Introverts united

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 12 октомври 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.933
    Допаѓања:
    136.035
    Пол:
    Женски
    Ако не си, што бараш во темава?
    Темава не е за ваква навредлива дискусија, туку за интровертите да си се тешат меѓусебно!
    Која си ти да кажуваш кој со кого да биде?
    Единствен кринџ се гледа во твоите осудувачки мислења.
    Ти не живееш со жената на колегата. Немаш поим зошто не сака да биде опкружена со многу луѓе. Можеби таа има доживеано сериозна траума поради која не може да се зближува со многумина. Никој не се раѓа интровертен, туку станува таков баш поради ваквите како тебе кои само знаете да напаѓате и осудувате наместо прво да се обидете да разберете.
    Дали ја праша жена му дали е во состојба да прима луѓе?
    Не?
    Можеби не била во состојба да трпи разговори. А и според тоа како ја судиш, ретко кој би те примил на кафе ако те чуе или прочита што кажуваш.
    Како не помисли дека можеби колегата не ја кажува вистината или не ја кажува целата вистина?
    Не си им дома, па да знаеш дали она е таа која кажува каде да одат. Можеби тој е причината поради која таа не сака да прима многу луѓе дома. Можеби причината е нешто друго, но и тој нема разбирање за неа.
     
    На Raven22, Mumoftwo30, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Scorpio991

    Scorpio991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго
    Полека, прашав само. Не те извлеков од дома за уши. калмате.

    Ова е тоа, ти благодарам премногу. Искрено тогаш не е во ред да се мешаат термините бидејќи тие што не сме толку навлезени во тоа добиваме погрешна перспектива за нештата.
    Асоцијалност и токсичност! прашањето од горе секако мое останува, сликата сега ми е потполно друга за нештата.


    Луѓе барав појаснување, збунета сум од куп примери околу мене кои се очигледно злоупотребени со терминот “интровертност” немав намера да навредам ако се осетивте така се извинувам. веројатно ко што ми посочи @Amellie13 асоцијалните се вадат на интровертност и тука доаѓа збунката.
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2025
    На Mumoftwo30 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.981
    Допаѓања:
    184.302
    Пол:
    Женски
    А, шо бара тој да влегва во врска/брак со мене и ме тера да сум во ситуации кои се непријатни за мене? :D Се е ствар на договор. Мене сите партнери ми биле екстровертни и моментот тој шо сака да се дружи наспроти мојот замор од подолга изложеност на луѓе и потреба за повлекување со серија - не било проблем во ни една врска. Зошто? Зошто нит јас сум бранела да излегва и да се дружи, сум имала ситуација каде одам рандом кај него и гледам на маса нов чоек со кој се запознале случајно на каса и сега пијат бирка. Дали разбирам? Не. Дали ми смета? Исто така не. Воедно, ко ќе речам "уморна сум", или дека ми треба да полежам и цртам/ гледам серија или едноставно да сум в кревет со мачорот - не ме терал со сила дека морам да излегвам и морам да се дружам или да ми вели дека сум дива.

    Партнерството покрај љубов и почит, има и компромис. Не мора да сме цело време заедно, впрочем не ни сакам да сум цело време заедно со партнер. И ако тој во неговото време без мене реши со пола град да се здружи - то е негов избор. Се дур не мора и јас со пола град да се здружам немаме проблем. Исто немаме проблем оти јас не барам од него да седи дома оти јас решив да седам дома.
     
    На Raven22, Mumoftwo30, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Scorpio991

    Scorpio991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    очигледно ист калап.
    Нема намера со тебе повеќе да комуницирам.

    Ова е веќе друго и сосема ми е јасно сега.
    Ставив квоут на моето првично прашање подолу. :D
     
  5. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    18.358
    Пол:
    Женски
    А шо е толку страшно и асоцијален да си? Шо, мислите сите сакаат да се такви? Лесно дека е?

    Иначе и преголема отвореност може да е токсична и да гуши.

    Ааааа сеа читам ја тука, колега, жена на колега? :?: И целиов тоналитет на мислењата ко да укажува на некаква љубомора? :smirk:
     
    Последна измена: 5 октомври 2025
    На Panda00, Mumoftwo30, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.943
    Допаѓања:
    10.004
    Пол:
    Машки
    Зар сите ли треба да бидеме копии на вас, гласни, друштвени и секогаш во центар на вниманието?
    Не ми е животна цел да бидам програма за забава :nod:

    Не сите сакаат да живеат во реално шоу. Некои од нас сакаат мир, не постојан циркус околу себе. И да, страшно ви е кога некој сака мир, тишина и простор, реално нели? :^)
    Не секој е роден да биде во центарот на вниманието.
     
