Премногу амбициозен.Упорен за она што го сака.Секогаш ми попушта.Има трпение спрема мене,ама некогаш кога ќе му се качам на глава едвај се контролира.Грижлив е.Премногу ме чува,пази,мази ко да сум мало бебенце.Ме сака многу и ми има докажано многу пати.Љубоморен е.Не сака да носам миничи и отворено деколте.И за тоа се караме секогаш.Не сакал да ми се пулеле сите в ци.ки. Негативност му е што не често но знае да биде наивен спрема тие што не треба.Ме нервира кога сака да чести пр.кафе,пица на некој што му е ништо.Излегуваме на кафе јас,тој и 2 3 другарки мој и тој сите ги чести.Ама затоа јас тука го средив бидејќи не ми се допаѓаше така да прави. Фудбалер е и тоа добар.Го има најубавото градено тело.Мускулчина,стомачни,ама газето му е нај нај. Верувам во него.Знам дека ќе успее во тоа. И тоа.Едноставно прекрасна особа.Знае да ме насмее.Не е озбилна и сериозна личност секогаш си кажува заебанци.И јас така..и заедно сме добра комбинација на лудило.
Мојата љубов?Идеален е за мене Има прекрасни заби и насмевка,и многу ме смее Има убави очи.Амбициозен.Не прифаќа пораз никогаш.Премногу вреден,искрен,голема самодоверба...Во друштво е секогаш главен,а поради шармот паѓаат многу цури Знае да ја покаже љубовта кон мене и малку е љубоморен Меѓусебе сме најдобри пријатели Секогаш е тука за мене,во било кое време.Опасен е Се сакаме бескрајно и затоа сме многу години заедно Многу ми е мило што сум го одбрала и ја запознав љубовта заедно со него Ај да не го фалам многу,туку да го чувам!Многу можам да пишувам...
Идеален Се разбира за мене..Најголемата срцка која ја имам запознаено. Животот многу го шамарил ама останал горд и со огромна смисла за хумор. Детинесто будалест, сака да пее (иако баш не му оди), ама затоа свири преубаво. Вреден амбициозен,нежен.Никогаш не оди на работа без да ме бакне.Полн со трпение дури и за тие што не заслужуваат,тешко нему со мојот ПМС. Сака да се чешка и мази ко мало маче. Теретаната ја обожава, и иако повреден пак ака низ неа..шо значи типично машки твроглав Обожава деца и животни ..абе идеален ви кажвам јас
хахахаххахахах браво девојки ме изнасмеавте .........и мн ми е мило што сте вљубени браво и јас имам до себе еден ханки сто ми е се што ме смее ме нервира ме расположува на некој мн чуден начин ........ах тоа е мојот baby
За мене нормлано е најдобар, најубав и се`нај нај.... Има смисла за хумор, има разбирање, почит, знае да сака, но нормално си има и недостатоци нели никој не е совршен. Но повеќе сакам да обрнувам внимание на позитивните страни, бидејќи ако почнеме да си ги пронаоѓаме мааните нема да има крај ... Во главно за мене е the best
Мојот маж кој моментално спие, како да го опишам, во моментов крчи и ме декоцентрира, чудо како до сега не сум завршила на ушно и како ќерка ми не се буди, спие како топ...мала шала није на одмету (сепак е вистина) Па тврдоглав, инает како магаре, ако науми нешто ќе го истера до крај па мајка јана нека е, амбициозен и вреден, си ја сака работата и ништо не остава на случајот, секоја работа плански ја средува и сериозно пристапува. Педантен е ( иако ми требаше време и труд да го превоспитам дека чорапи не се фрлаат туку така во купатило, туку пожелно е да се покиснат), сака да се лицка и дотерува па дури и за по дома, сака секогаш да е испеглан и стокмен...Висок, згоден, со чорбаџиско стомаче (често мета на мои кикотења), со зелени очи полни со љубов само за мене .. ..,романтичен, чувствителен и голем гњаватор...доаѓа и ме гушка (читај ме дави) баш кога гледам нешто интересно или кога имам некоја работа, не се срами да ги искаже емоциите и ме бакнува многу често онака без повод и причина. Добра особина негова е тоа што знае да ме ислуша кога сметам дека нешто греши и да прифати совет било да е тоа на професионално или приватно поле, а маана му е избувливоста и брзоплетоста, понекогаш рипа па потоа вика оп Како и да е и двајцата сме ваги и се надополнуваме еден со друг и многу си се сакаме
Физички, стварно е во одлична форма(ама ако продолжи со вакво јадење и невежбање нема да биде ).Црн е, височок и има многу убава црвста коса и 10пати погусти и подолги трепки од моите . Ми се свиѓа и што е многу силен, кога ќе ме фати, фатено е Во карактер, што да кажам повеќе освен дека е скорпија Знае да е љубоморен и посесивен, ама брзо му поминува, а кога е крив се умилкува на милион начини и секогаш ми одвлекува внимание со други работи, ко на пример СЕКС Многу е друштвен и комуникативен, кај и да отидеме он се замуабетува до фаза на размена на број што ме нервира понекогаш, кога шетаме со секој трет се поздравува.Ама веќе се навикнав дека е таков.Најмногу сакам што е вреден и што му е многу битна фамилијата, знае да почитува постари, ама наспроти тоа знае да е злопамтило ако многу му згрешиш. Сега кога го запознав во карактер повеќе после толку време, ми е многу полесно со него
Како некој што знае како треба со мене Знае да издозира од се по онолку колку што треба, и да го извлече најдоброто од мене. Понекогаш тоа е нешто што на прв поглед не би го направила, а сепак го правам, и тоа по моја иницијатива, па уште и уживам во тоа И да не му кажам нешто, го знае, зошто ме знае како дишам. Го сакам неговото присуство до мене. Совршено ме надополнува.
