пред некој ден комшии пред мене идат и ја глеам што побавно се движам влегувам у зграда гледам ми држат отворено лифтот као не е проблем чекаме ние мислим фала им знам дека од култура али ја НЕЈЌАМ бе со комшии интеракција!
Koga me fane nekoa euforija (koja što me drži kratko) i se obekam na site deka ke pravam društvo ke ideme ovam onam vs posleto koa mi odmine euforijata i se čudam kakov izgovor i opravdanie da najdam za da otkažam se so sum obekal
Преголем интроверт сум, посакувам да можев барем еден ден да бидам опуштена, слободна, без да мислам што ќе си помислат другите, ама немам самодоверба.
Јас бегам од луѓе што само си зборуваат за нив, по цел ден или само зборат нешто колку само да се зборува. Нит ме интересира, кој што прај со животот, жими се, во ред кажи си, ќе те ислушам, ама сега не сум јас тука цело време да верглаш муабети за себе.
Леле бе до кога нас интровертите ќе не сметаат за недружељубиви, намќори и нема да не сфатат? Имам чувство дека сум чудак кој никого не го разбира како му е. Ејј мајката што све не се нормализира, какви све не работи се прифатија за нормални, а ова не и не. Барем у мое опкружување. Сакам да си најдам особи кое се ко мене и кои ќе ме сфатат потполно ама некако слабо. Може сепак до мене е проблемот ама си реков ја, да се мењавам за само да им се допаѓам на други ни под разно и тоа е тоа. Дали сум у право или у криво времето ќе покаже ама сеа за сеа ќе си останам ваква и уште долго време. Аиии скроз иста.
Уште еден интроверт во клубов Енергија полнам поминувајќи време сама со себе, задолжително ми треба време само за мене во текот на денот, целодневна комуникација со луѓе ме заморува, не секогаш, особено со непознати влегувам во комуникација и дискусија иако можеби имам што да кажам на темата и потешко ми оди зближувањето. А не дека ние интровертите сме асоцијални или намќори иако за некого можеби така делуваме, сакам многу и да се дружам и да излегувам и комуницирам со блиски или со луѓе со кои имаме заеднички теми, ама не сакам гужва и прегласни места. Во делот со некревање на телефон на непознати и пребарување на вибер мислев само јас тоа го правам Ни на познати не секогаш се јавувам или враќам на порака во моментот За да се јавам на некој или некаде каде што треба порано ми беше проблем, а сега веќе ми е надминато. Сега и работната средина ми е таква да секојдневно комуницирам со нови луѓе и има потреба од small talk, што често ме заморува ама излегувам од комфорна зона.
Апсолутно. Ретко ја да се јавам у тој случај прва, попрво бирам смс да пишам. Оф леле маки, на некого му е смешно ова знам.
На непознат број не се ни јавувам или пишувам смс, единствено ако ме бара пак Јас и на познати преферирам да им пишам отпосле, наместо одма да се јавам, зависи како сум расположена за муабет
Си посакувам добредојде. Од екстроверт конверт интроверт. Старата верзија од мене која секогаш беше супер конектирана со сите прегоре како полска сијаличка. Во последно, било каква групна интеракција ми ги гори атомите енергија што лимит за комуникација не ми е повеќе од два часа. Лани некој да ми кажеше дека сабота вечер ќе бидам комфорт да не отидам у nightlife, туку да спремам вечерица, вежбам и чилам уз серија ќе го направев блесав, ама ете, се случи и ич не ми е жал. Жал ми е што порано низ тековните години, младоста, не се чувствував вака добро во своја кожа, сега сум супер.
