1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kазна за ново презиме со стар пасош

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jana83, 16 мај 2012.

  1. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Тоа што никој не менувал досега,не значи дека и од сега треба така да биде. Ја сваќам твојата исфрустрираност и лутина,но тоа не е ни до мене ни до тебе,законот си постоеше и предходно и предходно беа предвидени казни за тоа.
    Според твојата логика си променила лично име или презиме,личната карта со старото име ти трае уште седум години, тогаш уште седум години нема потреба да се менува.
    Или сега само си лута бидејки токму на тебе ти се искомплицирало ? ;)
    Жалам но кога се работи за лични документи и патни исправи во секоја држава е исто правилото.
    Во случајов не си во право,да носат нови и глупави закони ама во овој случај законот си е на место,а и на секој дукумент пишува дека си должна за било каква промена на информациите во документот истото тоа да го пријавиш и регулираш во МВР во рок од 30 дена.
     
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    ништо не ми е искомплицирано ;) напротив само кажав мое мислење и видување на оваа ситуација моментална ...да беше се во ред и да можевме да вадиме документи и пасоши за 5 минути а да не требаше и покрај закажувањето да ни влегуваат луѓе преку ред и да не чекавме по година дена да чекаме да се сликаме за пасош тогаш ќе беше се во ред ;)
     
  3. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Ја одма послем регистрацијата си ги променив сите документи............. уствари ги променив податоците , адреса,презиме.
    Иначе глупаво е што казнуваат.........и треба да се има некоја предност во полицијата кога се оди за промена на адреса и презиме.
     
  4. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    А од кога е стапен во сила законов, знаете точно?
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Поради старо презиме во пасошот 300 лица заработија казни

    Откако Министерството за внатрешни работи почна стриктно да го применува Законот за патни исправи околу 300 лица биле казнети бидејќи не извадиле нов пасош иако имале промена во личните податоци.

    и плус

    Ме­де­ни­от ме­сец за­вр­шу­ва со гло­ба

    Ако сте се вен­ча­ле и при­тоа не­кој од соп­руж­ни­ци­те ги сме­нил лич­ни­те по­да­то­ци, а сте ис­пла­ни­ра­ле да за­ми­не­те на ме­ден ме­сец вед­наш по вен­чав­ка­та, без прет­ход­но да има­те за­ка­жа­но тер­мин за нов па­сош, ме­де­ни­от ме­сец ќе ви за­вр­ши со гло­ба.
     
  6. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    мене законот ми е без врска, само уште еден начин да се полни буџетот со пари :@
    за 30ден неможе ни да се пријави во полицаја за нови, колку се спори и незаинтересирани, а не нови да се извадат, а тоа за меден месец сигурно мислат да ги завртат младите да одат во Охрид и Дојран па затоа ке пишуваат казни ако се замине на друго место после свадба :rofl: :rofl:
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Глеам некои не` испонапаѓаа, па како тоа ако ни` биле казни убаво ни` е како не ни` е срам вакви такви онакви да седиме со стари документи. Не им судам, повеќето така што мислат се на страна мажени и одамна си немале работа на македонски шалтери изглеа.

    Законот ко закон си е фин, абе лепота. Ама :!: исто така на сите треба да ни` е јасно дека не е секој правник и не може секој да ги знае законите и ако некој закон порано 90% не го почитувале, сигурно сеа пред да се опнат казниве, ретко кој сакал за џабе да фрли пари за документи...особено ако не му требале како на пример пасош.

    Фино е шо сакаат да го размрдаат законов да биде повторно у акција, ама прво предупреди мајкуму стара.
    Пример: имате рок од два месеца да си ги подмирите тие работи, у спротивно следуваат казни. Пошо иначе би требало сеа и тие кои каснеле со вадење на документи поише од 30 дена пред да се објави работава со казниве да бидат казнети, нели!? Не може за еден мајка, за друг маќеа. Башка јас кога си ја зедов венчаницата си прашав фино лепо. Ми рекоа, ако сакаш-смени, ако не-не е страшно, може да си ја служиш додека не ти истече. На тоа додаде, сакајќи да се направи вицкаста, тој ти е матичниот број уште ќе си бидеш таа нели, хахаха... И сеа? Еми чорба!

    Мое мислење дека коа ќе ти даваат извод од венчани, особено ако те видат дека првпат се мажиш, треба службеникот да те потсети „Е сеа си имаш рок од 30 дена да си смениш се` за да не ти опнат казна“. Ама имало на пасошот со ситни букви...а зашо е со ситни ако е толку стапен во сила, м? Ееее ако е за тоа колку ситни букви не сме виделе ниту ние, ниту службениците па никој не умрел...шо да речам...
     
