Како млада уживав да излегувам и ако пропаднеше планот, плачев.. Сега на 40 и кусур некогаш проблем ми е и на телефон да правам муабет, излегување на кафе или било каде ми е повеќе како некоја обврска, не нешто на кое му се радувам и уживам. Инаку, отсекогаш сум била на некој начин интроверт, дури и во моите најсоцијални изданиа, зошто секогаш сум полна со мисли, водам дијалог сама со себе,никогаш не се досадувам сама со себе, тоа се моментите кога јас сум навистина јас.
Иста јас, додека бев студент се дружев со неколку другарки, некогаш и по два пати на ден сум шетала, ама отсекогаш знаев како кога сум сама а најчесто сум сама затоа што не сакам гужви. Кога тргнав на работа постојано со луѓе, дома доагав и 2 часа во соба со никој не разговарав од што ми беше заморно, си доаѓав на себе. Сега на овие години ми е мачно едно кафе да закажам со пријателка, постојано имам некоја занимација која јас сама си ја правам и едноставно никогаш не зависам од ничие друштво. И никогаш не ми е ниту досадно. Кога сум повеќе време во друштво многу ама многу се заморувам, не сум човек кој сака по неколку часа да се дружи. Еве вчера ми беа на гости драги луѓе, беа неколку часа кај нас и искрено на крај многу се заморив, не дека нешто ми сметаа ама ете таква сум јас саат, два и доволно ми е. Баш синоке си размислувам дали сум нормална што сум ваква,, дива"? Можеби и не сум
Е ова! Скурца ми е луѓе да ме замараат шо они мислат дека треба да праам. Требало да се дружам повеќе, требало да се зближиме повеќе, требало повеќе работи да си споделуваме... не, ништо не треба ако нејќам.
Baby Inna од двеидеветнаеста, илимити што би се рекло мудрец од роџења. Mind you ова е од 2019та, и аll the sh*t did go wrong in the world. Значи зборот ми е, како сме?
Вие што имате Resting Bitch Face како се справувате со тоа? Постојано ми преговараат дека сум изгледала како да ќе истепам некој, требало да се смеам повеќе итн. Таква ми е фацата и не можам да се смеам со сила. Комплекс ќе ми стане бидејќи постојано ми пререкуваат.
Не може да ти стане комплекс, ако ти сама не дозволиш. Рекле, па шо дека, кој ги праша па нив. Малку безобразно е што други си даваат вака за право да коментираат на туѓ изглед. Немој да дозволиш туѓото ирелевантно (не)мислење да те дотича тебе.
Не се замарај. Како шо пример не се замара некоја што има стаено премн филери во устата и ја нарекуваат duck face. Комплекс имаат тие шо прашуваат, а да им преговориш нив дека премн замараат со прашања и да си гледаат бизнис.
Не сум интроверт. Имам прашање до вас што се идентификувате ко такви. Зошто влагате во врска/брак со екстроверти и им се посе*увате во животот на тие што сакаат да се дружат, да бидат околу луѓе и да ги има насекаде? Нели е полесно веднаш да кажете дека сакате да сте сами со себе, па дома човек ни гости нема да може да викне. ФМП.
Јас мислам дека нема проблем интоверт и екстроверт да бидат во врска, ама тоа не значи дека оној што е интоверт треба да му брани на другиот да се дружи или оној што е екстроверт со сила да го тера да оди таму кај што не му се оди.. Јас по природа повеќе сум интоверт, ама сакам да се дружам, само да не се околу мене премногу непознати луѓе.. И кога сум во друштво со луѓе кај што се чувствувам како на сигурно станувам екстроверт.. Малку надвор од прашањето. Ама во последно време како да преминувам од интроверт во екстроверт. Се чудам самата на себе.
Може они влагаат со нас? Иначе грешка си, не е дека воопшто не сакаме луѓе, туку не сакаме било какви луѓе во опкружување, само одбраните Да видиш ти со одбраните како знаеме да се опуштиме, да бидеме свои, дури зачудувачки отворени Самотњак не верувам никој да сака да е, нешо не си разбрала ко шо треба.
