Јас морав прво лична карта да извадам, после пасош. Не можев да поднесам барање за пасош додека лк не ми беше готова. Сега можеби е сменето, ова пред скоро десет години беше.
Нема да те вратат на граница. Особено не ако патуваш сама. Јас не сменив пасош добри 3-4 години после свадба. Тогаш кога правевме свадба се воведуваа биометриските пасоши и се чекаше мнгоу долго за термин а веќе имавме уплатено за меден месец и така заминавме. Потоа испадна ако имаш еден печат во пасошот се плаќаше огромна казна па си чекав некое време да помине гужвата. Во меѓувреме каде се не бев со стариот пасош без проблем. По неколку години реши да сменам пасош и си отидов, објаснив зошто не сум го сменила толку долго и платив казна од 50 евра. Значи ми испадна како да сум извадила пасош по брза постапка.
Имаш рок од 30 дена да ги смениш , да! Ама во тие 30 дена законски не смееш да патуваш со стариот пасош. И баш така.. . Само да не ти се падне некој терсене. Има да те обричи
Ве молам ми треба помош.Ме интересира колку време трае целата процедура со пасошите(никогаш не сум правела пасош) , ситуацијата е следна ноември прам 18... немам лична карта и пасош, но треба да заминам фебруари , кога би било најпаметно да започнам со подготовка со аплицирање и т.н?
Јас 10 дена по свадбата бев да менувам податоци во полиција. Се сликав само за лична карта бидејќи пасошот требаше да ми истече за некои 7-8 дена. Во меѓувреме патував со него ама ништо немав проблем, пред една недела бев да се сликам за нов пасош.
Од полиција го извадив тоа, од старото место на живеење Ама ако сакаат фер да испаднат може и тие по службена линија да го побараат
A vo nedela rabotat a dali od policija ili od opstina treba odjava od skopje za veles i za da si izvadam licna karta ? Jas sum mazena vo veles i sakam da izvadam licna karta vo veles
Не работат во недела, инаку од полиција се вади Најубаво да одиш велес со тие документи што ги има наведено на страната на мвр за вадење нова лична карта Па може и сами ќе си побараат таква одјава, ќе ти кажат таму Да не одиш џабе по короната да се мафташ
Здраво девојки имам едно чудно прашање можеби вие ќе знаете. Дали е возможно промена на презиме (додавање на презимето од сопругот на твоето презиме) после 3 години брак? Пред три години имаше проблем со презимето на сопругот па си останав на моето, за секој случај. Па сега реков да прашам можеби е возможно да се додаде. Не дека е морално. И моето си е супер. ♥️
Секако дека е возможно. Поднесуваш барање и плаќаш и тоа е тоа Води сметка дека сите документи ќе треба да ги менуваш
Да, претпоставувам... и онака сега ќе ги сменувам сите, па затоа и презимето ми текна. Дали можеби знаеш каде да најдам такво барање или каде да поднесам? Фала ти најмногу ♥️♥️♥️
Девојки ме интересира нешто..потпишани пред 4 месеци со изваден нов извод на родени и венчаница но не и лична карта и возачка.. дали и за ова следи казна и колку е истата?
Јас разбрав дека во рок од 30 дена треба се да се промене, и колку кошта отприлика се и пасош и лична карта и возачка?