Toa e нормално и е дел од survival mode на мозокот откако и сам ќе искуси човек негативни искуства или гледа околку него во свет кој знае да биде суров, да сака да се заштити и треба до одредена мера, се додека не премине во беспотребна параноја секако
Понекогаш 24 часа губев на мислење на само еден проблем.Исцрпувачки ми беше. Сега игнорирањето вреди.Раатот ми е поголем.
Има повеќе канали на YouTube што ги следам, и мислам дека луѓево даваат корисни совети во врска со претерана загриженост, непродуктивните секирации и overthinking. Ќе споделам со вас неколку што ми помагаат кога мислите ми се ептен во хаос:
Јас, кога сум се договорил да излезам со друштво после цела недела натегање и ќе ѕирнам низ прозор, а надвор киша лије, истура.
Понекогаш доволно ми е само мачешкото друштво. Тргам лоши мисли на страна.Доста се труев. Моментално дождов прие.Дома сум си и не морам да слушам 300 глупости.
@INNERBEAUTY, е јас сакам вечно лето и ведро небо Обично, тмурното и дождливо време ме прави безволна па дури и ми создава некој немир. Да не зборуваме па за зима и снег... Никаде не ми се оди кога има снег надвор и ништо не ми се прави.
Јас обожавам дожд и тмурно време, ме прави среќна, особено кога немам обврска да одам некаде. Ама и сонцето си го сакам, за шетање ми е совршено.
@prominent И кај мене делува така тмурно време(без дожд) ама дожд си сакам било која доба и сезона јер romantic се додека не ја претера . @nextredstyle Исто.
Едно прашање надвор од темата со времево: Има ли тука хипохондрици, претерано опседнати/загрижени за здравјето? Мене овој проблем ме мачел отсекогаш. Опседната сум со секакви болести/симптоми/сама си измислувам и си правам паника, а од паниката ми се создаваат уште повеќе симптоми итн, маѓепсан круг е...
Eве ме. До пред неколку години развив и панични напади поради ова(од гуглање). Од тогаш се решив да ги превземам работите во свои раце и контрола колку можам и не живеам во страв и започнав со здрава исхрана.
@INNERBEAUTY Леле, панични напади... баш пишував сега во таа тема. Често ми се случува да се разбудам вознемирена, па се прашувам што ми се случува, срцето почнува да ми чука забрзано, имам грутка во грлото, и самиот страв создава уште повеќе симптоми... И така човек се врти во круг. А д-р Google е голем непријател и треба да се држиме подалеку од него во такви моменти. Инаку човек може да се доведе до лудило сам. Никако гуглање на симптоми. Кога ќе ми дојде потреба да гуглам симптом едноставно си влегувам на Фемина или на YouTube...
@prominent Ух тука ќе го напишам мислењево не ми се влегува во таа тема од трауми се надевам некако ќе помогнам.Интересно, логично е интровертите да се повеќе склони кон панични напади баш од причина што истите се повеќе склони кон overthinking нели го праевме муабетот така да и не сме off-topic претерано. Паничните напади се знак дека балансот ум-тело-е нарушен дали едно дали заедно во мојот случај се решив се да мењам од корен пошто не бев 100постотно сигурна што точно ги причинува..Тогаш беше и кризата во мк баш владееше негативна атмосфера и енергија во воздухот буквално се исклучив од се ако неможам да го мењам нема за што да губам живци за џабе(буквално) Коренот е некаде дали потсвесно/живеење во страв/стрес/начин на (пре)размислување /физички/околина понекогаш и сосем нешто трето и навидум неповрзано а може и се заедно горенаведено но постои и најбитно е да се најде и одстрани/знае као да се перципира и резонира правилно(поготово за време на паничен напад) зошто се додека стои недопрен ќе се повторува зачараниот круг. При панични напади се препорачува со рака да се допира било што во близина за да се ''приземји'' умот. Алкохол/кафе и цигари како и нездрава храна се тригери и треба да се избегаваат. Ако ми веруваш за неколку месеци го решив проблемот и сега знам како да гo контролирам бидејќи иако умот знае да ти прави триокови ти и само ти си во контрола за исти.Поентата е да се врати умот и телото во баланс и нормала.
Мене ме мрзеше да пишам. Ама си го памтев то со возењето автобус. Јас место да слегвам покасно, развив нова стратегија. Прво не седам на крајот. Кога почнува да е гужва станвам во делот за испраени па да не мора 5 страници уназад да смислувам реченици во глава.