Jадење по нарачки се што треба да посетиш дома да ти доага усте сонце да си купиш во соба вештачко и топ да не биде само како Кими филмот.
Најубаво ми е сама кога сум, целосно сум исполнета тогаш. Колку и да се дружам, да бидам со луѓе не ми е тоа тоа како да не сум јас тоа.
Дали само јас, како што врват годините не сакам мн луѓе? Онака една, две другарки имам. А и сама ми е ок некогаш. Како да не сакам да запознаам нови луѓе....
Не си само ти Со текот на годините многу луѓе природно го намалуваат кругот и бираат квалитет наместо квантитет. Кога човек може да ужива сам со себе, тоа обично значи дека е исполнет и во мир со себе. Не е дека не сакаш луѓе – туку знаеш што ти одговара и не ти треба постојано ново друштво за да се чувствуваш добро. И тоа е сосема во ред.
Мислев дека сум единствена, и чудак.. Едноставно сама или со семејството. Посебно не можам да се напрегам со луѓе кои не ми одговараат. А баш пред мене и во околина ги гледам сите се постојано со некој, одат, им доагаат како на автобуска станица За мене ова е ноу, ноу Си велам јас нешто не сум како што треба По обврски или главата ми е во книгата, во градината, или некаде сум на пешачење
Не е воопшто чудно, реално не има многу вакви луѓе кои не сакаме галамење за се и сешто, мене како и да ме гуши таквиот круг на галама буквално. А некој ете сака гужва шо е сосема ок, а некој како нас си ја полни енергијата во душата со мир и тишина, хоби, книга, природа или нешто друго
Јас и ти сестри да не сме случајно? Што и да пишеш во се се пронаоѓам. Јас сум голем антиталент за луѓе воопшто не ги привлекувам, ама воопшто ич, нула. Еден куп колешки имам со сите зборувам ама од тоа повеќе нема една точка и толку. А многу сме вработени од толку многу јас со никоја не можам да се зближам, ем сакам ем не сакам. Имам една познаничка во болница беше 2 месеци и таму се спријатели со една дури и дома си доаѓаат а живеат од еден крај на друг крај на државата. Не знам таква ли ми е звездата што ли е работата, ама на крајот на денот пак си сакам сама да сум. Ај најдете ми нзс
Исто, ама јас и кога започнувам муабет никогаш не ми е што, кој, каде, зошто за некоја трета личност и не сум им интересна. Последно пријателка сретнав во град од тој пола час што постојав добив тахикардија оти муабетот и беше за личност која ја оговараше а јас не можам и не можам такви муабети да вртам. Ми ствараат немир, нервоза, и кога слушам мозокот ми го тупат. Плус другарка пријателка треба да ни е за наши работи искрено да си разговараме, не за околината трачеви да споделуваме кои не треба да не засегаат. Скоро секогаш сум сама и се помирив со тоа. Ах да и на лугето им изгледам крената, дигната. Ама како да поздравам некој кога го слушам како намерно ме оговара и утре добар ден да му велам, не се расправам ама не ми ни треба таков Многу згрешив што не купивме куќа на излез од градот, така ептен ќе уживав во самотијата
Јас и затоа на работа не сум блиска со никој само една со друга се оговараат, лице си прават. А јас мразам да оговарам тоа ми е беспотребно губење на време. Баш за новогодишната прослава првпат отидов и цело време оговараат со сила морав да зборувам воопшто не ми беше убаво. Јас пак и лице на никој не можам да правам одма на секој јасно ќе му биде дека тој не ми се допаѓа. Или срце душо на некој да речам ајј нема шанси. Тумрук сум голем.
Оо убава тема. Мене не дека не ми фалат луѓе ,ми фалат ама ЛУЃЕ Од друг град се омажив дојдов тука таму имав една другарка и некои така друштво за да се рече ама со оваа една нон стоп да бевме заедно не ми сметаше ,секогаш разговорот бил или за нас ,наши проблеми глупости среќи или за книги ,филм.. Шетавме без планови унапред итн. Тука со кој и да се здружев абе за неколку месеци пиздарија,или ќе те издаде или ќе ти направи сплетка некоја... И се откажав ,кафе само со кумата и уште една комшивка ама без продлабочување на теми. Онлајн имам една другарка со неа се ќе си кажам ама си треба во живо не е исто чкрапањево... А таа што ми беше исто се иссели ,странство фати и таму колешки пријателки работа ,на реелс праќање ни се сведе комуникацијата што многу ми е жал ама се уморив само јас да се трудам.