Здраво на сите, имам едно прашање кое ме засега и може некој знае одговор кој многу би ми помогнал во врска со новото правило за пасош со моминско презиме. Баш кога прочитав дека стапува во сила ова ново правило добив и фамилијарна виза на која стои моето моминско презиме и за која чекав три месеци и треба да заминам кај сопругот кој работи во странство, а барањето за виза го поднесов со пасошот на кој ми стои моето моминско презиме и сега читам дека нема да може да се напушти земјата со пасош со моминско презиме. Се омажив пред неколку месеци и кога го менував презимето никој од службениците во полиција не ми даде информација дека треба да ги сменам сите мои лични исправи. Дали има некој слично искуство или информации за ова. Значи имам нов биометриски пасош на кој стои моето моминско презиме и во овој пасош имам фамилијарна виза со моето моминско презиме. Дали ова значи дека и штотуку добиената виза и пасошот ми се неважечки и треба да поднесам барање за нова виза со новиот пасош кој процес трае со месеци и морам да бидам разделена со сопругот заради тоа??? Апсурдно. Вакви нови правила се најавуваат однапред со месеци, за да граѓаните навреме си ги средат документите, а не просто читаш дека од денеска пасошите не важат и нема излегување. Дали ако пробам да излезам со мојот пасош и виза со моминско презиме ќе ме врата на граничен премин. Имаат на граничен премин пристап до вакви податоци, кој сменил презиме и сл.?
казна за ново презиме со стар пасош и Јас ја добив таа информација ете затоа што брзо ќе се мажам а имам нов пасош многу ме интересираше дали ќе можам да си го искористам ова лето стариот. Значи што имам дознаено како информација... Ти можеш и 10 држави да поминеш никој нема да знае дали си мажена или не ќе поминеш без проблем граница и се тоа, но следен пат кога тогаш ке треба да вадиш нов пасош, е тогаш ќе се соочиш со последиците казните се од 100-500 евра. Е сега ако толку се чека и треба да идеш јас би одишла па мислам дека ни 500 евра не би ме сопрела да се видам со маж Меѓутоа распрашај си се убаво
казна за ново презиме со стар пасош Откако ќе го смениш презимето, треба во рок од 30 дена по промената, да се јавиш и да закажеш за промена на презиме во лична карта, потоа менуваш и презиме во пасош, па возачка итн. Сега не знам дали прво правиш промени во извод, мислам дека така оди, па после поднесуваш нов извод за лична карта, па лична карта за пасош. И мене ми е биометриски пасошот и сега коса ми се крева кога ќе помислам колку ќе треба да дремам по шалтери и да ме мотаат де оди ваму, де оди таму. Денес или утре ќе се јавам да закажам па ќе пишам како сум поминала. Казните се од 100-500 евра.
казна за ново презиме со стар пасош Jana83, на пасошот убаво си пишува дека секоја промена на личните податоци повлекува и задолжителна промена на личната исправа во рок од 30 дена. Ова не е ново правило, отсекогаш го имало, само сега станаа малку построги во однос на тоа, бидејќи многумина не ја извршиле таа промена која е задолжителна со закон. Еден период долго се чекаше за промена на документите, па многу млади невести го оставија тоа за понатаму - и сега на сите ни се удира од глава. Јас во април си го сменив пасошот (година и пол после свадбата), ама тогаш и ми истекуваше, па не платив казна. Ама личната карта ја сменив веднаш после свадбата, и тоа донекаде ме спаси од плаќање казна. Немаш друг избор, ќе мораш да го менуваш и пасошот и да поднесеш ново барање за виза. Треба да имаш ептен ептен јаки врски за да го избегнеш тоа, ама кога ќе се вратиш тука, не верувам дека нема да платиш. Инаку, дали ова важи и за возачките дозволи? Мене не ми е сменета, ама пак, не ни возам ЕДИТ: Мислам дека во компјутер се заведени промените, и дека дури и на граничните премини им се достапни. Ама, не сум 100% сигурна за ова.
казна за ново презиме со стар пасош Јас сега во јануари си ја сменив возачката, после 6 год. брак. Цело време си ја користев старата, а таа ми беше со моминско прњезиме. Ми истече и си ја сменив, не платив никаква казна, ама до душа не сум ни возела надвор од МКД.
казна за ново презиме со стар пасош Мораш да ја промениш и возачката бидејќи кога те сопира полиција покрај возачка даваш и лична карта на увид, а кога вадиш возачка даваш лична карта на увид. И тоа е документ, и за него се поднесува барање до МВР и како и кај лк и пасош и тука ќе те казнат парично. Нема врска дали возиш внатре или надвор од државата, мораш да ги смениш. Туку ако ти е од тие црвените ти и онака мораш да ја замениш со нова до октомври 2012 (не знам дали има промени во рокот), па ако имаш сменето презиме во лк нема да ти биде дополнителен проблем, и онака ќе мораш. А ќе морам и јас
казна за ново презиме со стар пасош Имам нова возачка, биометриска... ама ич, ич не возам... ни овде, ни надвор... вака или така, казна ќе ме стигне... оф оф... ајде, тоа е.
Јас веќе една година го имам променето презимето, а пасошот ми е со моминското презиме. Во текот на оваа година, сигурно 15 пати имам излезено од Мк (до душа само во Бугарија, бидејќи работам на меѓународен проект кој бара 1-3 месечно посети во Бг.) Досега никаков проблем не сум имала. Сега ве читам и искрено да Ви кажам, ме засекира ова со казниве. Маж ми работи во полиција и баш кога ја менував личната карта убаво прашавме, треба ли да се мени пасошот ( биометриски е и важи до 2014), и одтаму рекоа, па ако сакаш смени го, ако не не. И јас си сватив здраво за готово и не го сменив. не знам што да коментирам повеќе...цела сум со прашалници???
