Да не имаме ист дечко?! Само што мојов е висок плав и со кафени очи, ама во карактер си одговараат целосно (освен смислата за хумор, он има смисла за црн хумор повеќе )
Како едно мрзливо човече, инаетливо, самобендисано... Знае да ми ги искине живците до таа мера да сакам да му ја треснам една така силно што ќе ме памти цел живот (и онака ќе ме памти) Добар по душа (за сите освен за мене) зошто само со мене знае да се расправа , понекогаш досаден зашто не е расположен за ништо освен за лежење и играње игри по цел ден , некој што воедно ми е и најдобар пријател и чуствувам дека само на него можам да му кажам се, да го влечам со мене на шопинг по цел ден, некој пред кого не се срамам, некој за кого живеам и ми е се на светов, кој би сакала да го мисли истово ова за мене... Некој што ги има најубавите очиња на светот... Некој што мислам дека ќе го сакам цел живот доколку не се промени... Некој со кој што сакам да имам деца... Некој покрај кого сакам да остарам и покрај кого ништо не изгледа страшно и невозможно... Те сакам мое!!!
Mozam da kazam deka mojot soprug e vo 40te godini od svojot zivot i se uste e zgoden privlecen maz koj se grizi za svoeto telo i izgledot voopsto .PA taka moze da se kaze deka izgleda mnogu podobro i od 20,30, godisni mazi koi otkako se ozenile gi spustile stomaci do jaja, izvinete na izrazot no toa e vistina i ne bi go menuvala za nitu eden drug na planetava. Pazliv, intelegenten, custvitelen,ponekogas romanticen .iskren i nesvesno ljubomoren ...ponekogas. Ponekogas znae potajno da izljubomori i vo ovie godini -no priznava ..toa e posilno od mene i se obiduvam da go potisnam vo sebe.Cesto se slucuva da bideme pokaneti na nekoja zabava, koktel druzba ,prezentacija i slicni nastani kade sto ima golem broj na ludje ,pa taka nekade na sredinata od tie nastani ili pri kraj znae da frli eden pogled so ocite i da mi dade do znaenje deka treba go napustame mestoto. Pa taka otkako ce izlezeme a i mene mi doslo preku glava od tie nakontani faci ce go prasam sto se sluci ...E togas znae da kaze ...ocite na golem del od niv bea svrteni kon tebe i tvoeto dekolte ..i da idat u p.m covek so sopstvenata zena ne moze da izleze na raat a nekoj da ne mu ja merka.E togas da mu ja vidite facata izgleda glupo i smesno i mi go prai najgolemiot kejf pa togas se smeam ko luda..i vo toj mig izgledame kako decko i devojka a ne kako zreli ludje maz i zena .No toe e mojot maz i koga pak bi se rodila i bi se vratila vo 20te pak bi posakala da zastane pred mene
svoeglav,bira drustvo so kogo ke razgovara,gordeliv,no mnogu ,mnogu grizliv soprug i tatko,a za zgodnoka da ne zboram ,sekoj den trening ,of i sega koga zboram mi letaat peperutki vo stomak,hahhahah GO SAKAM NAJMNOGU NA SVETOT,,,POSLE DETETO MISLAM HAHAHA
Горделив,реален,решителен , вреден , несебичен , доминантен ,зелени очи, за лепота да не зборам неможам да го гледам од толку шо е убав и секси .. Ме нервира тоа што се сака по негово и шо се мисли дека е у право али тешко со мене да се излезе на крај .
Чувствителен, романтичен, креативен, искрен, обожава animal и црн хумор, на моменти дури и не можеш да го сфатиш дека се шегува, никогаш не е себичен и горделив, што посебно многу ми значи, но знае да се налути за безвезе..Секогаш кога ќе се скараме и да не е крив, прв попушта...Не е некој што се занесува и не е женкар. Понекогаш знае да пати од комплекси на нижа вредност (што многу ми смета), понекогаш реалист, sex machine ... Упорен е и издржлив. Факултетот му е тежок, а сепак го турка. Како што гледам, многу одат на факултет само колку да се речи дека студираат, но тој си го сака факултетот и струката..Не дека има некој посебен талент за тоа, едноставно, си сака. Сака да чита книги за историски личности и да гледа научно-фантастични филмови и документарки. Ја сака технологијата, сака да чита и за вселената. Исто ги сака и мистериите. Никогаш не мислев дека во ваков тип ќе се заљубам..Секогаш ме привлекуваа оние што се познати во градот.. Навистина е срцка, совршен е за мене каков и да е, го обожавам и го сакам премногу!!!