Тврдоглав и верен. Малку самобендисан, симпатичен и висок со заводливи очи. Зборува споро и секој збор му е на место, освен кога ќе се изнервира и избувнува тогаш е брз и има гаден речник. Доста интелигентен и способен, со силна перцепција за реалноста, сосема спротивно од моите розови очила. Многу е внимателен и сериозен, треба да го испровоцирам за да дознаам што мисли бидејќи е доста затворен човек. Многу ми се допаѓа неговата насмевка и разделените запчиња, ме освои со неговата силна харизма. Педантен е,вреден, сака уредност и посветеност,има уметничка душа и чувство за убавина.Сакаме иста храна и иста музика.Доста сме слични
Моето топче Нема да се сконцентрирам на физичкиот изглед, само ќе кажам дека за мене е нај совршениот дечко на планетава земја. Карактерот му е волшебен, никогаш во животот не сум сретнала по толерантен човек. Она што го чувствува несебично го искажува, ништо не може да сокрие. Ако премолчи, очите го издаваат. Безрезервно ме сака, попрво себеси би се повредил отколку да посегне по моите чувства. Никогаш не ме повредил, понекогаш само знае да ме налути. Од него ги добивам нај исправните совети, никогаш не погрешил. Никој како него не може и не знае да ме ислуша и да ме утеши. Не сака многу да разговара за своите проблеми и тоа многу ми пречи. Наводно сум имала доволно свои па уште и со неговите да се оптеретувам. Јас сакам се да делиме и добро и лошо. Морам со сила да извлекувам зборови од неговата уста кога гледам дека нешто го тишти. Ми пречи тоа што тој е мноооогу неодговорен: Се успива, доцни, заборава.. Тоа е најчестата причина за нашите расправии, ама па гледам дека се труди. Таков си е и не секогаш му успева да е совесен и одговорен како мене. Романтичен е но не претерано, баш толку колку што треба да биде. Романтиките не се нешто што лесно може да ви падне на ум, па тука следува и тоа дека тој е чудесно многу креативна личност. Ми има приредено фасцинантни нешта, незаборавни, посебни и само наши Многу е паметен, интелегентен и мудар. Со него во друштво не може да биде никогаш здодевно. Тој е тука сите да ги расположи и насмее. Главата му е полна со зафрканции. Смешко невиден! И кога повеќе од очигледно е дека некоја работа јас сум ја зезнала и сум го кренала носот и не попуштам (што е типично за мене), често пати знае да помине преку тоа и да ме остави да го обвинам него. Виновник е и кога не е Човек од доверба и многу добар пријател. Често пати знае да се разочара од луѓето бидејќи мисли дека сите се како него. Пробувам да го научам на малку суровост и дистанца, но не бидува тој е мек и попуслив. Грижлив и чувствителен. Кога јас или моето семејство имаме потреба од било каква помош тој е секогаш тука да помогне. Дури и кога е немоќен се обидува да најде начин. Затоа и многу, многу, многу го сакам. И некогаш ако се случи да ми се развика или да ми се налути на овој човек спремна сум да му прогледам низ прсти безброј пати ако е потребно. Затоа што знам, чувствувам колку многу ме сака, како ме гледа и чува и колку му значам. Со него гледам еден преубав и идиличен живот. Со него и со никој друг се гледам себеси се додека сум жива
Совршен,за мене секако. На моменти многу чуден и тежок за сфаќање,но среќа што тоа се само „моменти“. Инаку,прекрасна личност,полна со разбирање,почит и љубов. Секогаш знае да ме насмее и секогаш ме става мене пред се` останато. Премногу е дружељубив,лесно остварува контакти со луѓето и секогаш е подготвен во секое време да помогне на некој. Лошото кај него е тоа што лесно се навредува (лав е во хороскоп ),лесно може да изгуби контрола и доста лесно можеш да го изнервираш,за било што. Не е од оние ептен мачо-типови,знае да покаже и слабост,некогаш и солза,но со граница го прави и тоа. Некогаш е многу и мрзлив,што премногу знае да ме извади од такт,но педантен е и води грижа за себе. Надворешно пак,има мали,но сепак најубави зелени очи на цел свет,има смеѓа коса,прекрасно тело,мало газе на кое што многу се смеам некогаш, и има голем талент за фудбал кој што се надевам дека еден ден ќе му донесе голема слава. Како и да е,тој е оној дел од мене кој дефинитивно никогаш не би сакала да го изгубам,иако сме тотално различни карактери сеуште се водам според она „спротивностите се привлекуваат“ затоа што навистина не би можела да се навикнам на живот во кој што ќе го нема него. Немам план за во иднина во кој што не постои тој,се` што имам јас,сето тоа е и негово и обратно.
