Доаѓа момент кога веќе се' е рутина, никој не иницира нешто ново, нема ни луѓе нови, останувате сами двајцата на исти места со исти активности, па се јавува монотонија. Ме замара муабет со непознати или правење нешто надвор од комфорната да, ама си има и предности. Можи ќе се вратиш отепан дома, ама можи и прероден. Друг проблем шо се јавува освен иницирање нови работи е то шо не се разговара и за работи битни за врската (проблеми се премолчуваат, планови за иднина). Зависи од човек до човек, но моите искуства се вакви. На почетокот на врската се сеќавам кога го запознавав другар ми со дечкото ми рече, ах вие двајцата мирни и тивки ништо нема да напрајте, мора едниот да е покомуникативен и од сегашна гледна точка се согласувам.
Не би рекла дека сум скроз интроверт но исто така далеку од екстроверт, повеќе сум амбиверт. Сакам многу да излегувам и да се дружам но само со одбрани луѓе, а такви многу немам, и тие што ги имам не ми се во близина. Ако е ради реда со некој повеќе ќе ми ја исцрпи енергијата, а со блиски луѓе и со такви со кои кликнувам брзо немам проблем да сум по цел ден заедно. За партнер би рекла дека би преферирала екстроверт повеќе за да ме вади од комфор зона и да ме социјализира пошто сама тешко ми оди, иако последнава година сама се ставив во ситуации надвор од комфор зона мислам дека ми треба повеќе. Во никој случај поинтроверт од мене бидејќи мислам дека ќе ме кочи многу од она што сакам да го постигнам.
Би можеле ако направат компромис за некои работи. Имам обратен пример. Жена на мој братучед е екстроверт, а тој интроверт. Во брак се повеќе од деценија. Она муабетџика со огромно друштво, он едвај 3-4 другари. Она шетаџика, он претежно дома и со ретко излегување. Покрај нејзе, некако се прилагоди. Си прават договор кога и на двајцата им одговара идење некаде или седење дома.
Јас сум скоро 10 години заедно со еден од најголемите екстроверти кои ги познавам во мојов живот. Едноставно нема шанси да седи на едно место, а не дај Боже да го затвориш дома. Едино во короната кога беа карантините, па моравме да седиме внатре ради полицискиот час. Ние лично супер функционираме, оти тој секогаш потегнува да одиме ваму, да одиме таму. Ако се прашувам јас, би седеле дома секој ден и ќе играме монопол или на компјутер 24/7 поготово за викенд кога сме слободни. Маж ми е од тие луѓе што и кога на одмор одат сакаат да ги прошетаат сите улички, ништо да не остане невидено- јас па можам цел ден да го поминам на лежалка и да пијам пива, вечерта да продолжам во хотел со пиење, да си легнам и другиот ден пак истото. Искрено сметам дека добра е комбинацијата на екстроверт со интроверт, бидејќи ако се двајцата исти ко шо кажа @sweet-cherry кога тогаш ќе се створи проблем со недоволна социјализација. Реално да не е маж ми јас нема контакт со ниедна личност да остварам. Јас имам 2-3 другарки максимум, додека тој може со цела држава да се спријатели без проблем. Поотворен е и понароден, додека јас секаде се соочувам со проблемот ‘изгледаш многу арогантно’. Истово го имам приметeно кога се и дечиња мали во прашање, секогаш идат кај маж ми и му се смеат, се чепкаат- дури и непознати дечиња во ресторани, на улица било каде. Јас сум секогаш вештерката што стои на страна Да бевме двајцава исти, мислам дека немаше да опстаниме- вака барем некој држи баланс.
Не знам кај да пишам за проблемов. Имам огромен проблем. Кога треба да се јавам некаде. Не се јавувам. Одложувам. Каснам. И така денес го имав најголемиот проблем од овој проблем. Ми се јави некој и лом ме направи. А секако во право беше. Денес беше последниот ден и си реков ќе се јавам денес конечно и кога видов дека ми ѕвони особата вечерва знаев дека веќе се е сјебано. Не можам значи да зборам на телефон и не можам. Кога ѕвонам се препотувам, срцето ми лупа и се молам да не ми кренат. Тоа кога ептен мора да се јавам, инаку секогаш пишувам порака, меил. Не знам дали ќе ме разбере некој од темава… И сега си викам едвај чекам да поминат пет години и да го заборавам ова.