За лична карта: Промена на презиме и адреса се прави со изводот на венчани, ако адресата е во истата општина се чека околу 1 ден за одјавување и пријавување на нова адреса, ако е во друга општина малце подолго бидејќи треба да те одјават, па да се пријавиш во новата општина. Само презиме е полесно, исто како за лична карта само што мора фа го носис изводот на венчани. За пасош: не треба да имаш патувано и исто изводот на венчани. И за двете си пкаќаш со картичка и ги пополнуваш образците и основот за нов документи е промена на лични податоци
Поединечно, со тоа што возачката пак ќе ти важи како и сегашната, нема да му се продолжи рокот, а личната и пасошот ќе си имаат нов датум на истекување
Ако по промена на презиме, не го промениш пасошот (а, притоа пасошот не ти треба и нема да го користиш до истекот на рокот на важност) дали следува казна? Кои други документи треба да се променат ?
За промена на лична карта по склучување на брак дали може да се поднесе во општина во која се живеело пред склучување на брак, или треба во новата општина според нова адреса на живеење , т.е друг град?
Доколку ја менуваш адресата на живеење ,од твојата општина бараш одјава и во рок од 8 дена со венчаница и одјавата ,одиш во новата општина за да пријавиш живеалиште. Доколку пак не менуваш адреса на живеење, туку само промена на презиме во истата општина каде живееш.
Здраво, ќе менувам лична карта поради промена на адреса поради брак (само адреса, не презиме). Дали знаете дали ќе биде проблем ако не ги сменам и пасошот и возачката, бидејќи ми се важечки уште неколку години? Пример ако патувам дали можат да ми направат проблем? Фала однапред.
Аха, повеќе ми беше за дали ќе ми прават проблем на аеродром ако во лична карта ми е новата адреса, а во пасошот старата. Не знам што им се појавува на компјутер на граничарите кога скенираат пасош.
Не ми направија проблем мене кога одев на одмор. Е сега на аеродром не знам како е, ама најверојатно исто е како по копнен пат
Dali moze da mi kazete sto tocno treba za promena na licna karta po osnov na sklucen brak? Jas na oficijalna strana procitav samo stara licna karta, lk od soprugot i vencalen list. A tuka citam nekakvi odjavi na zivealiste itn.