На тема врски меѓу интроверт и екстроверт... зависи од екстремноста. Не дека не може да функционира, за нас функционираше долго и не би рекла дека беше некој посебен фактор во крајот. Сигурно беше меѓу останатото. Но, се имавме прифатено и двајцата правевме компромиси. Не само што сум интровертна (иако не ми веруваат затоа што сум генерално bubbly, a интровертите важат за вечни намќори), туку сум и анксиозна и ми требаат 100 услови за нешто што на другите им е нормално. И како многу млада одев по дискотеки оти сите одеа, умирав од досада. Значи зевав. Добро е за динамиката да е еден поекстровертен оти ако се двајцата интровертни нема од дома да излезат, што не е добро секако. Ние имавме компромис, да доаѓам секаде, ама да си одам кога сакам (најчесто кога сите се веќе на 3та пијачка, пошто не пијам и почнуваат да ми сметаат), а тој да седи дур му се седи. Јас ќе ја земам колата за да не вози пијан, тој со такси ќе си дојде. Сегашниот ми е поинтровертен од мене Презабавен е, сериозно, каква смисла за хумор има, а и сам по себе е пресмешен, ама со мене е таков и со ептен блиски. Со луѓе што не ги знае или е намќор или тотално повлечен. Во една ситуација ќе го отепав Се шетаме и две девојчиња туристки прашуваат кај е тоа и тоа место, он под брк мумља "не знам" Секако дека знае и ок, јас им кажав, ама му викам не мора до толку Оправен е малце во последно време, бившата негова бетер интроверт и од него, од дома не искачале, буквално. 1 другарка немала и така. Почна да се опушта полека Во оваа врска интересно е што јас сум поекстровертната, а сум доста затворена. Баш... одредени луѓе, одредени места, мир, спокој... за некого досада, за некого живот
Добро де ама едниот од двајцата секако ќе е поекстровертен, барем за нијанса, ете ко ти што си сега. Освен исти да се погодат 100%, убаво е малку поотворен и покомуникативен да е едниот, иначе што викаш, тешко ќе биде и не баш интересно. Ееееее, не веруваат луѓето какви све можат да бидат интровертите ама и позитивно тоа ми е на некој начин, зашо секој да те знае у право светло, само пред вистинските што заслужуваат ќе се покажеш всушност кој си и што си, останатите небитни тотално се и нека си мислат они што сакаат.
Уште еден интроверт тука. Повеќе би избрала да седам дома откако излезена со лица што ме нервираат дури и малку. Кога мора да се оди на некој собир и ако има некој што ме нервира од оправдана причина, си молчам, тешко ми е да разговара и не можам ниту да одглумам дека ми е пријатно. Ако пак сум принудена да разговарам со лица што не ми се по ќејф, кога ќе си одам како да ми фали да се изнадишам воздух и ми треба време да сум сама. Ваквото однесување ми е несфатено од екстроверт од кој често добивам коментари дека единствено јас сум чудна а сите се дружељубиви и дека во мене е секогаш проблемот.
Јас сум преинтровертна за да си муабетам на ваква тема на форум и да споделувам. Порано бев ептен повлечена, присуство на рандом луѓе знаеше да ме истоштува, а сега ми е некако сеедно. Луѓето та биле, та не биле околу, исто ко да не се зашто не ги перцепирам, не се замарам.
Типичен интроверт тука Јас имам нешто како social battery. Ако кафето/излегувањето трае повеќе од 2-3часа , се истрошувам, станувам тивка и расеана до степен што ме прашуваат дали сум добро А јас само сакам да си одам дома во мир и тишина со мачорчето..
Jas sum social ekstrovert, Ali inaku sum introvert. Doduse i jas si odam ako mi e dosadno porano, Ali drugarkite me znaat hhhhh. Privatno mozam cel den da si sedam i molam i da si ja brkam rabotata. Tolku. Samo da ima net i struja hahahah
Мислам дека полека полека и јас станувам интроверт, излегувам само ради децата и ако треба да се купи нешто иначи порадо би седела нонстоп дома. Се повеќе се фаќам како уживам да си исчистам, да си запалам свеќи и да си седнам сама, со некој филм или алкохол. Ма уопште не ми се излегува бре