Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kако би го опишале својот маж или дечко

Дискусија во 'Брак' започната од prettygirl, 26 ноември 2009.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Е баш ваков е, ко на сликата. Пегав со оранж крзно и црни очи, и постојано влече некои лаптопи, ајфони и сл технологии со него. И карактерот е тука некаде........... Често му велам да ми го даде мозокот на една недела да се одморам малку.
     

    Прикачени фајлови:

    • iTeddy.jpg
      iTeddy.jpg
      Големина на фајлот:
      37,3 KB
      Прегледи:
      374
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Ма доволно е што ме трпи мене :rofl: :rofl: :rofl: Тоа значи дека е нешто посебно,иако не е романтичен ме гушка најубаво...И нешто што најмногу го сакам кога спиеме заедно наутро кога ке се разбудиме често знае да ми каже колку си убава,те сакам... Аххххх :rofl:
     
  3. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Малку повисок од мене, црн, пуничок (иако се обидувам да му набијам комплекс да ослабее бидејки не е убаво за здравјето, сепак ми е симпатичен и си го сакам таков, нејкам слаби машки), инаку што се однесува до карактерот има многу лоши особини но премногу го сакам за да го оставам... Понекогаш е премногу љубоморен, мрази гужви и излегувања, понекогаш ме лаже за безвезални работи (но тоа лажењето му е во гените што да правам), не е многу романтичен но за мене се труди, друго не ми текнува. Знам дека многу ме сака ми го има докажано повеќе пати.....
     
  4. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Плав со плави очи поубави од небото, трепките големи и извиткани нагоре...може и во очите сум вљубена а не во него :D , средно полничок-послаб од мене :D ама, предобар со мене, по малку инаетчија,ама со мене на крај не испаѓа :?: понекогаш без осет а понекогаш полн со романтика :inlove: ваков или онаков мене добар ми е :*
     
  5. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    совршен за мене иако секој има маани и никој не е совршен ама за мене е прекрасен ама понекогаш знае да ме изнервира ама неможам д аму се лутам долго кога ќе дојде до мене пак си го гушкам и заборавам на нервозата
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.242
    Допаѓања:
    6.713
    Нема да речам дека е совршен бидејќи никој на денешницава не е совршен ...знае да ме изнервира и да ме испровоцира дури и да ми дојдат солзи на очите ..Кажува многу работи кои знам дека не ги мисли , да не помисли некој дека сум затрескана будала но многу пати ми докажал дека навистина ме сака ..
    Нема да го опишувам на изглед бидејќи тоа не ми е ни важно толку .Досега со сите машки со кои сум била кои биле преубави на крајот излегоа најголеми сељаци така да решив дека тоа го ставам во 35ти план :)
    Од друга страна има милион причини да бидам со него и сакам да бидам покрај сите препреки , премногу е романтичен знае да ме изненади иако мразам изненадувања . Можеби и затоа ме изненадува бидејќи е ИНАТ ! :D Ја има харизмата која ми треба :wasntme:
    aма сепак досега изненадувањата биле во позитивна смисла.Знае да каже и убави зборови кога ќе го омекнам јас , почна да слуша love songs само за мене (го ценам тоа) :) најдолга врска :D finally with the right person :)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Пристоен до немајкаде...
    Ладен, смирен, понекогаш мислам дека апсолутно ништо не може да го извади од контакт-дури и мене ретко ми успева...
    Сеуште немам видено солза на неговите очи, таква контрола на чуствата единствено кај него знам...
    Не, не е робот :)
    Топло срце, раце во кои се чуствувам заштитена, единствен човек за кој бев сигурна дека сакам да биде татко на моето дете...
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ах, Тој.

    Ми беше старо нова љубов, но тоа што го чувствувам за него мислам дека е толку посебно што и да сакам некогаш некој после Него, нема да биде толку интензивно. Ме надополнува, тој е моето јинг, црниот дел од еурокремот, јас сум Негова.

    Некој некогаш ми кажа дека кога двајца се сакаат, колку време и да се разделени, кога ќе се видат таа љубов ќе биде силна како на почетокот, и тие ќе бидат заедно. Не знам дали е до космосот, карма, судбина, ама потребата да бидам со него никогаш не исчезнала. Го сакам со цело мое срце, ми треба воздухот што го дише тој, ми треба секое негово трепкање и чукање на срцето.

    Физичкиот дел веќе толку не ми е важен, Тој никогаш не бил онаков каков што сум замислувала дека ќе биде, ама нема пора на кожата што не му ја обожавам. Ме смирува, ме опива, ме дрогира.

    Го сакам.
     
