Зезнато ќе биде ако ти речат дека мораш да ја објавиш старата лична карта во Службен весник како неважечка, па треба и таму да поднесеш барање, да платиш, па да чекаш, имаше некој рок, пред да поднесеш барање за нова, да имав стар извод во мене уште денес ќе отидев да поднесам барање, за извод барем не се закажува. Ако закажам сега за лк може нема да стигнат извод да ми направат, како што се неписмени, многу грешки прават, затоа отварајте си 4+ очи кога подигнувате готов документ, секоја бројка и буква проверете си ја.
Личната карта се објавува само ако е изгубена, инаку не. Јас утре ќе одам за извод, се јавив таму ми рекоа за лк ич не се чекало, немало воопшто гужва. А и за изводот другиот ден се земал.
Кога веќе во Македонија излегол тој закон дека мораш да го замениш презимето во пасошот, тогаш мораш, за да не си правиш проблеми ни на граници или сл и некој да те враќа и зајбава. Визата еднаш ти е дадена, нема што поново да поднесуваш за визи. Со новиот и стариот поништен пасош одиш во амбасадата каде ти ја дале визата, најверојатно се јавиш, кажеш што услуга ти треба оти може и да ти наплатат за тоа, закажеш термин прво, да ја префрлаат визата во новиот(ударат нова во новиот пасош, пример ако минал месец откако ти ја дале, во новиот пасош ја скратат за тој еден месец)). Додека бев само со македонско државјанство, јас имам правено македонски пасоши во странство кога не беа вакви нови со отисоци или што ти знам, поради изминат рок на пасошот или промена на моминско презиме, и визата секогаш ми е ставана во новиот откако ги пратев двата пасоша и поништениот и новиот во имиграционото биро на странската земја во која живеам.
Два дена се распрашувам за тоа дали можам веднаш после свадбата да заминам на свадбено патување со моминскиот пасош. Имам две различни информации од двајца различни вработени во МВР. Едниот ми вика дека нема проблем првите 30 дена да патувам, нема да ме казнат, но секако во рок од 30 дена морам да ги сменам сите документи. Другиот ми вика дека треба во рок од 30 дена да ги сменам документите, но дека ако го користам моминскиот пасош во тие 30 дена ми следи казна 500 евра. Дали некој од вас може да ми каже дали барем во првите 30 дена после склучувањето на бракот можам да патувам со стариот пасош?
Меден месец Јас немам ни опција кога да го сменам пасошот - патувам дента по свадбата, па нека ми објасни МНР како ќе ми дадат нов пасош за една ноќ. А секако нема да откажам уплатен меден месец и хотели, па што сакаат нека прават.
Меден месец Мене ми кажаа дека мора да се смени и пасошот ако се напушта земјата и јас одма во поход да мењам документи башка не ми се даваат 500 евра кои можам да ги искористам за одмор
Во законот за патни исправи пишува вака - Член 26а - имателот на пасошот е должен во рок од 30 дена од денот на промена на податоците, пасошот да го предаде во Министерството за внатрешни работи, заради негово поништување. -Член 44 - Глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице 2) кое користи патната исправа доколку се променети податоците од членот 26 став 1 7) кое при промена на податоците од член 26 во рок од 30 дена од денот на промена на податоците не го предаде пасошот во МВР за поништување http://www.moi.gov.mk/Uploads/Zakon%20z ... 202011.pdf Значи не само што немаш право да го користиш пасошот од ден 1 во кој презимето не е сменето а ти си се потпишала на венчаница со ново презиме, оти за ова се плаќа казна од 100 до 500 евра(44 точка 2), туку мораш да го предадеш во МВР во рок од 30 дена да го поништат, нови 100 до 500 евра ако поминат 30 дена а не си го поништила(44 точка 7). Тоа што ти кажале разно инфо во МВР не ме чуди воопшто оти повеќето се неписмени телиња и човек не може да се разбере и затоа не сум си дошла две години во МК(друга законска приказна/перење пари за дупли државјанства). Ако пробаш да излезеш од граница, дали ќе те пуштат или не зависи од тоа како тој бато си го толкува законот што ќе ти погледне во пасошот, па од другиот дали ќе те пушти да влезеш назад без да ти пише казна.
