Сменивме лични карти со промена на адреса, кога прашавме таму дали и пасошот треба ни рекоа не, стариот си важи до истек. Исто и за детето. Дали некој знае дали е вистина?
И мене ова ме интересира,ние треба да менуваме,ама на децата се на стара адреса пасошите. Кажи ми колку време трае процедурата за промена и што документи ти бараа?
Имотен лист на кој се води живеалиштето и изјава дека дозволува да живееш таму, барање. Значи за мајка ми( имотен, барање и стара лична карта) за мене(изјава,барање, имотен, и стра лична карта) за сопругот(венчаница, барање и стара лична карта). Се сликавме на 30.03 на л карта стои датум на издавање 01.04 ама јас чекав дека рекоа 2 недели па денес ќе одам да ја земам, мм ја зема вчера и рече имало мн гужва за сликање. Праша и на друго место, исто му рекоа не мора пасош да се менува. Во барањето напред ја пишуваш новата адреса. За пасош уште не знам. Ни рекоа само ако патуваме да патуваме со иста адреса. Односно со пасошите, а не ние со новите лк а она со пасош.
Фала ти многу.Значи јас треба имотен лист и венчаница да носам бидејќи станот се води на име на мм,а он си смени и лична карта и пасош,уште јас и децата,ама на едната ќерка истекува сега пасошот така да секако морам да вадам нов,а за другата не сум сигурна мислам до 2024 и важи.
Не мора пасош да се менува само за адреса. @azelea Ние кога се преселивме во станот исто како вас, на маж ми се водеше. Прво он смени л.к, а јас потоа со неговата л.к и венчаницата ја сменив мојата л.к. Ама носи си ти за секој случај и имотен лист, којзнае што ќе им текне таму боже сачувај се На ќерка ми пасошот (пошо пасошот на маж ми беше со старата адреса) и ја пишале старата адреса. По автоматизам они адресата од таткото си ја пишале. Па, кога вадевме нов, се расправав таму да и ја пишат мојата адреса. Им викам, кој ви кажа по таткото да ја пишете? Свашта!!! Така што, нагласи им таму дека сакаш адресата да им ја смениш и на нив. Дали е вистина дека документите кои не се со новото име ќе мора да се сменат до февруари 2024?
На ќере и вадев 2021, и важи до 2026 нашите се до 2027.. ама секако ќе мора да мењаме ради името. @An-na мислам дека да мора. Ама ај бар една година да искористиме. За пасош тој ми рече сеа на своја воља мењаш. На граница е битно да имаш патна исправа
За адреса не мораш да мењаш пасош, еве јас имам променето адреса на живеење пред 3 години и сеуште патувам со стариот пасош, а доколку смениш презиме, тогаш задолжително мораш да ги промениш сите документи. Казната за непроменети документи е 500 евра и одземање на пасошот на одредено време.
Zdravo, se preselivme vo kukja na baba mi, imotniot list e na nejzino ime. Pri promena na licni dokumenti dali e potrebno da imame prijava za prestoj na ovaa adresa i kade ili e dovolno da prilozime imoten list? Osven licna karta dali treba da se smenat drugi dokumenti pasos, karticki od banka? Kolko dena e dozvoleno za promena na dokumenti?
Пасош не треба да се менува. Си важи до истек. Закажуваш термин, ти треба имотен, венчаница и изјава дека ви дозволува да живеете кај неа, и лично она да присуствува.
Здраво. Дали некој може да ми каже што точно е потребно од документи и која е постапката за промена на презиме (поради стапување во брак) и промена на адреса на живеење (во друг град). Конкретно од друг град за во Скопје.
Венчаница, имотен од станот кајшто ќе се водиш и носителот на имотен лист да ти даде согласност дека може да живееш на таа адреса.
Не знам дали темава е соодветна за ова ама да прашам некоја дали знае. Пред две недели се регистриравме со мм и јас прифатив да го додадам неговото презиме. Документите уште не ми се сменети само имам земено од матично извод на венчани. Дали постои процедура да сменам одлука дека сакам да ми остане само моето презиме и после ова?
Кога си евидентирана во извод на венчанисо новото презиме ,автоматски си и во родени. Сега единствено само да бараш промена на презимето во соодветна служба во МВР и откако ќе ти дадат решение ,ќе можеш да извадиш извод на родените со презимето кое ќе го избереш да го носиш .
Здраво. Јас се сликав во мтв пред некој ден со ист случај како тебе. Не ти треба имотен ниту согласност ако планираш да се водиш на адресата на сопругот. Ти треба барање за лк, копија од венчаница и копија од лична карта од сопругот. И старата лична карта твоја.