    Последна измена: 5 октомври 2025
    На SummerGirl, Panda00, Raven22 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Машки
    Штета што се познавале само 2 недели пред да се земат :(
    А оваа лисицата го излажала твојот кутар другар, тој сиротиот за тие 2 недели пред да се земат не успеал да процени дека она е таков интроверт. ;(
     
    На Polyincognito и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    11.435
    @Scorpio991 Според мене,

    На твојот колега не му смета неговата сопруга и убаво е да се види дека има разбирање за неа, наместо да ја тера да се дружи со луѓе :*:

    Од друга страна, и жената е во право. Не треба секој да се прима дома, особено па не колеги кои нејзе после по форуми ја нарекуваат "госпожа кринџ" под превезот демек дека сакале да ја разберат подобро интровертноста, мај ес (heidy)

    Ова повеќе ми личи на желба за оговарање и мака што колегата си ја ставил сопругата пред вас. Е јбг, as he should :*:

    Крај краева, тој е ваш колега, не таа. Па и не прави разлика што ве оставила сами да си поседите само колегите :pizza:
     
    На SummerGirl, Panda00, Raven22 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.065
    Допаѓања:
    17.144
    Пол:
    Женски
    Краен интроверт си бара интроверт. И обратно. Додека луѓе амбиверти, може да се прилагодуваат и да не им пречи тоа при изборот. Ова е и те како пресудно меѓу двајца луѓе кои треба да започнат нешто, ама тоа твоето „и да ги има насекаде“ не секогаш значи екстровертност заробеност со интровертност. Туку, порив за нешто и некаде - да си виден/а. Его, истакнатост, влијание. Јас па не знам како коментирате отстрана за луѓе кои сами знаат зашто избрале да се заедно, па коментирате некомпатибилност? Или едниот од нив ви продава приказни како нема слобода како личност?
     
    На SummerGirl, Panda00, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    42.069
    Пол:
    Машки
    Зошто секогаш се форсира ние интровертите да ја напуштиме комфорт зоната? А никој никогаш не им вика на екстровертите пример да се стишат малку? :^)

    Секогаш истите муабети: "Аааа треба да излегуваш почесто, да зборуваш повеќе, да се дружиш... "

    Никогаш, никој, никаде не им рекол на екстровертите за промена да си го држат разговорот во себе? Не мора се што ти дошло на ум, тоа и да ти е на друм.

    Некогаш како интроверт се што сакам е мир и тишина, а не некој да ми брмчи и брмчи како навиен.
    Не сакам да одам никаде. Не сакам да се собираме. Немам енергија да слушам. Не ми е гајле што зборува некој. Не ме интересира.

    Ваквиве напори би ги казнил да седат во тивка соба, без музика, без бука, без луѓе 3-4 саати, сами со себе. Ќе полудат. :)
     
    На Tulip023, Eunoia, Raven22 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.933
    Допаѓања:
    136.035
    Пол:
    Женски
    Некои немаат разбирање.
    Сите знаеме да кажеме да се излезе од таа зона, но после 23545790 животни бури и не е така лесно да се направи тоа.
    Понекогаш мирот и тишината се непроценливи. Човек треба да се опушти, ресетира.
     
    На Alex.T, Billy Idol, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    18.358
    Пол:
    Женски
    Пошо не можат да не' сфатат, не се ни обидуваат.

    Интроверт секогаш ќе има разбирање за однесувањето на екстровертите, ќе проба да се стаи на нивно место, нема ни да осудува, додека другиве никад нема да не' разберат.

    Мислам и дека интровертните особи имаат тенденција да се мнооогу повише интелигентни, пред се на емоционалната интелигенција ќе ставам акцент.

    Пример тетка ми, скоро ми споделува како неа и' било супер удобно да се здружи со секој, конкретно со цел автобус од групата си праела триста муабети ко да се знаат 100 години, додека пријателката била помирна, поќутлива, па автоматски ради тоа не и' праеле муабет и не ја викале нигде.. Ја нарече безобразна (facepalm)

    И за мене се однесува ова, пошо у поише наврати ми има отворено кажано, као како моеш да си толку затворена, дистанцирана и дивтар :drunk:

    Не се замараат да разберат, и тоа е тоа, само игнор, не ни вреди да се троши енергија, оти е залудно.