Совршен , секој ден се заблагодарувам на денот кога се запознавме . Таква машка личност мислев дека постои само во приказните за добра ноќ, а излезе дека навистина постои. Никогаш не ме повредил, вистински ме сака,претерано е грижлив, покрај него се чувствувам како да сум заврзана со врвка и да лебдам како балон, се чувствувам исполнета ,сигурна , секогаш е тука за мене, претерано е педантен што значи чисти,пере и готви постојано за мене и никогаш не се срами од тоа ,затоа што ужива, одличен љубовник е ,има идеали,планови и секогаш ме сместува во нив (единствено ме нервира претерано големата амбициозност) , што е најважно од се има ДУША и тоа со огрооооооомно Д. Неизмерно го сакам и би сакала вечно да се радувам на оваа неизмерна среќа
Наречете ме луда, дека премногу се занесувам... ама мислам дека иако немам ни 18, вистински сум заљубена во човек/момче де, кое сум го чекала долго време. Како карактер. Не ми е толку битно како изгледа. Трпелив е, смирен, сталожен, размислува рационално и има фина смисла за хумор, онака -суптилна, а понекогаш е малку саркастичен. Поетичен е и мил, сака да ми удоволува, но покажува карактер кога нешто не му одговара. Тој беше првиот во нашата врска кој кажа: -Те сакам. Ме сослушува кога треба, знае да даде совет и неодолив ми е кога размислува на глас и си донесува заклучоци. Различен е од неговите врсници, барем оние што сум ги сретнала. Не е attention seeking тип, се држи настрана. Го викам мутав. А многу е интелигентен. Прекрасен е... голем алтруист. И ја осеќам неговата љубом спрема мене. Страствен е и знае што сакам, а тоа не сум му го кажала. Го сакам.
Мојот е далеку од совршен. НЕ е најпаметниот, не е ни најубавиот, не е ни најромантичниот, Не е ни најдобриот, но за мене е се што треба да биде. Го сакам и ме сака. Имаме разбирање,се почитуваме. Еден за друг сме создадени. Моите мани се негови доблести,и обратно.
Мојот дечко е на моменти многу строг, а на моменти нежен, мил, прекрасен. Лојален, се сакаме и двајцата, се почитуваме. Има доверба во мене и целосно ме познава. Далеку е од совршен.Ми смета што често знае да биде тврдоглав. Ама сепак си го сакам таков каков што е. За мене е прекрасен.
Мојот дечко е:забавен ,мил,нежен,внимателен,тврдоглав,со зелени очиња,шегаџија,спортски тип,не е совршен но за мене најубав.
Мојот сопруг (не ми е веќе дечко) можам да го опишам како забавен, духовит, шармантен, полн со ентузијазам, спортски дух, трпелив, интелегентен, секогаш е спремен на се за мене, ме сака.......така да јас просто го обожавам и ми е мило навеќе на светот што го имам само за мене!!!!!!!
дечко ми (леле ама ми е смешно ова, некако чудно ми е) има руса коса, и темно кафеави очи Стрелец е во хороскоп голем шегаџија, полн со харизма првиот момент кога го видов ме привлече-тој го направи првиот чекор(ама јас финалниот) се гледаше дека едвај чекаше да му бидам јас втора половина многу е нежен, мил, и многу брзо ми влезе под кожа, ама (тој ова не го знае)
мојот дечко нешто најубаво што ми се случило во последните неколку години колку долго чекав да сретнам ваков човек кој ме сака каква што сум ме подржува во секоја моја одлука и ме засмејува бидејки е голем шегаџија и со него сум најсрекната особа на цел свет и посакувам секогаш да биде така
Многу позитивна личност со која никогаш нема да ти е досадно, а згора на тоа згоден и со убаво изградено тело .Толку позитивност во еден човек немам видено.Не се нервира,многу ретко,скоро никогаш.Омилена фаца меѓу колегите на работа,дома,кај другарите.Секогаш знае да ме насмее,да ми приреди изненадување,да прави фаци кои ме засмеваат и развеселуваат... Има многу мила звезда и таква харизма што просто човек неможе а да не го засака.Никому не му мисли лошо,во било кое време да му побараат помош тој е овде.Човек на место,неможам а да не кажам дека сум пресреќна што го имам покрај себе. Но и покрај сите убави особини,секако не е совршен.Всушност,понекогаш мислам дека му недостига повеќе амбиција,не дека му фали нешто во однос на работата,но сепак секогаш може повеќе и подобро а тој ретко кога се замара со тоа. Инает е гоооолем инаку,за што понекогаш многу го мразам Но ,тој е најдобриот дечко,љубовник,пријател...се насобрано во една личност,лицето на дечко ми.