шармантен паметен убав,добар романтичен внимателен,но во исто време и лош,принципиелен,доминантен морам да кажам дека е и многуу љубомморен и нареднички настоен деновите со него ми се исполнети со љубов и внимание,а некогаш се исполнети со тортура и притисок,некогаш ми иде никад да не е оделам од него ,а некад нити сенката да неми ја види знае да ме изади од кожа ама и нае како да ме смири
Инает, спанко, тврдоглав. Мисли дека знае да готви, а всушност појма нема-само ај докажи му! Три тањири ги мие половина час. Алергичен е на прашина и тоа само тогаш кога треба да усисава. Ама кога се мора...се мора.... Ме буди за викенди во 10ч-да сме се шетале. Ме тера да јадам повеќе-а кога јадам ми вика буцко. Да ми кажеше некој пред 10 години дека со ОВОЈ ќе останам-ќе му се згазев од смеење. Ама ај! Срцка моја
Ангел . Преполн со топлина, смирение во изоблиство, вистинска љубов кон сите (не само кон мене), нежен, добар, внимателен во секој поглед, романтичен, снаодлив во секоја ситуација, зборлест... Негативности: Кога ќе ми се налути не ми зборува 5 минути . Тоа му е лоша особина. Што е многу, многу е!
Мојот дечко има непредвидлив карактер, незнаеш кога ке се израдува кога ке избувне пред друштво, тоа не му смета, секогаш нешто друго му е на прво место, на пр мн се оптеретува со работата..и како да мисли стално во тоа...се чувствувам како скулптура покрај него која само се користи за вечерните излегувања во друштво и за во кревет, никаква нежност во јавност, никакви романтични зборови...едноставно тој е многу ладен карактер, многу се нервирам од неговото понашање,и во личе му зборувам, и сега сигурно ке ми вратите: зошто сум сеуште со него? Немам некој конкретен одговор, само знам дека сум мн изладена во врска со него, ништо не прави за нашата врска, оваа година не се ни замараше за подарок за св валентин, а јас пак му купив, а мислев дека и тој ке ми подари нешто. На кафе излегуваме во просек 5 пати месечно, а сме на 5 чекори до кафичот, и јас а и тој. незнам, помагајте, има ли некој лек...? п.с кажува Те Сакам ама не докажува...
Хмммм, од каде да почнам?! Внимателен, стабилен, созреан, амбициозен, посветен, се грижи за мене (понекогаш и премногу), спремен е да помогне на сите и во секое време (без разлика дали некој заслужува или не), романтичен, мил, добро воспитан, има одлични манири... Секогаш е спремен да направи се што треба за јас да бидам среќна и задоволна, ме сака најмногу, тоа гордо го пoкажува пред сите. Што повеќе можам да побарам?! He is the one for me!
сите што не знаат како пар не опишуваат како најспецифичен пар. А и јас се согласувам со тоа Многу сме спонтани, а и го чувствувам како најдобар другар бидејќи за се зборуваме. Само во последно време е премногу импулсивен, бидејќи имавме некои кризи во врската, али ќе го надминеме тоа! Инаку обожава да ме заебава, онака смешно И мене ми вика ама не буцко, него буце и секогаш ми прави некои неочекувани акции, како на пример ќе одиме некаде, ќе шетаме и ќе земе на сред пат ќе ме дигне хахахахаха... Serafima ова и кај мене се случува само најчесто е едноминутно. А некогаш е 3
добар,внимателен,интелегентен,вреден,се сака да е под конец,полн со енергија,љубов,почит и разбирање,мој најверен другар,пријател,љубовник........
