Од марс се паднати газдата на фирмата заедно со тие од МВР кои ги мрзи или не умеат или можеби не можат правилно да изменаџираат сè како треба. Не е баш така. Нејзе не и била работата да знае. Имало таму студенти, со средно, со основно со факултет... сите јадно платени. Случајно имам неколку познанички што работеле во тој кол центар порано па ми кажале. Ако МВР не им даде детални упатства тие неможат да ти кажат нешто што незнаат или не се овластени да кажат. Имајте разбирање за кутрите во колцентарот, не се тие виновни. Самите за себе не можеле на времето да си закажат кога беа гужвите со пасошите. Нивно е да ви закажат термин, евентуално ви понудат друг ако не ви одговара и толку! Сè друго на шалтер.
мене брзо ми закажаа за 5-6 дена.. пред 1-2 недели ама не отидов на терминот зошто немав лична карта.. пробај јави се..
Законот чинам е оддамна,ама ете сега активно го активираат. Инаку,после свадбата сакавме некаде да одмориме,ама ете со пасошот ќе треба да почекаме. Инаку ,за нов пасош да поднесам барање,ми треба извод на раѓање,или само лична карта ? Или може и без лична карта
Мене минатата недела ми закажаа за 11.06 за пасош, ама пред тоа бев и прашав во една од кабините дали може да поднесам документи само со тоа ливчето дека ми е примено барањето за л.к. и тој ми рече може и плус доказ за промена и стариот пасош. Тој така ми кажа, а како ќе биде ако погодам друга кабина, кој знае. Мислам дека до тогаш ќе ја земам л.к. па нема да имам проблеми. Многу ме нервира тоа што пак треба да платам 1.500 денари, порано мислам на втора страна само ќе им променеа презиме, и децата на втора страна ги ставаа, сега све се поремети. Па после возачка да пријавам (до 1 октомври бил рокот за промена на старите), па здравствената да ја сменам, па изгледа и картичката од банка, и така до комплетна измена на идентитет За личната карта не ми бараа извод, ама поднесував во Беко, а ако ти закажат во мтв, можеби ќе ти бараат и нов извод, ама во Беко сигурно не. Само копија од венчаница.
ти треба нов извод од родените со забелешка дека имаш ново презиме односно дека си склучила брак. врз основа на изводот вадиш нова лична карта па потоа дури пасош
Казна за ова, казна за она доста бре луѓе!!! Уште малку ќе има казна дека накриво сме го погледна Ацко на плоштатд Единствена цел е само да си ги наполнат џеповите
Ми треба помош. Прочитав сега брзо во Вест дека после менување на презимето ако патуваш со пасош со старото презиме следи казна од 500 евра. Јас правам свадба сега брзо и сакам веднаш после тоа да одам надвор од земјава. Нормално, ќе нема време да извадам нов пасош. Дали има некаков период за кој е дозволена отстапка? Ќе може повеќе детали околу ова? Што прават младите брачни парови за меден месец во случајов?
Едно прашање за изводите-зошто е заклучена општи прашања,незнам каде,дали за извод мора лично да се оди,за колку време е готов ?
Мора лично, се уплаќа на уплатница 150 ден. (на една уплатница 100 ден и на друга 50 ден) се пополнува едно ливче-образец (со новите генералии), копија од лична карта на мажот ти треба и оригиналната негова лк за увид, копија од венчаница и оригиналот, лк твоја, абе земи си се што мислиш дека ќе ти треба, никад не се знае. Изводот го даваат брзо, мислам највеќе за 5 раб дена. Јас така отидов за пасош да променам, му дадов лк со промените и овој ми вика венчаница имаш ли, па нема да ми дадат лк ако сум немала венчаница, глуп и сега треба венчаница да носам у некоја си соба таму, абе
Знам тоа. Прашувам следново: Правам свадба на 1 август. Одам на одмор надвор од земјава на 3 август (со стар пасош). Вадам нов пасош на 25 август. Дали следи казна?
За тоа ќе си ги прашаш одговорните, тие најубаво ќе ти кажат. Во секој случај, рокот за менување на документите поради промена на лични податоци е триесет дена, почнувајќи од денот на промената. Практично е неизводливо за толку кратко време да се сменат, ама тоа е што е.
Нека почнат уште малку да се задолжуваат со градење на кипови,а буџетот ќе биде празен па нема друго решение па удри по народот казнувај за се што треба и не треба!
Ме интересира јас имам истечен пасош со старо презиме не планирам никаде да одам дали морам да извадам нов пасош со новото презиме
За жал така е но навистина на нас Македонците само така за некој работи ни доаѓа памет .Кога кажав Македонците мислам и на Албанската популација НАЈВЕЌЕ бидејки они се едни од најголемите не почитувачи на законите тука .Сигурен сум дека не држи муабетот дека се имуни од казни
Мора да извадиш. На последната страна на пасошот, пишува дека при промена на личните податоци МОРА во рок од 30 дена да го дадеш да го поништат, без разлика дали ќе вадиш нов и дали планираш да патуваш. Ако немаш врски и ако не си го дала да го поништат, можно е да ти одредат казна од нај малку 50 евра. Јас на трети се јавив за 11-ти ми закажаа, а требаше да го сменам до петти јуни и ме зезаа мораше да однесам копија од венчаница лично кај инспекторите во мтв на 9 кат, дури од тогаш го праќаат барањето за нов пасош, на изготвување. Инспекторите примаат странки само во вторник и четврток од 9-12,30 часот p.s. Ама како што кажа и Annath зависи и од кога ти е истечен, ако после брак ти важел уште 30 дена, и ако сакаш во иднина да извадиш нов, може ќе ти прават проблеми зошто не си го пријавила на време.
Штом ти е истечен, мислам дека нема да платиш ништо. Освен ако не си патувала со тој пасош после свадбата. Нов ќе си извадиш кога ќе ти треба, може дотогаш ќе престане ова безумие со казниве...
Следи, следи. Казните се за користење на документи за лична идентификација со погрешни податоци. А ти штом ќе пробаш да излезеш од земајата со старите, фактички користиш лажни. Преместете го одморот откако ќе го земеш новиот, во спротивно ти следи казна. Јас не знаев и два пати излегов од земјава со стариот. Уште не се решавам да вадам нов, ќе побарам врски претходно
ај едно прашанје и од мен па ако не ви етешко одговорете седевме со мазот ми кај свекорт и свекрвата сега седиме под кирија на друга адресана лична карта ни стои адреса од кај свекорот дали и за нас вази казната што не сме ја смениле адресата????? да напоменам дека личните карти ни вазат некаде усте 7-8 години од новите се или ова е само за презиминјата