Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kазна за ново презиме со стар пасош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jana83, 16 мај 2012.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    rainbow а изводот од родените го смени или не?! јас планирам од понеделник да вадам нов.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.125
    Пол:
    Женски
    Да, во рокот сум за лк, ама за пасошот тешко.
    Значи, кај Беко не бараат нов извод, ама кај мтв бараат. Башка ако закажувате во мвр закажуваат после три дена, а кај беко од денес за утре, башка има многу помалку гужва.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    A кој е рокот за лк?
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.125
    Пол:
    Женски
    Па 30 дена е за сите документи, само што пасошот сега не го менувам, па не знам после како ќе биде.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Ќе си приумрам...
     
  6. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    И јас! :puke:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    5.336
    А како се закажува во Беко? Нели треба на тој 0800 бројот да се закаже? Си кажуваш тогаш дека сакаш во Беко или како?
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.125
    Пол:
    Женски
    Да, си кажуваш дека сакаш во Беко. Јас им реков дека сум била таму и ми рекле телефонски да закажам, дека се закажувало од денес за утре и немаше проблем.
     
    На Babushka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мене ме интересира ова е нов закон или од порано?
    што на пример со оние кои да речеме како мене го сменале презимето пред 2 години, а во пасошот мие моминското,јас појма немав за ова тогаш, а и во агенција тогаш ни рекоа нема проблем за патување :?:
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Не се работи за пари - јас во моментот на закажување не би имала ново презиме, и со тоа ниту лична карта ниту извод - а пасош нема само онака да ми дадат бидејќи јас викам дека на тој-и-тој датум ќе се мажам. Веднаш после свадбата поаѓам на пат.

    Јас ќе верувам на толкувањето на законот што еден правник ми го даде - треба да го испочитуваш рокот од 30 дена, кои се оставени баш за овие ситуации. Ако тој не е во право - здравје, ќе ги платам тие 100 евра (бидејќи и самата казна 100 до 500 вели дека зависи од бројот на прекршоци, јас би имала само еден). Повеќе да сторам не можам. Инаку ќе треба свадбени патувања во Македонија да се укинат :)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    А да те прашам, јас ниту еден документ неам префрлено се`уште, а ниту сум излегла од земјава ни ништо...
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Теси, ти се` уште имаш шанси да поминеш со опомена само, ама закажувај сега одма и објасни му се` убаво на инспекторот кој ќе треба да ти ја одреди казната. Со самото тоа што ќе кажеш дека не си имала потреба од пасошот (а и реално нели немаш излези од државата) мислам дека огромни се шансите да ти прогледаат низ прсти, оти ти се` уште не си направила прекршок (употреба на пасошот со старо презиме).

    И не ти зборам на памет, има вакви случаеви деновиве, девојките без излези (или со инцидентни 1 или 2) поминаа само со опомена....со среќа :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Девојки јас навистина не разбирам зошто толку ве потресе законот. Па многу е нормално веднаш после свадбата да си ги замените документите со нови заради промена на презиме ,адреса и.т.н. Овој закон (освен паричната казна ) не е од сега ,одсекогаш било така и за се е рок од 30 дена,исто е и за новородено дете ,промена на место на живеење ...Значи со самото стапување во брак вие повеќе не сте истата личност административно ,сега имате ново или на вашето додадено уште едно презиме . Досега никој не го почитуваше законот или мене така ми се чини ? Јас знам дека во странство целата промена се завршува за 5 минути и на еден шалтер ,ама па кога веќе знаете дека ќе се мажите и ќе патувате закажете предходно бидејќи и онака матичниот број го кажувате ,а тој си останува ист за навек.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.603
    Допаѓања:
    201.920
    Пол:
    Женски
    AIT, и да закажеш претходно - пред регистрацијата не можеш да ги смениш документите. А обично регистрацијата и свадбата се во ист ден. А мора да ја смениш лк со венчаница како доказ, која ја добиваш во матично. А без лк, не можеш пасош да извадиш. Инаку, точно е дека ова како закон постои - работава е што досега сите поминаа така, сега им текна дека во буџетот им требаат пари, па решија да ги воведат овие казни кои реално, немаат логика. Барем нема логика сумата која треба да се плати. Башка, едно време сите мораа да ги сменат лк и пасошите со нови биометриски исправи, па се закажуваше со месеци однапред, толку долго се чекаше за сликање што дури и ќе заборавиш дека имаш закажано. После рекоа дека тоа не важи, и сите подзаборавија... за сега да ни се удри од глава.
     
    На gwen, AIT и Moira им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Јас поднесов барање за нова лична карта. По телефон ми рекоа требало и извод на новото презиме ама јас одев на ризик, зашто еве виножитка помина без извод, една држава милион правила имаат. Однесов само копија од старата лична карта, копија од венчаница, копија од лк на маж ми и негова лк на увид и оригинал венчаница на увид, барање и уплатница на 190 денари. Да ја подигнам лк дури за две недели :o
     