А што е со тие кои се мажени во странство и немаат сменето презиме во Македонија, еве јас сум мажена во странство, тука на венчалниот лист ми го пишува моето презиме, впрочем и не ме прашаа дали сакам да го менам презимето туку автоматски си остана моето. И сега јас сакам на пример да го сменам моето презиме, да го додадам презимето од сопругот и што треба да правам? Во Мк не се водам како мажена и не знам како идат тие работи....за ова следува казан исто или не?
Kallias во странство и мене ми го пишува моминското презиме на венчаницата. Името го заменив во странство секаде и многу лесно(од името во банка до името во пасош) со писмо во кое барав да биде заменето презимето во Mrs Xxxx, и копија од венчаницата, за пасош плус нова апликација и чек нели. Ама релативно лесно. Бракот јас во Македонија не го регистрирав цели десет години, се водев како мома оти не ми требаше, не вадев македонски документи и си патував секаде со странскиот пасош. Пратив во Македонија на мајка ми да однесе „втор оригинал„ издадена венчаница, оти не прифаќаа ниту заверена од нотар копија, а ако пратиш оригинал нема да ти го вратат! Тоа да ми го регистрираат бракот само. За да ми го заменат презимето, поради тоа што и на мојата венчаница си стои моето моминско презиме, па бараа документ на кој ми го има и моминското и новото презиме, затоа им пратив исто така од тукашно биро „втор оригинал„ сертификат за натурализација/државјанство кое ми е дадено на новото презиме и каде пишува и моминско. Поради тоа што не одев лично да ги предадам документите и да барам да заменат, напишав и барање, јас таа и таа, од таму и таму, родена тогаш и тогаш, ќерка на тој и таа, со последно место на живеење во МК таму, со сегашна адреса напишана погоре, ги приложувам следниве документи и ја овластувам мојата мајка да побара да се смени презимето во Xxxxx. Она однесе и заменија. Ако немаш официјален документ на кој ти ги пишува двете имиња, ти и момчето треба да отидете во македонското конзуларно претставништво, лично да отидете, однесете венчаница со вас, ама ќе се јавиш и прашаш што таму бараат, па тие ви дадат некое нивно овластено писмо на кое пишува дека сега си мажена и се викаш онака и си платиш за услугата(пак за пари) кое после го носите во МВР. Така моја другарка мажена во странство мења презиме за во Македонија. Казна, ако ја има по закон за регистрација на брак не сум разгледала, ама не ми пишале што сум задоцнила(а ќе ја добијат на 36ти Јануари ако ја пишат ), ама мене ми е доста казната што ако се вратам во МК, два месеца ќе ми требаат да средам нови документи, време што го немам, за да извадам нов пасош, кој за никаде не ми важи или треба, ама без кој поради тоа што уште сум македонски државјанин нема да ме пуштат да излезам повторно од МК. А што е најфрустрирачко, и да откажам државјанство да не ме дават со пасоши цел живот пак ми требала првин лична карта за која треба да дојдам во МК. И ај снајди се! Не знаат веќе за пари на што да се наденат!
може и тоа да се изведи ако толку многу сакаш,ево како оди тоа : ке подадеш документи за пасош по брза постапка и ке ти стигне за еден ден НО ке треба да платиш 100 евра. ова го знам по тетин ми, е сега ако ти се даваат толку пари во ред ако не ке си чекаш како обично.
