Tи се придружувам . Него интровертчиња ме интересира дали сте deep thinkers? Имав идеја пошто интровертите многу нешта задржуваат за себе во својата глава во свет полн со small talks и бош муабети темава да се прошири/акивира да се пишува што ви лежи на ум/срце во моментов или отсекогаш од интровертна перспектива ако тоа има смисла,пошто нели такви слични теми си постојат веќе на форумов.Што мислите? 19 Things Introverts Would Rather Talk About Than Make Small Talk https://introvertdear.com/news/introverts-small-talk-rather-talk-about/
Не само deep thinker туку и overthinker сум. За жал. За било кое сценарио ќе ти ги смислам сите убави и неубави исходи. И после и исходите од тие исходи. На кратко многу си го трошам мозокот без потреба
Исто. Мада со тек на време се научив како да го користам тоа позитивно и да се приземјам (колку можам) гледам ако не можам да направам ништо во врска со тоа да не се преоптеретувам што за мене/што за други. Овде ми текнува и на уште едно прашање што си иде поврзано а тоа е развиената емпатичност,па да ве прашам и дали сте (чак и превише) емпатични и искуства на тоа поле? На пример секоја неправда ми иде на живац (сеуште) но порано го носев светот на грб али буквално што ми одзимаше многу енергија. Да ми текне што попрво и ќе напишам што ми е у глава од толку нешта неможам да се одлучам
Да и емпат сум. Прекраснотии Едит: Всушност ова ми е голем товар. Секој треба да има емпатија, ама некако кога премногу сочувствуваш, како освен своите да ги преживуваш и проблемите на другите. Искрено почнав да се дистанцирам од луѓе кои зборуваат исклучиво за своите и туѓите проблеми. Знаете оние вечно негативни луѓе. Не морам да знам за проблемите на третиот братучед на твојата комшивка. Додека за нив тоа е small talk, мене ме оптеретува. Повеќе сакам времето да го поминам со конструктивни разговори со пријатели.
Да, ептен deep thinker сум ама и overthinker како што кажа форумџиката над мене. Сакам да зборувам за важни работи, за наука, за универзумот, за желби, соништа, амбиции, стравови, смислата на животот, зошто е некој таков каков што е, за детството и сл. Затоа и не ми оди баш најдобро зближувањето со луѓе. Со повеќето не можиш да заклучиш дали се од доверба за да правите муабет за такви ствари, а некои едноставно освен трач, непотребно жалење, муабет за временска прогноза и слични плитки муабети не знаат за друго да зборуваат. Такви беа (и уште се) бившото друштво. Но кога ќе наидеш на човек што е како тебе мислам дека многу лесно е зближувањето оти сте на иста фреквенција. Многу ретко ми се случило ама вреди премногу. Посакувам да имам такви пријатели.
@Amellie13 Сосема те разбирам. Не само што не ме бива за small talk и временска прогноза, туку ми ја црпи цела енергија. Имам неколку пријатели и пријателки со кои дискусиите "на кафе" ни се баш вакви како што ги опиша. Нема еден разговор да не прерасне во некоја длабока дискусија за размислување. Повеќе би сакала и тука на форумов да се дискутира на тие теми. Не дека не треба да има и полабави теми. Па предлагам ако имаме идеја за такви теми, да ја отвориме тука или живнеме некоја стара. Секогаш е добро да се развие дискусија
Потпис на болдираново .Тоа и ми беше поентата наместо да живнуваме стари теми можеме тука да пишуваме/дискутираме
Да се согласувам, па ако има потенцијал за поголема дискусија, може и да се отвори нова тема Со цел и тие што не го читаат интровертсково наше катче да дадат свое мислење ако е некоја покомплексна тема што може да се разглобува
Многу размислувам,и добри и црни сценарија вртам по цел ден. За small talk сум,но само со одредени личности.
Епа ајде јас ќе почнам нешто што последно време го размислував. Дали мислите дека цел живот ни го диктираат моменти и одлуки. Не знам дали сте го гледале Mr. Nobody, ама точно оваа тема ја обработува. Ќе дадам пример, надвор од филмот зашто ви препорачувам да го изгледате. Да речеме се наоѓате во точка во вашиот живот каде избирате дали ќе се запишете во едно или друго школо, или ќе прифатите понуда од една или друга фирма. Опциите ви изгледаат поприлично еднакви. Дали сметате дека таа одлука сама по себе има домино ефект на вашиот живот? Колку сметате дека моменти ни го дефинираат текот на животот? Ќе ви дадам предност да пишете, па ќе се навратам и јас со мое гледиште
@nightingale Го пуштив трејлеров, филмов/прашањево баш е deep Напиши твое гледиште па ќе се надоврземе пошто морам добро да формирам deep одговор за ова а не сум во можност моментално.