    На Dust, LivingGlam, Sun.shine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    тикварот мој ? :D е таков,смирен,будала,лутко,романтичар,инат,срце,вол,говедо,маче итн итн :D очи како бадеми :D усни како мед :D ајдееее како ставрно принц да е хахаха се шалам
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Исполнет сон за скротен Казанова, малку инаетчија ама пред мене омекнува, крајно мачо однесување да се знае кој е кој ама секогаш со мера иако напати ми иде да му кажам кај да си го стави мачото тоа негово,висок,со задник уфффф....секој потег страст-матот не е императив. И тоа на кое што самата си се лутам е што не можам него никогаш да му се налутам. Кога ќе мо погледне така со очите и кога ќе тресне нешто сосема безвезе да се изгазиш од смеење...е ајде лути му се да те видам...добро освен кога заборава да го спушти капакот од вц или кога ќе иззводени у купатило а не избришал...
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Мојот долгогодишен другар, сега е моето срце...Не, да се разбереме, тој и порано ми беше срце....не знам вероватно имаше нешто. И тогаш обожавав да го гушкам. Тој е моето другарче, подршката...гушкалото..... :* човекот со кој можам ама буквално за се да зборам.
     
  12. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Висок,убаво граден,зелени очи,смеѓа коса,со строг изглед но изгледот лаже :D со мене не е строг,освен во одредени моменти...Има смисла за хумор,голема интелегеција,знае да готви,да чисти...има свои идеали и сваќања,голем авантурист е,љубител на природата...сите работи му се поврзани на некој начин со професијата(во посебна единица е) :lol:

    За мене е совршен,од кога го сретнав ми се смени животот,Го сакам!Прв тој ми пристапи,и уште од првиот пат кога се запознавме ми призна дека никој никогаш во неговиот живот не му оставил впечаток како јас ;)
     
  13. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Избувлив. кога се работи за друштво, семејство, мене, прво прави после мисли (лошо нели? ) а кога станува збор за работа прво мисли (паметен тој). :) Има преубаво тело (по два часа дневно во теретана) и секси газе :) Тој е моето злато. Си го викам бебе иако е 2 метра :lol: . најдобро се справува со мојот карактер иако често му се “качувам“ на глава. Знае најдобро да ме ислуша и да ме смири кога сум нервозна :inlove: , ама знае и толку многу да ме изнервира што знам да ме залепам по некој шамар (и јас избувлива :swear: а и да не се се сватиме погрешно, ретко ова -еднаш во две години) размислува повозрасно за годините што ги има а моите го обожаваат “Вакви деца ретки се, еден на илјада“ зборови на мајка ми |( Амбициозен, човек кој од петни жили се труди сите свои соништа да ги претвори во реалност. Изгледа голем и груб а кога е со мене е најнежното суштество на светот :inlove: кога не е со мене цел де го поминува на компјутер (тоа му е работа) а голем зависник е од :skype: Знае понекогаш да си закажува нешто па да почне да си се фали, али ете го навикнав. има преубав стил на облекување а и добро се снаоѓа во музичките води :!: и така.. имам уште многу да кажам ама ако почнам нема да можам да прекинам па најдобро е да помолчам сега :D Ма каков -Таков, Најмногу Си Го Сакам !
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СОВРШЕНСТВО !!!
    Не е ова сега секој да си го фали/преувеличува партнерот..но навистина е совршенство. Добивам љубов од него повеќе од било што на светов, внимава на мене, ме чува, ме пази, се грижи за мене, ме задоволува, ме смее до лудило..навистина не знам со што го заслужив, но знам дека е вистинскиот за мене :) После толку неуспешни обиди, и тоа доооооста неуспешни, пропратени со понижувања, омаловажувања редно време беше и јас да доживеам вистинска љубов. Знам дека е смешно од сега да кажувам, но знам дека тој е човекот со кого сакам да се омажам и да имам дете/деца..Најсреќна сум што имам љубов моја и никогаш не ми паднало на памет да те оставам/изневерам. Таквите ко тебе се ретки, затоа те чувам ко капка на дланка :) море тебе треба во кафез да те чувам од толку што си скапоцен за мене :inlove:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Еј слична приказна имаме , и мене ми беше долгогодишно другарче :)

    Прекрасно муслулесто телце, харизматичен, самоуверен, паметен, малку тврдоглав, внимателен, по малку љубоморен, можам да кажам и доста зрел и свесен за свои години. Мој мали је опасан :D :inlove:
     