За да не цитирам бидејќи постот и е долг, и се обраќам на Имелда која што многу љубезно одвои време за да ми одговори, ти благодарам многу на одговорот Имелда Само што јас во странство имам само Македонски пасош и нешто како лична карта нивна, за да патувам, а пасош немам нивен ни пак ќе имам во нардениве 10 тина години Затоа е поразлично твоето менување на презимето што си го сменила таму, јас на пример ќе морам да одам кај нас во Мвр, т.е. прво во матично да го пријавам бракот и да кажам дека сакам да си го сменам презимето па после по ред сите работи да ги менувам, знам дека е така, прашав во Мвр ми кажаа, а додека во твојата ситуација е друго, значи јас немам право да извадам пасош од нивната држава и затоа ми останува сама да одам и да ги поднесам документите, да чекам месец,два колку е потребно и готово
И јас имав слична процедура. Се венчав во една Еу држава а местото на живеење ми беше во друга, па на регистрацијата ме упатија кон матичната држава за извршување на промена. Фактички ако извршев промена на презимето ќе бев заглавена во странство со едно презиме и пасош на старото, моминското. Си завршив работа и си го задржав во тој момент презимето. Една година покасно отидов кај нас во мвр со венчаницата, пријавив бракот и извршив промена на презиме. Извадив нов извод, и после со новиот извод и пасош и лична карта. За неколку денови бев готова.
И јас имав слична процедура. Се венчав во една Еу држава а местото на живеење ми беше во друга, па на регистрацијата ме упатија кон матичната држава за извршување на промена. Фактички ако извршев промена на презимето ќе бев заглавена во странство со едно презиме и пасош на старото, моминското. Си завршив работа и си го задржав во тој момент презимето. Една година покасно отидов кај нас во мвр со венчаницата, пријавив бракот и извршив промена на презиме. Извадив нов извод, и после со новиот извод и пасош и лична карта. За неколку денови бев готова.[/quote] Ако сакаш да ми кажеш, венчаницата ја преведе на македонски или интернационален ти дадоа? Бракот се пријавува во матично или во Мвр? И каде се менува презимето во матично претпоставувам? Многу прашања се извинувам
При склучувањето на брак добив меѓународна венчаница во два примерока. Едниот примерок го задржав за себе а вториот морав да го предадам за да биде извршена процедурата на промена на презиме но ми дадоа нова меѓународна венчаница на која стои дека е извршена промена на презимето. Двете венчаници, онаа која ја добив при регистрацијата и онаа при промената на презиме се разликуваат, но се интернационални...па секогаш кога треба да бркам административни работи, си ги земам двата примероци. Мислам дека неизвршив никаков превод, освен на изводот, онака за мене за секој случај да не ми притреба. али не знаеш на кој стручњак ќе налеташ таму, боље жртвуј 200 денари и преведи, оти не дај боже конечно да стасаш на ред за предавање документи и да те вратат ради превод, ќе изгубиш еден или два денови. Однапред уплати си ги сите уплатници и набави си ги сите таксени марки. Најпрво беше извршено пријавувањето на бракот. Поради добрите врски а краткото време кое го имав на располагање , љубезната дама на шалтер ја жртвуваше својата пауза и со такси отидовме до локацијата каде се вршат регистрациите на брачните парови (во секој град е различно), важно не е во истата зграда каде се вршат овие работи, туку засебна хала. Во друг случај ги оставаш документите, и ти кажуваат по 1 или 2 денови да отидеш од како они самите ќе го внесат во книгите бракот. За 5 минути завршивме работа таму т.с само не внесе во една книга, и се вративме во зградата за да ми издаде нов извод и нова венчаница. Со изводот у рака влегов во друга канцеларија на истиот спрат каде беше извршено сликањето за лична карта и пасош. Без извод на ново презиме не можеш да ја започнеш процедурата. На жалост странските презимиња звучат трагикомично при употреба на кирилица, т.с sh, ch, ü, ö,ä.... али и така во пасошот само латиницата се гледа, не е многу страшно. Уплатив по брза постапка и одма завршив работа. Колку што ме држи сеќавање во полиција воопшто не отидов, се низ матичното во таа зграда вршев работи.
Jaс бев, поднесов документи за нова лк. Значи треба да се поднесе барање, уплатница на 190 денари, извод од матичната книга на венчани и старата лк ќе ви треба. Доколку ја ставате и адресата од сопругот ќе ви треба неговата лк и копија од истата. Тоа е се.