Е тоа е ТОА што ме изнервира - што никогаш никој не ти рекол Не, пасошот, иако биометриски, НЕ ТИ ВАЖИ АКО ИМАШ ПРОМЕНА НА ПРЕЗИМЕ, оти реално, никаде во светот не ги интересира какво презиме носиш на пасошот. Во нив нема ниту адреса која кај нас „ако се промени - мора да се пријави, за да се извади нов пасош“! Значи, самите не` тераа во амбис (наспроти законот, кој не го ни објавија како што треба) преку ноншалантност и несериозност кон ова прашање, за сега да не` направат најголеми криминалци кои патувале низ светот со “непостојно презиме“ (?!?!). Па затоа е бре биометриски, ти знаеш за мене повеќе од што знае мајка ми!! Подло подло подло....баш пред одмори, кога сите веќе имаат уплатено, сега и казни од по 500 евра ќе треба да плаќаме ако сакаме да одиме на море...... Ехххх, да ја немав ќерка ми, чоек да не сум ако не одев до крај - ма каков тој бил. Сигурна сум дека за некој месец (читај: после одморите) законот ќе падни на Уставен, па ќе биде као Ај добро, не мора да плаќате казни, ама сменете си ги документите.....е ќе пукнам значи, банана држава!
Нема чекање, веднаш ти закажуваат. Се чека само додека ја добиеш готовата исправа. Мене ми закажаа од петок за вторник кога вадев нов пасош. Инаку, другарка на братучетка ми си плати ко попче, 500 евра, ни повеќе ни помалку... имала неколку излези од земјава со пасошот со моминско презиме, ама мислам дека таа повеќе од две години е мажена (не сум сигурна). Моира, јас мислам дека со ова користат да соберат што повеќе пари - сите дигнаа раце од менување документи во периодот кога беше задолжително да се менуваат личните карти и пасоши, нели биометриски мораше да се имаат до февруари 2012, па многу се чекаше. Па кога рекоа дека нема потреба сите да ги заменат документите, стана полабаво - и тоа максимално го користат. Само за пари е, ама баш само за тоа.
може ли некој од овие напатени феминки да ми пише како се прави измена на изводот со новото презиме??!!...значи имаш првен промена на извод па да вадам нова лична карта на која што основа ќе вадам нов пасош...па после да сменам здравствена?! па возачка
Ама реално, една невеста треба: 1. Да извади нов Извод од матична книга со новото презиме (минимум 7 дена?) 2. Да се јави за нова лична карта - од закажување до земање - 15 дена во најдобар случај? 3. Откако ќе ја земе новата лична карта, да се јави за пасош (оти без неа нели не може). Од закажување до земање уште 2 недели минимум? Со сето погоре наведеното ВЕЌЕ СЕ НАДМИНАЛ РОКОТ ОД 30 ДЕНА. Сами ги носат, сами со себе се косат, ама битно доследно ќе ти наплати 500 евра казна. Удавете се бре! И драги мои законодавци, во оваа држава официјална валута е ДЕНАРОТ, престанете веќе со расфрлување на казниве во евра! Ваквите правила не оддалечуваат од Европа и ниедна цена изразена во евра нема да не` натера да мислиме дека сме се` поблиску неа, ма колку вие тоа го сакале!
Девојки менувајте ги документите, односно пасошите, зошто нема да може да ја напуштите државава ако сте го промениле презимето. Згора на тоа ќе платите и казна. Спојлер МВР веќе нема да толерира лични исправи со стари податоци. Доколку ги промените личните податоци, но не и документите, Ви следува казна од 100 до 500 евра. Ако во рок од 30 дена по промена на името или презимето, до министерството за внатрешни работи не доставите барање за нови лични документи, ќе се применуваат парични казни, согласно Законот за патни исправи. Девојките, кои по венчавката ќе го сменат своето презиме, треба да извршат промена и на личните карти, пасошите, возачки..., а промената на адреса, исто така носи обврска граѓаните да извадат нови документи. Доколку не го промениле презимето на патните исправи, не ќе можат да ја напуштат државата, а ќе платите и прекршочна казна која може да достигне и до 500 евра. извор: Дневник
Во градот кај што си родена ќе поднесеш барање за нов извод заедно со венчалниот лист и би требало брзо да ти дадат. Кај се чека 7 дена (можеби во Скопје), иако реално може за пет минути да ти го направат, ама не... мора да те повлечкаат малку.
Девојки мојот проблем е што јас треба само адреса на живеење да сменам на пасошот. Кога се јавив за закажување ми рекоа дека мора и пасошот да го сменам со новата адреса. Кога отидов во МТВ на информации ми рекоа дека не треба да го менувам пасошот. Не знам што да правам. На пасошот отпозади пишува да се смени ако се менува презиме, ден и година на раѓање, матичен број но никаде не пишува дека треба да се смени пасошот со промена на адресата. Посоветувајте ме што да правам.
A зошто и нов извод да се вади? Па јас не сум родена со тоа презиме, ми нема никаква логика тоа бре. Значи какви глупости не ми се верува. За две недели ќе ми треба нова лична карта, ауф.
Мора изводот со новото презиме да ти биде во документите кога вадиш нова лична карта, мислам дека без тој извод нема да ти го примат барањето. На тој извод ќе ти бидат и старото и новото презиме. Јас имав и одјава и поништена лична карта од СВР од мојот град, бидејќи се преселив во друг град, не знам како е за оние кои остануваат во истото место на живеење.
ајде што уште ке им текне да измислат теба да менувам сега и лична карта и пасош глупости се согласувам дека ова е само заради одморите и само пари да даваме е не ми се верува аман веќе !!!