Па зависи колку пати си излегувала надвор од државата....јас ептен многу, кога го виде пасошот тој што ме сликаше ме погледна така немо и ми вели: Па вие многу сте патувале со стар пасош! И што да му речиш? Нормално кренав раменици и реков „Идиот“. И така, без врски, без ништо, девојката горе (демек инспекторка) ми рече - 100 евра, 50 ако ги платиш во рок од 8 дена, и тоа е тоа
2 пати само имам излезено. Ама дечкото што ме сликаше не спомна ништо за тоа. Рече да одам кај инспекторот демек зошто пасошот ми траел уште година дена, а јас сега го менувам (заради презиме). Не спомна казни, излегување од земајава и сл. Не ни приметив дека ми го разгледува пасошот. На 9ти спрат те пратија?
Да, на 9ти....па претпоставува дека имаш излегувано, штом менуваш пасош заради презиме, и наместо тој воопшто да губи време и да се замара - те испраќа директно горе. Ако се сеќавам добро - само вторник и четврток можеше да одиш, така?
Да прашам - дали може да се сликаш ист ден и за лична карта и за пасош, откога ќе си го смениш презимето? Благодарам.
не сум сигурна затоа што за да извадиш пасош ти бараат лична карта, а ти нема да можеш да ја приложиш старата затоа што ти е со различно презиме. како и да е, јави си да си закажеш за л.к па прашај дали може и за пасош
Благодарам. Јас денес прашав и ми казаа дека мозе истовремено да се сликаш за лична карта и пасош. Откога ќе се сликаш за лична карта со ливчето одиш во собата за сликање пасош. Еве информација за сите што ги интересира ова.
Жени, а да прашам... искуство со возачка дозвола? Мене ми е биометриска (знам дека старите мораа да се сменат до октомври лани), не ја сменив после венчавањето, не ми требаше, има еве три години. Не возев воопшто, иако не знам колку тоа ќе се важи. Има казни за ова задоцнето менување на возачка дозвола? Оти еве, сега ќе земам часови за возење низ Скопјево, па да си ја сменам и возачката. Ќе ми удрат казна? (знам дека по закон мора да се сменат сите документи после свадбата, ама ете, не ми беше приоритет возачката).
Гледам повторно се активира темава, па да си пишам како поминав. Инаку Моира беше во право. Уште тогаш кога стапи на сила чудово, отидовме се распрашавме, ме викнаа на разговор. Му објаснив на инспекторот што како, дека го немам користено пасошот, туку само прекршок ми е што не сум го поништила на време, дека на шалтер коа земав венчаница ми рекоа дека не е зор одма да се менува, дека не било важно, дека сме млад брачен пар, неискусен у вакви работи со документи чуда и тн. Се` си кажав буквално, без срам и поминав со опомена, за моја голема среќа. Но, затоа кога вадев нови документи со ново презиме...леле мајко „сто години самотија“. Ме враќаа по сто пати за еден извод у рок од месец и пол, а ги гледам на некои на картончето им го пишува датумот од тој ден и им викаат дека истиот ден ќе им биде готово. Една моја другарка иначе за истава работа си плати казна од 600 евра. Ама се утепа од шетање со тој пасош, нема што. Ауу тоа лето ... го преживеав едвај.
Кога сменив документи со новото презиме, не го поништив пасошот. Немаше ни потреба, бидејќи немав намера никаде да патувам. Казни следуваат за оние кои што имаат сменето презиме, а користат пасош со друго презиме.
Сакам веднаш после свадбата да заминам на меден месец. Значи веднаш утредента. Точно ли е дека е казниво дело ако патувам со стариот пасош и дека казните биле 500евра? Како може да патувам надвор од државата? ( а да не биде тоа после 1 месец додека да извадам нов пасош)? Знае некој со сигурност како е? Некое искуство можеби? Благодарам
Па може да ти прогледаат низ прсти ако сакаат мислам, инаку казниво е, да. За да не ризикуваш јас би ти дала еден совет, колку ќе ти се допадне ти си знаеш. Да си се регистрирате порано и да смениш документи па да си бидеш на раат. Но ако ти е желба да е регистрацијата на ден на венчавката баш, тоа е веќе друго. Ова ми падна на памет како најбезбедна солуција, ако веќе сакате баш ден после свадба да заминете. Но јас не би, пренапорно му доаѓа, уште неосвестени од новиот живот, неодморни од свадбата, непребројани парите..... Секако вие си знаете.
Во рок од триесет дена треба да се сменат. Значи можеш ако сакаат и тогаш ќе ти се закачат ама не би требало. Јас одма после регистрација патував па не ме казнија.
Lovely93 фала на советот ама.....ако не отидам одма, ке треба следниот годишен одмор да го чекам, кој би бил 2015.... Се надевам на некој слободен ден покрај свадбата leona83 ....фала ти и на тебе на мислењето. Ке морам да најдам некој закон да видам како е регулирано ова ....
Сега се сетив, ме прашаа кога бев да се сликам и им реков дека сум се јавила на тел. и ми потврдиле дека до 30 дена не е казниво. Можеш навистина да се јавиш.
Еве го моето искуство. Јас лично отидов во МВР во зградата на МРТВ на 9 ти кат беше мислам за пасоши, барав некој претпоставен-шеф за да ми потврди со сигурност. Им кажав дека морам да патувам после свадба(јас ради обврски) и барав писмена дозвола за патување. Ми рекао дека нема потреба писмена дозвола, затоа што еднаш е дозволен излез од земајта, меѓутоа само во една држава. (Ме прашаа да не одам од таа држава во друга). Рекоа дека многу има што патуваат на меден месец и заради тоа е дозволен излез само еднаш. Кога се вратив, одма отидов да извадам нов пасош. Кога го подигав пасошот дојде еден инспектор и ми рече да си седнам да провери дали случајно сум искочила негде во странство???? Кога провери ми рече имаш патувано само еднаш, и да не се повторувам му објаснив дека сум била пред свадба и така натака... Меѓутоа по неговиот израз забележав дека и он нормално си го прими тоа дека еднаш сум патувала. Ми го подаде пасошот, се насмевма и ми честита за бракот Така да те советувам да си одиш лично таму да си прашаш. После и да ти прават проблем, што не би требало, ќе им кажеш дека од таму ти е дозволено патување