sekoj cest na tvojot soprug koj sto vodi smetka za izgledot i higienata toa ne e za pofalba kaj mojot koj sto sakam da go smenam ama navikite od dete si gi ima dlaboko pod koza. Site vo svoite komenatri gi opisuvaat pripadnicite na posilniot pol od ubavo po ubavo ako toa ne e problem kolku sto mi e cudno sto vo kategorijata so snaaite i svekrvite vinovnicite za problemite so svekrvite pogolemiot del od korisnickite na profilov gi naogaat tokmu vo sopruzite i nivnata pasivnost i pristrasnost kon majkite,a sega zasluzuvaat poubavo opisuvanje od bilo koga ,sekoja cest na isklucoci,jas ne bi mozela da go opisam svojot partner vo momentov poradi toa sto mnogu me nervira mozebi drug pat
Mојот дечко(се надевам и иден маж) е прекрасна и топла личност висок згоден,со кафеава коса и кафеави очи,со прекрасна насмевка секогаш е тука и секогаш бил во најтешките моменти во мојов живот,секогаш ми помага...едноставно неможам да го замислам животов без него.прекрасен е кон сите не само кон мене.толку е добар,на сите им врши услуги и често пати му велам дека тоа не е добро за него,зошто ретко кој ти враќа со добро.но таков е а и така е воспитан.го сакам!
леле не ми се верува лилит, како да читав за дечко ми... абе исти ваков-чудо. колкупати го анализирам неговиов карактер и неможам да го доловам целосно... единствена разлика од твојов опис е што од таа постојана сталоженост знае понекогаш да се испровоцира и да биде моментално темпераментен и со висок тон, али сепак се врака на старото мн брзо а да не е бик дечко ти во хороскоп?
Дечко ми е човек кој се оградува од карање, со мене, со било кој... колку само некогаш почнувам јас да се карам (бидејќи сум доста контрадикторна по природа и некогаш мерак ми е) и кога ќе видам како смирено и рационално ми зборува и јас спласнувам полека и станувам мирна. Има невин поглед кој толку ме шармира и мислам дека често е пресуден за да не се откажам од нас. Јас имам такви бубачки во главата дека не постои вистинска љубов, а и да постои и се најде истата ќе заврши несреќно . И никогаш не сум била залетана по љубовта а сега тој ми прави да бидам и тоа многу. Никогаш не дозволува да се откажам од тоа што ми е најпотребно. Се обидува да ми укаже дека грешам ама не онака директно да ти каже твоето мислење не е ок туку преку шала за да не му се налутам (дека јас сум луто дете ). Ми се допаѓа што ме почитува и никогаш не се ни осмелил да ме навреди. Сеуште незнам како ги трпи моите детски испади и се плашам да не му се стемни некој ден . Многу сака да спие ама ајде нека спие уморен е . Ме интересира се што правел во минатото, и полека полека ми кажува ама чекам да си дознаам се . итн итн итн... Го обожавам дека е човек кој знае да се забавува и кој не се срами да игра во дискотека Ч).
Физички: 175 см. смеѓ, со темен тен и кафени очи. Има остри црти на лицето и вајано тело. Ме сака премногу, би направил се за мене и ми го покажал тоа милион пати. Ме почитува мене и моите блиски. Решителен е , борбен, со меко срце. Го сакам затоа што знае да биде толку силен, но и знае да заплаче (не е лигуш). Горделив е за се, освен за мене. Некогаш се откажува од работите пред да се проба каков е. Сега на пр. се запиша на факултет што никогаш не го сакал и не учи, но тука сум јас со мојата способност да влијаам врз него, па му давам мотивација за да учи и полага. Каков и да е за мене е совршен и го сакам, се надевам ќе завршиме заедно.
Леле што е работава сите скоро сте имале убави и паметни мажи/дечковци? ај јас вака ќе го опишам...... после некое време и крај
Физички ептен си одговараме со дечко ми,двајцата сме високи,црни..но кога ќе се земе предвид дека тој е шкорпија а јас лав ,па може да се рече дека сепак добро функционираме.Во целина неможам да се пожалам,добро се согласуваме,ми покажал многу пати дека навистина му значам и дека ме сака,во тоа ни најмалку не се сомневам.Долго време сме заедно па може да се каже дека многу добро го познавам.Знае понекогаш така да има некои испади без причина,тоа е кога за некоја ситница ќе се рчнеме.Најмногу го нервира тоа што јас ретко попуштам и упорно се трудам да докажам дека јас сум во право.Обично тој е посмирен,само почне и ја смире ситуацијата а јас знам да направам вистинска драма.Има некои луди идеи понекогаш,па одма ќе почне да се жали дека не сум му била подршка,што секако не е точно,сака само да ме нервира.Инаку покомукативен е од мене,скоро секогаш е расположен,умее да ме расположи и насмее кога сум тажна.Сака кога му ги раскажувам книгите што сум ги читала,чита и тој но има помалку време од мене за тоа.Не е многу по романтиката,но знае понекогаш да изненади.Ми се допаѓа тоа што е креативен секогаш смислува нешто,не гледа од другите што прават и не го интересира туѓо мислење.Е несака кога некој го моли за нешто,се што ќе прави го прави затоа што така сака тој а не некој друг.Па добро де никој не е идеален,задоволна сум од него и многу го сакам.
