Законски и тоа е казниво, само што не сум слушнала некој до сега за тоа да плати казна. Мислам дека на пола држава документите им е со неточни адреси на живеење. И мене ми беа такви документите, ама сега сум во фаза на менување, не за друго, туку затоа што ќе имам придобивка ако ја сменам. Немај гајле.
Колешка моја не плати казна, затоа што иако излезе од државата го запази рокот од 30 дена. Јас следната недела истото ќе го направам - мојот меден месец е платен уште пред 5 месеци, и не мислам да пропадне голема сума на пари заради тоа што некој тренира строгост баш во овој момент.
Во тој случај супер. Ви посакувам убаво да си поминете на меден месец без да се оптеретувате со казни и глупости. Посветете си се само на себе..
феминки конечно земав лична карта после 1 месец време е за пасош?!!!којзнае како ќе биде?!ај некоја од вас ако има искуство да ми каже како поминавте кај инспекторот? се осеќам ко најголем криминалец
Ако имате пасош со стари податоци НЕМА ПРОБЛЕМ ако сте патувале само во Грција - бидејќи Грција не става печат во пасош (без разлика колку време се стари податоците). Јас после свадба бев на меден месец со стари податоци и немаше проблем потоа при промена. Не се дегени тие во полиција, они казнуваат стварно кај што треба. Има луѓе што по 2-3 години не менуваат податоци што стварно е неодговорно! П.С. Мора да ги смените сите документи и внимавајте да не ја заборавите исто промената на името на трансакциската сметка
женски до кај сте со сменување на документите? јас сменив само лична карта за пасош ќе почекам, зошто за 2 недели планирам да одам за црна гора ама преку албанија може и само со лична карта немора пасош така да после одмор планирам и другите документи да ги сменам. ми кажаа дека за пасош се чека многу време (не за сликање и закажување туку за инспектор и сл глупости и процедури)
Женски, јас сменив лична карта веднаш лани кога се омажив и сменив презиме. Но, пасош ги прашав дали има потреба и ми рекоа ако не патувам нема потреба, тогаш кога ќе решам да патувам, тогаш да си извадам нов. И така лани не бевме надвор од Мкд и оваа година се токмиме за Грција одење уште пред некое време и кога ми дигнаа паника за новиов закон, казна ќе сум платела ова она. Си велам, зошто казна кога јас НИКАДЕ не сум патувала со пасошов? Епа, затоа што не сум го вратила во Мвр, без разлика што не е користен. Зошто? Епа имало нов закон, е како може така кога, кога јас се омажив немаше такво нешто и пак додавам, самите тие ми рекоа ако не патувам нема потреба да вадам веднаш нов пасош. И ок, ајде одам јас во Мвр кај Телевизија да ми кажат што да правам, а тие сироти ПОИМ НЕМААТ, те праќаат од една во друга канцеларија и дигаат раменици. Ме изнервираа не знаете колку, и кога сум и се развикала на едната таму што ме шеташе како топка таму ваму ми вели ајде сега ќе те однесам кај колешката , и ајде одиме и кај таа и таа вели, да, законот наложува пасошот да се врати, ама одговорната сеуште нема завземено став што да се прави?! Е јас да знам? И велам, добро, сакам нов пасош што да правам? И демек од тој ден веќе немало поништување стари пасоши туку како вадиш нов пропаѓа стариот. И ок, аплицирам, документи однесов се тоа, и во меѓувреме мајками се чула со една пријателка која работи во пасошко и и рекла дека секако ќе сум платела казна. Јеа рајт како не, не платив казна и се беше во ред. Ако не сте патувале никаде, нема место за паника.
И јас немам сменето пасош, само лична карта, а и неа ја сменив неколку месеци откако стапив во брак. А другарка пред една недела го зема пасошот, стариот само и го поништија и не и направија проблем бидејќи немаше патувано откако стапи во брак. Јас утре имам закажано да се сликам и ми кажаа да го носам стариот пасош да ми го поништат. Казните се само ако ја имате напуштено државата со стар пасош.
А ако стапите во брак без да смените презиме, треба нови документи??? Мислам дека само адресата се менува, но дали е проблем?
Кога се прави промена на било какви податоци, се менуваат документите. Дали адреса, презиме и слично. Така да, ќе треба да се сменат документите. Баш и во формуларот се наведува која е причината (промена на личен податок, промена на адреса на живеење и слично). Ако се стапи во брак но не се менува ниту презиме ниту адреса на живеење нормално документите не се менуваат.
на кој број се закажува за нов пасош? најдов на интернет едно бројче 0800 192 92 ама не можам да го побарам од мобилен. Најверојатно може само од фиксен.
Каква глупост. 90% од луѓево не користат веќе фиксен. Фала ти во секој случај. Има ли некој тазе искуство со казниве? Намалени се или? На сите ги даваат или има некои што проаѓаат и со опомена
Обично казнуваат по 50 евра и мислам дека веќе задолжително ја даваат кога ќе поднесеш за нов пасош. Не можеш да поднесеш без да поднесеш уплатница за платена казна.
Јас веќе поднесов, ме сликаа, ми рекоа за недела дена дека ќе биде готов. Само ми рекоа утредента да одам кај инспекторите, не ми кажаа баш зошто. Најверојатно тоа е тоа, а? А да не одам?
Мислам дека ќе те испрашуваат што како за да ти ја одредат казната. Може ќе поминеш со опомена, може и со казна, зависи. Шознам, поарно да идеш да не си напраиш башка компликации после. Ja бев и поминав со опомена затоа што немав многу задоцнето, ниту еднаш ја немам напуштено земјата, а башка и првпат во брак, немам толку познавања од тие правни работи. Све тоа фино им објаснив и ме пуштија со опомена. Ама чудно е малце чувството, мора да признаам...