    А еве и мене богами ми е тешко да укапирам како може бе човече така со сите да можеш? :?: Од каде енергија за све тоа..

    Чудак сум ако одбирам да си се повлечам и изолирам со слушалки во уши, и едноставно да исчезнам од светот?
    Толку ли е тешко да се прифати дека секој си е свој и различен, и секој ужива на свој начин?

    Од 'бучава' само музика бирам, мислам дека ние интровертите на посебен начин сме приврзани со неа, све друго на мјут би стаила.
    Ни потреба, ни желба, ни сила, ни енергија имам да бидам гласна, впечатлива и упадлива.

    Ќе скренат гарантирам.

    Има луѓе не можат да не искочат од дома макар и се шлаеле низ улиците у маало. Мора да се раздвижат, да сменат средина, место не ги држи.

    Коа беше карантинот воопшто ама воопшто не ми беше тешко, оти да не зборам колкав период сум поминала без никаде да искочам, ќе ме напраат за лечење дека сум :bug:

    Или за зборењето, можам уста да не затворам, да комуницирам на долго и на широко, (таму кај што ќе осетам комфорт), а можам и да заќутам и збор да не проговорам предолго, буквално ко безгласна буква, па ќе речат оти со клешта ми ги ваделе зборовите |(

    Не, туку вие не знаете ко прво како да сe снајдете со комплексен карактер, немате пристап, и ко второ немате капацитет, ниту волја да ги разберете поинаквите од вас.
     
    На Tulip023, Alex.T, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    26.114
    Треба да се има свест и повисока емоционална, а богами и општа, интелигенција за да ги укапираш тие нешта, да разбереш дека не се сите луѓе исти и дека не мораат да бидат.

    Болдираното поготово; не, не морам ништо да правам освен тоа што мене ме прави среќна. Нели тоа е поентата на животот? Да си среќен? Зошто МОРА повеќе да излегувам и да се дружам ако не сакам? Ако тоа ме прави несреќна? Намерно ќе се правам несреќна за да некој не ме смета зааааааа што? Чудак? I could care less.
    Не ми кажувај што треба да праам у животот. :D
     
    На SummerGirl, Billy Idol, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.981
    Допаѓања:
    184.302
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol зошто екстроверти се гласно мнозинство (нз колкав % се, ама гласни се ко да се мнозинство) и диктираат социјални правила. :D
     
    На Tulip023, SummerGirl и JasBee11 им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.663
    Допаѓања:
    61.888
    Пол:
    Женски
    Јас сум повеќе амбиверт од интроверт, но ме нервира кога ми велат дека сум срамежлива. Nah bro I just don't like you that much или не ми даваш добри вајбс. :?: Не мислам дека секој заслужува да ја знае вистинската јас. Кога сум меѓу луѓе кои не ми се погодени знам да си летам со паметот во други светови (она што ми е омилено додека сум сама). А меѓу "мои луѓе" да ме види некој од страна ќе мисли дека сум екстроверт. :D
    Многу екстроверти немаат баш разбирање зошто не си најгласната личност во група луѓе. Но едно ќе признаам веројатно полесно си поминуваат во животот. :)
     
    На JasBee11, nextredstyle, Purpleheart и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.070
    Допаѓања:
    39.894
    Пол:
    Женски
    Интровертите (и јас сум една од нив) често се осудувани од околината заради нивниот начин на живот. А од другата страна не е така. Ние не ги напаѓаме нив. Често сум мета на критики затоа што не сум друштвена.

    Не ги разбирам како не им е досадно често да бидат со луѓе. Не сакаат приватност?

    Јас не гледам потреба да ме има секаде и скоро секој ден (или секој викенд) да одам некаде. Поубаво ми е дома да седам. И да бидам со семејството. Се дружам, ама ретко. Повеќе ме опушта да излезам со маж ми, отколку со пријатели. Децата ретко излегуваат со нас. Или дома да гледам филм, серија или да слушам музика. Не сакам иди ми дојди ми. Средбите со пријатели почесто се надвор. Дома сакам да си одмарам. Не сакам собиранки. Ми пречат гужви и галами.
     
    На Alex.T, Panda00 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    5.096
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да се дружам со луѓе, уживам навистина кога сум надвор, ама имам социјална батерија што брзо се троши, особено ако сум опкружена со луѓе што премногу зборуваат а малку кажуваат...just get to the point dude..И верувам во изреката дека не мора се што мислиш да кажеш
     
    На Alex.T и Panda00 им се допаѓа ова.