најдбар најгрижлив, шармантен, забавен, инаетчија до немај каде, мисли дека се он зане и дека е во право, без интерес за фудбал или било каков друг спорт (го обожавам ова кај него хихихих) секогаш спремен на с**с зборлив, понекогаш досаден не ме остава да дишам , вреден, работлив и полн со љубов за мене
Виииисок со плави очи Карактерно палав и детинест.Уште е зелен Но има добра душа,некогаш избувлив,несака неочекувани реакции,попустлив,но пред да попушти дооолго го држи лутина.Не баш внимателен и често менува расположение,никогаш не е злонамерен.Се грижи за најблиските.Интересен,прича за себе.Баш ракче!Знам дека никогаш нема да најдам сличен на него
Мажествен! Не можам да поднесам мажуле до мене... Сакам бре маж во права смисла на зборот. Мудар! Секој кажан збор му е мудрост голема... Народен! Ма, нема тој со кого не си прави муабет... Сите се ќе ги праша (нормално од култура) и ќе си тера муабет до задутре за се и сешто. Воспитан! Убаво ми го воспитале и израснале... Харизматичен! Има харизма голема! Луѓето го обожаваат. Сериозен! Делува возрасно и зрело, дури и презреано за годините (такво му е фацичето) Чесен! Не знае да прави лошо, не сака! Се гади на се што е од другата страна на брегот... Амбициозен! Уште сега напредува во кариерата! Кариерата му е доста важна... Исто како и мене. Откачен! Ама само со мене! Пред друг да се изглупира нема шанси... Љубоморен и посесивен (во умерени дози)! Си се грижи за девојката до него никој да не му ја чепне! Со канџи ако треба ќе се брани... Секогаш убаво скоцкан! На машки начин, не е до перфекција, ама баш затоа ми е симпатичен... Џентлмен! Ме познава и знае колку оваа карактеристика ми значи! Маж без манири, не е маж! И секако заљубен! Па мислам дека е совршен! Нормално во моите очи... Затоа и го сакам!
Зен. Тоа е вистинскиот збор кој го опишува. Смирен, ладнокрвен и начитан, ем интелигентен. Сензуален и секси со многу убаво обликувани раце. ... Можам јас да набројувам до утре сабајле, за мене и во моите очи е совршен.
Мојот новопечен вереник ! па вака: Работи но сепак е мрзле - работи заради мене (му реков дека не сакам безделничар за дечко) , има големи соништа да патува низ светот! сака се што делува природно, а го мрази извештаченото! Не се замара со туѓи животи, многу е педантен и чист! По природа многу е избувлив, уште има некое беснило, да го чепне некој одма тепачка , но кога е со мене, и на глава да му се качам и да го иритирам крајно, се понаша како ништо да не, ме трпи! го учам да биде трпелив, и тоа ми оди многу добро! Со сите негови роднини другари е во некаков бунт, секогаш се кара и кара. па дури и на зафрканција, а со мене е како усрано маче, се гали, се мази, се умилкува...се прави фраер, а уствари е многу слаб кога станува збор за мене! Претерано е љубоморен, чим спомнам некој другар, му се крева 100ка притисокот, па почнува со 1001 забрана за приближување, а дружење пак научна фантастика, и така секој пат се караме околу тоа, многу му пречи што имам другари, ама голта се ради мене....како и да е, мн љубоморен е, и тешко го прикрива тоа! Ич не е романтичен! Игра спортска, губи пари и глава на тоа...го карам ама како ѕид да карам,џабе ми е, па прифатив пошто и јас играм спортска хаха! Иначе исто и си пие и си пуши...и за то не се караме, туку и заедно се правиме теписончиња и пушиме! Сите пороци што ги има, се и мои пороци, така да не е некоја причина за карање! Ајде како и да е, многу работи има да научи од мене, па да стане човек и до него ! Мн си го сакам,труп е ама го сакам!
Воздржан, трпелив, молчелив, праведен, заљубен , работлив, педантен, некомуникативен, одговорен... Поистраен човек од него немам сретнето, не се кара, не се докажува, мрази препукување и иронија, не толерира гласно надвкување,сака смирен разговор за решавање на проблеми ама ретко кога го добива со мене! Воглавном е добар човек Му се восхитувам на работливоста, многу е вреден и издржлив, не сака да се жали ниту да одбие некој за услуга (и во 4 часот сабајле го викаат за да заврши некоја работа ) Некомуникативен и доста молчелив! често се случува цела вечер јас да си зборам а тој само да си слуша, за многу случувања останува воздржан и тешко е со него да се озборува! Често пати со својата воздржаност знае да претера, оти си молчи и тогаш кога не треба! Културен, и приврзан за семејството, како и за другарите Обожава излегување на кафе , чешкање по грб , и брзи автомобили! Огромна моја спротивност ... се тешам дека спротивностите се провлекуваат па затоа одлично се сложуваме како пар!