И јас се пријавувам во клубот на overthinkers. Да знаете само какви филмови си вртам во глава секој ден, не ми е рамен ниеден режисер. Ужас... Знам колку е без врска. Непродуктивни грижи... Во ред е да се размислува однапред и да се планира ама не секогаш да се мисли на најлошото. Сакам да имам секогаш и план Б, по можност и план Ц. Искрено, ме уморуваат овие мисли. Често не спијам навечер зашто размислувам за утре, за задутре, за следниот месец... А deep thinker сум, но за теми што ме засегаат, што ме интересираат. Е за тоа можам да се задлабочам и да зборувам со часови, да истражувам, да пишувам. Ако нешто не ме интересира, не трошам ни секунда на тоа, дури и ако е потребно. Имам грижа на совест ако одмарам, ако не правам ништо. Не сум способна многу многу за релаксација. Екстремна личност сум, одам од крајност во крајност. Сиво нема, за мене е или црно или бело. И не сакам small talk, воопшто.
Да, многу длабоко е прашањето, а богами и филмот Јас сеуште немам цврст став по тоа прашање. Подеднакво верувам и се двоумам во тоа дека секоја одлука влијае на се понатаму во животот, но и дека некои нешта едноставно се надвор од наша контрола без разлика на се. Ќе образложам понатаму зошто. Најпрвин, зошто сметам дека има моменти кои ни предетерминираат исходи во животот. Ќе почнам од почеток, зачнувањето. Пример за момент на генетска лотарија што освен што ти диктира како ќе изгледаш, диктира и дел од психата и карактерот и здравјето на индивидуата. Сите генетски предиспозиции кои биле под знак прашалник со поврзување на две клетки автоматски имаат домино ефект на практично целиот твој живот понатаму. Ќе продолжам со детството. На него се фокусира добар дел од психологијата, со причина. Сите прилики и неприлики од детството влијаат понатаму на оформувањето на карактерот на возрасната личност. Тука секако најголемо влијание имаат континуирани процеси како воспитување и образование. Но, да речеме имаш избор школо А и школо Б. Го избираш школо А зошто ти е поблиску до дома. Можете да замислите колку луѓе потенцијално не сте запознале со самиот момент на избор на школото А. Не дека не постои шанса дел од тие луѓе да ги запознаете во иднина, но шансите се големи дека најголем дел од нив нема ни да знаете дека постојат. Замислете ги сега сите потенцијални влијанија, позитивни и негативни кои тие луѓе би ги имале вез вас. Јасно ми е дека ова е малку апстрактно, но сепак сакам да ја доловам важноста на тој момент на избор. Замислете сега колку такви моменти ни го прават животот. Не само избор на партнер, кариера и слично. Тоа се големите избори. А што е со малите избори кои секојдневно ги правиме? Безбројни се можните исходи кои би биле и не би биле. Сега другата страна. Дали без разлика на овие моменти кога животот ни се разгранува во една или друга насока, секогаш ќе има детерминанта која ќе се случи или не. Дали навистина нашите избори имаат толкава моќ, или тоа е само нашето рационализирање на случајностите? Искрено немам одговор Но би сакала да читнам што мислите вие Понатаму ќе се надоврзам со уште неколку примери за кои во моментов немам време
Да, само јас не изгледам толку добро по дома. Messy bun-от ми е стварно messy. Плус додај ги подочњациве и пиџамава горе и доле различна Да се насмееме на моја сметка
Здраво девојки, Дојдов да ви се приклучам во клубот. Доста интровертна и затворена личност сум, иако некогаш сум се прилагодувал на околината и сум гледал да се мимикрирам меѓу луѓето. Но, луѓето ми ја цицаат енергијата и не ги сакам во сопствена близина. Поради таа моја повлеченост, многу прилики и личности имам пропуштено во животот. Освен оние, стари другари кои ми се цел живот околу мене и ме знаат каков сум, другите не ме прифатиле на долги стази таков, или пак моето често одбивање ги поколебало и се повлекле. Сигурен сум дека, да не бев интроверт ќе бев далеку поуспешен во животот како на социјално, така и на приватно поле. Имало доста луѓе со кои ни кликнал разговорот и сме поминале одлично време