A kako ti Slavica999 zabeleza tocno koi podatoci mu izleguvaat na cickoto na ekranot od kompjuterot koga prakticno toa ne se gleda od strana na patnikot? Za naredniot pat koga ke pominuvam granica da obrnam vnimanie i i jas da zabelezam.
девојки јас се јавив да закажам за пасош ама личната карта ми е сеуште стара мислам со старото презиме е сега мислите ли дека ке успеам да поминам со старата лична карта и со венчаницата .. се јавив за пасош ама воопшто не размислив за лк дека ке треба .. ај хелп !
јас паралелно терав процедура за лична карта и пасош, т.с не поседував лична карта кога закажав за пасош и кога го добив. Пасошот ми беше по итна постапка а личната карта по нормална па ја добив неколку недели покасно. Ќе немаш проблеми, извод на новото презиме ќе заврши работа.
епа добро тогаш. ке ја земам венчаницата ми кажаа дека треба да се фотокопира и да се завери на нотар и изводот а ке ја фотокопирам и старата лична карта !
Дали некој знае да ми каже што треба да правам за промена на адресата кога ќе вадам нов пасош? Јас и сопругот ќе живееме на адреса која не е ниту мојата, ниту таа на сопругот, а кога веќе вадам нови документи, секако треба и точната адреса да стои.
Ништо од моето вадење нов пасош.. денес бев да го поништам стариот прво не сакаа да ми го поништат зошто поминале 2-3 месеци. И ми кажаа дека казна следувало кога одиш да поднесеш барање за пасош. Нели кажуваш дека е заради промена е сега ако не си го поништил на време пасошот те праќаат во Лисиче некаде така мислам ми кажаа.. а таму.... може ке поминеш со опомена може со казна. Јас ке почекам малку да се стиши атмосверава околку пасошиве бидејќи и така нема да ми биде потребен во скоро време, па можеби кога ке одам да вадам друг ке поминам само со опомена. Утре закажувам за лична карта се надевам таму нема да ми прават некои проблеми..
А платил ли некој казна до сега? И јас требаше да платам, скоро 3 години непријавен брак (кој го склучив во странство) и 5 пати доаѓање во Македонија со стар пасош и на крај (со врски нели) ме искараа убаво и ми рекоа немој веќе и така. И јас загрижена на сите другарки им кажав да не се шалат да излегуваат од државата без сменет пасош и они ми се смееја. И сега незнам дали некој навистина плаќа казна или за плашење луѓе е работава.
Јано ле душо, брат од чичко ми па на тетка му сестра работи таму Прашај, можеби ќе ти дозволат да видиш на екран
Пред 6 месеци. Законот постоел одамна демек ама сега се решиле да казнуваат. Па поминав со опомена затоа што имав маил од нашата амбасада во државата каде што живеам дека неморам да се брзам, не е страшно...уствари никој не знаел дека решиле толку строги да станат. И се согласувам со мислењето дека пред да казнуваат треба да не предупредат затоа што ретко кој сака намерно да прави илегални преминувања преку граница.
На пасошот позади си пишува дека откако ке го смениш презимето треба да го поништиш пасошот во рок од 30 дена. И ако не го поништиш кога ке одиш да вадиш нов тогаш ти прават проблеми пошто нели те прашуваат зошто вадиш нов кога стариот ти е важечки.. Среќа што закажуваат за брзо време па можеш за кратко време да добиеш нов. И имам едно прашање до поискусните.. значи вака кога се јавив за лична карта да закажам ми кажаа дека треба да однесам и лична карта на мм.. е сега јас имам една адреса а он друга адреса и друг град мислите ли дека ке ми прават некои проблеми заради тоа.. Бидејќи во никој случај не сакам да ја сменам адресата, а инаку и двајцата тука си живееме на мојата адреса. Се надевам некој ме свати .
Тогаш не ти треба лк од мажот ако не ја ставаш неговата адреса. Нема да ти прават проблем и ние сме на различни адреси.
и мене ова многу ме интересира ама како што кажа Rainbow можда нема да биде проблем имам закажано за понеделник па држете ми среќа
Епа ко тазе вадач на лична карта,истиов случај ептен го закомплицираа. Мислам не е мое искуството,ама го сведочев. Значи промена на место на живеење,прво бараа да дојде и личноста на која се води куќата/имотот,а и имотен лист,не само лична карта од сопруг. Луѓе не се нормални значи. Дали како ќе ти се погодат *сликачиве* или така е,поим немам. Ама ете тоа чудо го видов и чув!
Божее , божеееее... што уште не ке им текне леле мори мајко.... немам коментар ЗНАЧИ СТВАРНО СЕ ЗАНИКАДЕ..!!!!!!!
Жески значи да ве охрабрам малку...денес бев да сменам лична карта во Беко и кога ме прашаа дали сакам да си ја сменам адресата на живеење реков не, сакам на старата да останам инаку за документи ви треба копија од извод од родените(нов со новото презиме) , копија од лична карта, личната карта , барање и уплатница за 15 дена нова лична картааа
За законов слушнав уште пред да излезе во јавност. Кога ја слушнав цената на казната останав ilent: Не дефинитивно не се нормални.
Старо е ова ништо ново, и во стариот пасош и во старата лична карта пишуваше дека доколку дојде до промена на име, презиме,адреса имателот на исправата е должен истото да го пријави во МВР во рок од 30 дена. А исто така се третира и како лажно претставување и замена на идентитет, порано беше кривично дело, сега се третира како прекршок и е предвидена поголема парична казна.
стар е законот да ама никој досега не менуваше презиме и адреса се додека не му истечи старата...пример јас пред 1 година чекав цела година за да се сликам за пасош и сега треба пак ! најдоа сега пред одмори да пишуваат казни