    На Moira, Mrs.Bass и Annath им се допаѓа ова.
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Посебно делот со медениот месец ми се свиѓа |( Ај сега ќе го откажам патувањето што го уплатив пред пет месеци заради тоа што на некој сега му текнало дека требаат пари за сите тие споменици и гаќите на Прометеј.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mmmilicka

    mmmilicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Видов дека има отворено тема па се зачленив да си се олеснам од фрустрацијата што ме зафати токму заради овој закон. Штом разбрав дека постоел ваков закон веднаш си закажав за нов пасош онака наивно :) Кога таму службеникот кој ме сликаше ми вика-треба да одите на разговор тогаш и тогаш и веднаш знаев дека нешто смрди. Најмногу сум изнервирана затоа што кога се регистриравме (2009) никој не не предупреди што треба да сториме со документите. Ниту кога ја вадев новата лична карта пред неколку месеци кога убаво ја прашав службеничката, она ми кажа дека неморало да го менувам доколку не патувам !??
    Та зарем наша работа е да ги знаеме сите можни закони ?! Што е тогаш нивна работа?

    И еве сега треба да се појавам пред инспектор како да сум најголем криминалец и да се правдам зошто сум излегла 3 пати од државава од кога ми е сменето презимето. А во животот немам хартија фрлено на улица а не пак некој друг прекршок да сум направила.
    Како што се ближи денот се осеќам ко на гилотина да треба да одам. Зошто не оставија некој краен рок па после да почнат со казни? Очигледно е дека решиле да збираат пари.

    Дали тука некој веќе бил на "информативен разговор" како што го нарече човекот на шалтерот за информации :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Леле, ти стискам палци, ама ко шо пиша некој погоре, веќе на 300 души им ги опнале казните...така да, биди си спремна на казна од 100 до 500 евра. Ја не се осмелувам да одам барем не месецов, вака или така сигурно ќе платам иако неам мрднато од државава откако сум мажена.
    По се` изглеа и годинава нема убав одмор...ако ќе си останат повеќе парички за ратите за станот. Тоа е.
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Мене не ми е јасен само критериумот, кого со опомени, а кого парично казнуваат? Читам на друго место, со пасош со старо презиме жената неколку пати излегла од државата (значи го употребила) и поминала само со опомена, друга излегла еднаш и и изрекле парична казна. Мислам, ако зависи од тоа како спиел инспекторот ноќта и дали се скарал со жена му на излегување, страшно. За иста работа некој заработува парична казна, некој опомена... :^)
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Немам лично искуство со ова, не сум мажена, моја колешка која имаше излезено од државата неколку пати со старото презиме и ја казниле(првично) 500 евра. Фатила многу врски во МВР и помина на крај со 50 евра, и нив ги плати. Инаку, не знам кој им бил критериумот.
     
  13. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.679
    Пол:
    Женски

    3 години не си сменила податоци???не ми е јасно што си чекала до сега :lol:
     
  14. mmmilicka

    mmmilicka Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Па незнам, можда еве моментот ти да ми се изнасмееш на маката, па да видам какви се (не)луѓе постојат на светов.
     
    На Moira и tessie им се допаѓа ова.
  15. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.679
    Пол:
    Женски
    е девокјо,податоците мора да се сменат сепак постои рок а не ти да чекаш 3 г..мене ми е чудно затоа што да живееш некаде на запад има ДЕБЕЛА казна да платиш...а ова е сепак македонија.. :^)
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Маж ми се јавил да ми закаже за промена на презиме и адреса на пасош, и бидејќи л.к уште не ми е готова ги прашал дали може без неа и таа му рекла не знам, нека оди со ливчето што и го дале кога поднела барање за л.к. и нека праша на шалтер. И сега јас треба да одам да чекам за да прашам на шалтер, па после да закажувам преку телефон па пак да одам да чекам на шалтер. Па ако таа по телефон не знаела, кој треба да знае?! За тоа е ставена таму, со закажување треба да знае и како оди постапката, или ја вработиле со основно па само саат и место ќе кажува.
    Исто и за л.к. во Беко не бараат извод од родени со ново презиме а во мвр барале. По телефон таа ми кажа дека треба, ама јас отидов без него и завршив работа.
    Прво, тие не го почитуваат законот и правилата за работа, а второ, не ограничуваат со рок а и тие врска немаат што како, ама битно си се полни буџетот од казни. И на кого да се жалиш за вакво нешто сега, оди па докажи.
     
  17. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Мора да имаш валидна лична карта за да извадиш пасош... Вработените од кол центарот за закажување се како паднати од марс, поим немаат околу процедурите! Мене истото ми го рекоа ама нема шанси да поминеш во мтв за пасоши ако немаш нова л.к. :(

     
  18. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.679
    Пол:
    Женски
    може со ливчето од л.к снаата моја пред 1 недела ја сликаа така за пасош...изгледа многу пари им требаат..
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    Ќе може ли некоја од вас феминки да ми каже(бидејќи читала мајка ми во весник дека било гужва на пасошко) за колку време закажуваат за сликање?
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    А кои документи ги поднесе снаа ти, и колку се плаќа, да не треба пак 1.500?