  16. jana83

    jana83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Женски срцки сте значи, не очекував толку одговори и тоа веднаш :). Благодарам на сите! Инаку и јас се запрашав, нели логично, дали после мажачката ќе можам да патувам со стариот пасош, и сите околу мене ме уверуваа, не е битно, битен е матичниот број, една комшика се омажи и замина веднаш назад во Шведска.. и така и јас направив. Да ја прочитав навреме најзадната страна на пасошот со најситни букви кои едвај ги читам, навреме ќе си ги средев и документите.
    И решив вака, бидејќи пасошот ми истекува во 2020, а веќе повеќе пати ја поминав границата со истиот, што значи секако ќе платам 500 евра казна, а и визата ми е на моминско презиме, решив да патувам со стариот пасош до 2020, ако ме пуштат на граница. Па во 2020 година нема да ме боли толку многу да платам 500 евра кои ќе ги заработам во странство, не толку тешко како во мк. 500 евра бе! Колкава казна е тоа за наш стандард, во мојот роден град сите редум за 150 евра работат. Во Германија е 10 евра казната за лице кое пуши во затворен простор или поминало на црвено на пешачки, а земаат 2000 евра плата! Голгота!
    Ги прочитав коментарите и само една дилема ми остана. Имено, досега јас сум немала проблеми на граница поради пасош со моминско презиме, а ја поминав повеќе пати откако се омажив. Додека чекав на вашите одговори прелистав уште неколку странски форуми на тема со кои лични податоци располага граничната полиција, бидејќи сепак не верувам дека граничната полиција кај нас функционира построго или поинаку од оние во ЕУ, така да ако граничните полиции во други ЕУ земји немаат пристап до базата на податоци за тоа какви прекршоци сме направиле, дали сме смениле презиме и сл.. истото важи и за нашата. Она што прочитав беше дека кога граничарот го чита електронски пасошот гледа само она што на неговиот чип е запишано, а тоа се само оние податоци кои и ние ги гледаме во нашите пасоши, гледа остварени влезови и излези и има база на податоци од интерпол и слично за лица кои се бараат, се сомнителни и сл. Дилемата ми беше дали сега, со построгите правила и казни навистина нема да можи да се излези од мк со пасош со моминско презиме како што пишуваше во дневник? Ако некој поминал граница сега скоро нека пиши!
    Фала ви уште еднаш на сите!!!
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Па ти прво прашај за пасош, за колку време закажуваат и некаде пред да ја земеш лк закажи за пасош во рокот, па и ако закаснат за лк, ти битно си закажала на време, па ако не отидеш на тој термин, ќе закажеш повторно. Јас така планирам да направам, ќе се јавам на 1 јуни, би требало да работи телефонот за закажување, тоа верски празник е, не државен.

    jana83, ај да се работи за година две, па да забушаваш, ама ти сакаш до 2020 година, тоа ти е ризик, кој знае како ќе реагираат за толкав временски период. Можеби ќе се смени пак законот, можеби ќе има построги санкции, повисоки казни. Ако имаш време подобро среди го тоа сега, за да не си создадеш дополнителни проблеми.
     
  18. jana83

    jana83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Abeja во право си, ама како сум лута, од инает ќе патувам со стариот пасош дури не ме вратат на граница, 500 евра казна, тоа е грабеж, криминал и никој не се буни! Убаво ни прават! Мене здраво и човечки ми звучи следното, јас да сум надлежна и сакам да воведам ред, би направила вака, би испратила известување на нивна домашна адреса за обврската да си ги променат сите лични исправи, до сите оние кои си смениле презиме или други лични податоци, а тие се убаво евидентирани во полиција или матично, ако не се појават за 30 дена како што е рокот, би им испратила опомена, оти луѓе сме, некој не добил пошта уредно, колкумина само се во страство на печалба или од други причини би претпоставила дека не го добиле известувањето, па ги ги опоменала со краен рок да речиме една недела да поднесат барање за нови исправи. Е тогаш ако не сменат, веќе се работи за недисциплина, а не вака идиотски, преку дневник да дознаваме од утре нема да можи да ја напуштите државата и вулгарни казни од 500. Затоа што во странство каде сум, имаше новина дека од наредниот месец ќе може да се качувате само од предна врата во автобус, а не и од задна врата како порано. Цел месец во секој автобус електронска порака за новината беше прикажувана и плус снимена порака за новината на секоја станица, плус шоферот со пример за еден патник укажуваше....а не одма казна од 500 евра за секој патник кој од денес нема да се качи напред... идиотизам
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.355
    Допаѓања:
    286.414
    Мене стварно не ми требаше закон за да ме потсети или да ми укаже дека ако си го сменам презимето треба да си го сменам и пасошот.
    Сваќам дека ако некој не патувал во странство и немал потреба за било каква идентификација, па одолговлекол со процедурата....али логично ми беше дека не треба да заглавам било каде низ државиве без соодветна документација.
    Али за секој што сметал дека е нормално да шеткаш низ еуропа со старата исправа очигледно требало закон, и тоа по џепчето да се удри.
    За методите како тоа ќе се спроведе и казните допрва ќе видиме, се надевам дека сепак ќе има голем број на предупредувања, посебно за оние кои имаат место на живеење во македонија и 1 до 2 патувања т.с било мала немарност во прашање.
     
    На senjorita-v и AIT им се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Тоа е смислата на биометриски пасош, ЛК ама не ја разбираат сите (чуено не до чуено). Незнам кој приметил ама на сама граница кога го скенира пасошот чичкото :) излегуваат сите податоци од МБ до мажена, не мажена....им ги поврзаа системите со сите институции (еве на пр. со стара лк или пасош не ни можеш да подигнеш пари од своја транс. сметка затоа што те нема во системот со нов докум.)....
    Ако сака ќе ти направи услуга и ќе те пушти ама може и да те казни и знак прашање каков чичко ќе ти се погоди кога ќе се враќаш назад :worried:
    Е сега друго прашање е како работат чичковците кога појдеш да вадиш документ, жива трагедија :(