Fair enough. Одсекогаш сум викала дека најголем булшит е тоа дека спротивностите се привлекуваат. Секој треба да си биде со "своите". Јас сум интроверт и само со интроверти сум била до сега зошто неќам да спречувам никого да си вика гости дома или обратно, да ме става во ситуација кај што треба да општам со повеќе луѓе отколку што ми е капацитетот. Језда има исклучоци со ептен добар компромис.
Чудно јас досега мислев за врска треба двајцата да сакаат да бидат во нејзе, не сум знаел дека може само еден да одлучува и за другиот
Ова е тоа што го зборам, и најчесто се споделува од како нештото ќе се официјализира што мислам неме во ред. Последно моравме од кај колегата дома да си одиме за пола саат поради кринџот на неговата “интровертна” жена (ќе го ставам во наводници) за да не навредам некого бидејќи госпожата се заклучи во спална си пушти музика и сметале енергиите. И му пиша порака на вибер да каже дека е интроверт и не била спремна за гости. Иако бевме најавени уредно на едно сиктер кафе што се вели. значи и јас искрено имам само три блиски другари/ки и јас одбирам каде ќе ја дадам мојата енергија и чија ќе примам меѓутоа овој тип на непочит беше многу болен за гледање. е сега ако таа има ментална фалинка и се сокрива позади тој термин се извинувам на сите. меѓутоа одпосле разбравме дека од кога се оженил дома никој не му влегол, а со жена му одат само каде што таа сака кога она сака, а неговите желби се скоро и невидливи. никаде не е натерана да оди, дури издејствува да работи скроз од дома за да не ги гледала колегите и сметале. Кај грешам сакам да бидам поправена. Двајцата одлучиле, ама после матично интровертноста се изјаснила дека тоа е тоа. И јас мислам дека е булшит. Мило ми е што ме разбра. до сега во неколку наврати сум се сретнала со ова. И не ми е јасно како екстровертот е скогаш тој што го “јаде” и праи компромис. Стварно ми е мило што ме сфати.
@Scorpio991 твојот пример повеќе ми личи на асоцијалност. Мислам дека и најголемиот интроверт можи да "истрпи" малку луѓе што не му се во близок круг. Тоа од неговата сопруга е голема непочит. Лично јас се сметам повеќе за амбиверт отколку интроверт. Бидејќи колку што сакам дома да си правам работи толку сакам и да излегувам и се дружам со луѓе. Е сега, немам голем круг на луѓе, па затоа лично си барам партнер што е екстроверт за да можи да ме извади од комфорна зона бидејќи често моите social skills не се нај нај. Ми треба тој push за да бидам подобра верзија од себе. Исто сум правела компромиси, сум била меѓу луѓе што се блиски или пријатели на мои блиски, за атер на моите блиски најмногу, иако можеби во тој момент радо би играла некоја игра сама. Не дека "трпам", но не можиме секогаш да се повлекуваме од луѓе, така повеќе себеси си штетиме. Со што мислам дека многу асоцијални луѓе се сметаат себеси за интроверти, а тоа е заблуда, интроверт можи да има предобри социјални вештини, само побрзо снемува енергија од другите, не дека не би се социјализирал. Тие двајца требало порано да го согледаат проблемот, и малку ме чуди што во брак го сфатиле тоа, зар немале свои друштва дури биле во врска?
Ова мислам дека не е до интовертноста, повеќе ми личи на тосичност и не дружељубивос. Интроверт ако си не значи и дека не си дружељубив. Ако некој си поканил на гости седи со нив или воопшто не ги кани. Мислам дека девојката има огромно непочитување кон партнерот и кон неговите блиски/пријатели. Не мора да и се допаѓаат или да прави муабет со нив по цел ден, ама може да ги испочитува и да испие едно кафе.