  16. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Физичкиот дел - висок, убаво градено тело,без маана нормална тежина иако тој си увртел дека има некое кило плус;) со широки рамена - што посебно сакам кај маж, не многу мускулест, убаво мало газе, убаво дефинирани нозе, прекрасни дланки и стапала - мазни и со совршена големина. Има зелени очи кои менуваат боја :D прав нос, истакнати јаболчници, тенки усни, мааалку поголемки ушиња, смеѓа коса - во опаѓање ама убаво му стои, убав облик на веѓи, светол тен и не е многу влакнест. Има понежна кожа од мојата :rofl:
    Карактерно е алфа мажјак, кај него нема лабаво, си има свој ставови кои тешко ќе му ги смени некој, не е подложен многу на туѓи влијанија, си тера по свое без разлика на тоа што ќе мислат или кажат другите. Знае што сака и не се срами од тоа. Некогаш е тврдоглав и инает и не е секогаш во право. Крие чувства посебно кога му е тешко, што ме нервира некогаш, ми делува како да е од камен. Не е многу активен или работлив - остави го цел ден во фотеља и пред компјутер-таму ќе го најдеш. Ова малку ми пречи затоа што е во седечка положба 20 часа на ден, а и седи дома постојано :rofl: Незнам дали не е амбициозен или едноставно несака да фати некоја `машка ` работа. Мислам дека совршено би му одговарала работата како дактилографка.Не е толку романтичен колку што се претставуваше и колку што мислев на почетокот.Понекогаш е злопамтило,памтел што сум му рекла некогаш а тој бил повреден од тоа, па ќе ми врати на ист начин.Паметен е и доста поткован со информации и знаење за некој кој нема завршено средно школо.Заштитнички настроен - по потреба, во ситуации кога сум мислела дека би бил заштинички настроен кон мене тој покажал сосем нешто друго. Не е многу љубоморен што по малку ме нервира понекогаш делува како да му е сеедно.Не е посесивен во врска со мене,неможам да се искажам конкретно за што станува збор,ама хм, сум се запрашала што всушност чувствува и тоа повеќе пати....Понекогаш се прашувам дали го познавам добро..хм... :D
     
  17. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    кога читам со колку љубов ги опишувате своите партнери,срекна сум за сите вас,но малку се растажувам за себе зошто не можам да го почувствувам истото и се чувсвтувам како да ми има поставено ,,ембарго,, на моите чувства кон него.не верува дека го сакам,го докажувам тоа постојано, но...тој е многу чуден човек,не знае да каже ,,те сакам,, не кажува ,,убаво изгледаш,,, а сигурна сум дека го мисли тоа,смета дека духовно му одговарам многу,но и тоа не ми го кажал,знае сто ме растажува и продолжува со тоа.тоа е човек што не може или не знае да изрази чувства ,но јас сум длабоко убедена во себе дека е добра личност со силна физика ,детска душа, нерешителен и со голема смисла за хумор.и кога сум бесна успева да ме насмее.не знам зошто но ГО САКАМ.
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Совршенство од човек! Ех ти пусто совршенство ме направи да си ја изгубам главата...
    Прекрасен е (многу нормално, кога сакаш некој,го гледаш како најубав), прекрасни очи кои ја менуваат бојата во зависност од времето, топол поглед, добро градено телце (мило ми е што нема ни еден грам вишок, но и да имаше што менува? Не се битни плочките, битна е чешмата :D :D just kidding, ама така си е па што? ).
    Не знам, зарем можам со зборови да го опишам? Да можев сигурно не би го сакала, ете затоа што се поврзано со него ме остава без зборови, затоа го сакам! Нај прекрасно суштество на светов. :inlove:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Па за совршен не би рекла дека е совршен,па и јас не сум совршена на крај краева. :lol:
    Црн, висок, со најубавите зелени очи. Секогаш тука за мене,подготвен да ме сослуша,па макар и 2 часа да не допрам со зборење.Ме почитува. Педантен. Харизматичен.(мислам дека поради тоа се вљубив во него) :$ . И да понекогаш срамежлив. Упорен да го оствари тоа што го наумил. Човек кој што страшно многу ја сака работата што ја работи. Кога е расположен може цел ден да те засмејува, а кога нешто не му е во ред одма се мурти. Кога е лут,е лут и треба да го оставам да му замине лутината. Воопшто не е мрзлив. Одговорен е, кога за некоја работа ќе се нафати да за заврши секогаш ја сметам работата за завршена. Човек што никогаш ме нема разочарано. Барем досега :lol: Понекогаш знае да биде во мала доза љубоморен што мене ми е навистина симпатично, па дури и смешно. има една мана што мене страшно ме нервира е тоа што секогаш доцни. И тоа е причина за нашите караница. (Дај боже и само тоа да ни биде)
    Ма каков е таков е. Мене ми е супер.
     
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Не дека ми е дечко, но тој е личност кој секој би посакал. Мил, интелегентен, внимателен, учтив, пречувствителен (дури повеќе од што треба). Едноставно понекогаш се нервирам дури колку дозволува сите да му се качат на глава. Има висока граница на толеранција, но ако некој успее да ја достигне и таа граница е тогаш тешко нему :rofl: , иако треба доста многууууу да се „потруди“ да го изнервира. Физичкиот изглед: средно висок, смеѓ, со темно зелени очи (некогаш и светло кафеави :!: му се менуваат). За мене најубав и дефинитивно човекот со најубавата насмевка на свет :P