Mногу е убав Чудна комбинација на карактеристики кои ги имаше во младоста и некои кои по пат ги има стекнато во последниве години, посебно откако се венчавме и обврските и амбициите секојдневно се зголемуваат. Пред многу години кога се запознавме и ја започнавме нашата врска беше типична риба Поседува некоја чистина во себе, добрина и искреност. Копнее за баланс во домот и хармонија во врската. Претерано осетлив, зависен од мојата поддршка, љубов и разбирање. Со текот на времето созреавме, сме сменивме. Можеби јас (типичен јарец), можеби животот и обврските кои ни се секојдневно на патот го имаат пресудното влијание. Суштината е истата, само плус уште некои карактеритики кои можеби по пат и двајцата истовремено ги стекнавме, па сеуште перфектно си одговараме Сега би рекла мала доза на ароганција, нарцисоидност, ладнокрвност, многу затворен, недоверлив. Подготвен на се за љубов, поготвен на се за да бидеме заедно, сторил се за мојата (нашата) среќа. Ретко кажува Те Сакам. Обично му го гледам тоа во делата или очите. Еднаш случајно го прашаа која религија е. Одговори никоја, атеист сум. Му рекоа мораш да веруваш во нешто. Рече да, верувам во една ствар, сопругата, ништо друго на овој свет.
Целата убавина му извира од внатре. Има предобра душа, може да се снајде во секакво друштво, зборува со сите, допадлив е од прв поглед. Има страшно големо разбирање и за мене и за другите, трпеливоста му е јака страна, не избувнува, не се дере во никој случај. Стабилен маж, токму каков што ми треба.
Mojot decko e mnogu dobar, vo se mi ugoduva, me saka premnogu, mil e, najmnogu mi se dopaga toa sto ne e ljubomoren i ne mi zabranil nisto vo tie 2 godini vrska.... mnogu ni e ubavo koga sme zaedno. Ahhh kolku go sakaaaaaaaaam
Спојлер е ај да го опишам иако тој е тој нема што многу да се опишува он е таков каков што ке бидеш ти со него баш така.. изгледа убаво,нежно,фин господин,културно... знае да биде добар кога му одиш по кејв знае да направи се за тебе во тие моменти.. знае да е агресивен и налутен.....незнам многу што да го опишувам а ова што пишав ми падна на памет и како изгледа го опишав како лош дечко ама не е таков ке си налегне на брашното
vtor del na Brad Pitt vo izgled vo karakter dosta dobar, znae da saka , pocituva, da ceni,znae da me iznenaduva, a znae i vo kujna da zamesa prsti, edinstvena negativna strana mu e toa sto nekogas znae da go povisi tonot i da se razvika na nekoj nedolzen od semejstvoto , a za go iznerviras navistina treba na glava da mu se kacis, vo globala e super znaci fin, kulturen,zgoden, i sto e najvazno moja potkrepa za se....
Сосема различен од времето кога првпат се запозавме. Ама во позитивна смисла Сега ми е речиси 100% по кејф.
Едно мило срцле со брадиче портокалово и прекрасни очки, и еден сексилав нос за кој мисли дека му е крив. Трпеливо весело створење полно со разбирање и љубезност, и толку, толку чувствително што ми иде да го гушнам најмногу оти е такво, и да не го пуштам никогаш. Ех, љубим.
Маж ми мислам дека ќе остане вечно дете Сака игрици на компјутер, да биде најдобар кога оди да игра фудбал или кошарка, да му се обраќа внимание... 30 и кусур годишен маж ама ми е сладок што е таков. Не можам да речам дека е некој лизни мазни од култура и речитост во изразувањето, бидејќи секогаш од што е искрен и брз е што на ум то на друм (што му замерувам понекогаш). Помага по дома се што ќе му кажам, ама секогаш кога ќе заврши работа сака да слушне да го пофалам . Многу е интелигентен и работлив, сака да напредува во кариерата и голем домаќин е. Не е човек кој многу сака да излегува во град (само ако станува збор за јадење - тогаш е прв). Не е многу трпелив, но свесен е за своите маани што му е многу голем плус. Најважно, кога ќе му кажам дека нешто што направил/кажал и сл.не ми се допаѓа, никогаш не го повторува повеќе (што е за честитки).