заедно, независно од тоа дали било пријателски или пак можело да биде повеќе, а јас од необјасниви причини да постанам пасивен и да се повлечам. Таквите знаеле да ме прашаат по некое време каде сум се "изгубил", зошто сум ги "одбил" итн итн, а јас немам одговор, туку едноставно така било. А дека сум сакал да одржам контакт со нив, сум сакал. За посреќен, не знам дали би бил ако сум ги задржал во животот. Јас сум среќен и овака и скоро никогаш не чувствувам досада иако знам и седмици да поминам сам и да имам контакт со луѓе само кога морам. Да не се обврските, веројатно би имал и помалку. Мојата интровертност, некогаш се граничи и со некоја блага депресија, параноја, па така сум имал случки кога сум се чувствувал параноично низ група луѓе, сум избегнувал такви места. Пр. Ако треба да одам во бутик кој е преполн, знам да го променам планот и да не влезам внатре само поради тоа што имам некое чувство дека сите тие луѓе гледаат во мене. Некогаш оди дотолку што сум знаел да се возам уште неколку станици повеќе со автобус, само и само затоа што ми било незгодно да го прашам оној што седи до мене, да се помрдне, да станам... На факс, ако стоела некоја група на студенти кои не ги познавам, сум знаел да застанам на страна и да си стојам така без да проговорам нешто со нив. Не дека имам проблем или ми е тешко да проговорам и да се умешам, ако сакам, можам, вешт сум во тоа, но не сакам, немам потреба од тие small talks. Сум се борел со тек на времето против овие појави, бидејќи реално, ми го отежнуваат животот. Некогаш успевам да ги сузбијам до одредено ниво и да бидам поотворен кон светот, а некогаш пак запаѓам повторно во летаргичност и се повлекувам во себе. Сте имале ли и вие слични проблеми? Како сте се справувале со нив и дали истите ви претставувале пречки во секојдневното живеење? Не знам дали сте се тестирале на тестот за кој од 16 карактери поседувате. Јас сум типичен INTJ, што кажува многу за тоа зошто сум баш оваков.
@Billy Idol Добредојде Да те прашам дали имаш некој трауматичен настан по можност уште во рано детство и искуство со bullies што има допринесено за ова? Oва болдираново слатко ме насмеа замислувајќи те
@nightingale Eве ме мене со мојот deep одговор. Ме стави во мисла цел ден ,обожавам кога тоа ќе се случи. Дури постов го пишувам со потточки за да запамтам/запишам се што мислам околу ова прашање Укратко прво да кажам дека верувам во некој запишан пат (дури и ги изучував/ив ѕвездите и астрологијата за да се уверам во ова јер written in the stars и да има нешто дефинитивно како што спомна некој веќе во темава @Ambitious секој си е прича за себе и исто како отисок од прст си има своја космичка слика и судбина/причина/пат)судбина како год но исто така верувам и во слободен избор. Е сега ова другово и те како ме мачи поготово што знам да бидам баш неодлучна(затоа што во се гледам добро и потенцијал) а и моментално сум и сама во таква ситуација да се думам за голема одлука-преселба од државава мош мислит. Се сеќавам во еден филм еден од ликовите прашува ''How does the story end? На што друг му го вели ова Only the jоurney is written not the destination. Ете во тоа верувам.Како што и сама рече ги немам сите одговори но верувам во нешто повеќе,некогаш помалку некогаш повеќе сум била и атеист но кога ќе вратам филм интуитивно отсекогаш сум верувала во ова .Животот го гледам како еден експеримент во кој се истражуваш/спознаваш/надоградуваш/ најбитно живееш и ситуиациите и луѓето околу тебе допринесуваат за тоа како и ти за нив.Така што не сакам да се замарам и верувам во случајности/грешки јер на грешкама се учи и небитно дали покасно/порано или на време, со успони и падови,грешки и поуки верувам дека секој ќе стаса таму каде што припаѓа.И да има една кинеска легенда која го вели ова доле. Овде се мисли на сродни души(љубовни партенри ) но мислам дека секој си има свое племе/home team кое што му е пишано како и особи кои ќе ти се појават на патот за кратко/долго но не остануват но со некоја причина.