ТОј е најмилото,најсовршеното,најдоброто душле на цел свет.Да го барав немаше никогаш да го најдам него-мојата сродна душа,толку мил и културен,а истовремено со тие кои што не заслужуваат да е таков остар и груб.Некогаш е како дете,но кога треба сериозност е сериозен.Знае да сака со целото срце и душа,се дава за најблиските,ако треба и животот ќе го даде,секогаш верен,се што ќе каже го исполнува,малце тврдоглав на моменти,но брзо омекнува.Што и да кажам малку е да кажам колку е совршен.
Тој е најдоброто нешто што можев да го посакам, па и повеќе од тоа. Не постои нешто што не би направил за мене и знам дека за него сум една и единствена. Би убил и човек за мене ако е потребно, ете толку ме сака Нашата љубов е посебна, не можам да опишам со зборови колку сме компатибилни во се’ После 9 години поминати заедно, го сакам таков каков што е, со сите негови маани и доблести и не посакувам да се смени. Подобар човек од него не постои, толку е добродушен што и последните пари или последното парче леб би ги дал некому кому навистина му требаат. Искрен е, чесен и работлив. Зборлест е, има неверојатна смисла за хумор и веднаш може да му се допадне на човек И најважно од се’ (покрај меѓусебната љубов, нели), знае да ме трпи и кога го напаѓам под влијание на ПМС, знае да ме смири кога полудувам, знае да ме утеши кога ми е тешко, ма знае да ме љуби како никој! Не постои таков збор што ќе опише колку е голема нашата љубов! Тој е мојата сродна душа
Во моментот се осекам како на седмо небо,после толку време и големи грешки го најдов вистинскиот и ми одговара според карактер и физички изглед.Висок со плава коса и многу си го сакам моментално е во странство и само ги бројам деновите кога ке се врате.тоа е љубов иако е далеку ми обрака најмногу внимание и постојано ми укажува колку ме сака.........те сакамммм срце
Најпрекрасното нешто што ми се случи во животот мојот сопруг прекрасен човек со специфичен карактер и принципи помалу инаетчија,доста е одговорен што се коси со мојата неодговорност па извлекуваме средината некако,прекрасен маж и татко,знае да ти се издере но и подоцна да се извини што е најбитно не е љубоморен само до граница на нормалата.Ако споредувам со фактот дека има секакви мажи па мојот е идеален за мене.
Хмммм маж ми малку е тврдоглав инаетчија ама не може со мене хаха секогаш ми попушта,знам да го изнервирам ама по 5 мин.како ништо да не било,не е љубоморен,секоја вечер ми кажува дека ме сака срце е.Искрен е,чесен и работлив,зборлест се шегува,има темно зелени очи му се менуваат во кафени,средно висок малку буце ама таков си го сакам грижлив.нежен е,гледа се да ми угоди ми помага низ дома.. брз е што на ум тоа на друм.. сака да му се обрака внимание...
Со 300 маани кои ги сакам повеке од доблестите, со луда фамилија од која знае како да ме заштити, со мојата луда фамилија со која знае да се справи, ко за мене-таман... И секако, насмевката од милион долари!!! Човекот кој сакам да биде татко на моите деца.
Саншааааааааааааааајн суштество кое ме разбира , помага , верува , почитува , брани , пази , мази , заштитува , сака , личност која секогаш кога ќе ме види се вљубува повторно и повторно.Висок , згоден со мотана коса (мојата занимација) , и најсигурните кафеави очки кои некогаш ме имаат заштитено.Просто ,едноставно за мене кажано СОВРШЕН !
љубовта на мојот живот не би можела без него човекот кој секогаш е тука за мене ме сака ,пази, чува ,гали, почитува, разбира, знае во секој миг како да ме насмее и личност која на секој /а и во секое време ќе им се спротистави доколку сум јас во прашње едноставно тој е совршен за мене
Мојот дечко..хмм.. Кога немав дечко замислував дека ќе биде паметен, згоден, ќе знае совршено англиски, ќе ме смее секој божји ден, ќе биде трпелив, неодолив, сладок, вреден, ќе ме почитува и цени и ќе ме сака најмногу на светов (онака како што заслужувам ) ). Наместо тоа, мојот дечко е сево ова па дури и повеќе. Само ме нервира што толку слепо му верувам за се и што знае како да ми се пикне под кожа секогаш кога нешто ќе ми згреши, па тогаш не можам да му се развикам и налутам де..а да, и не знае англиски совршено ама тоа мене ми одговара Те сакам ангелче !
Сеуште ми е дечко....уште малку барем колку што збориме за тоа се надевам ке ми стане и маж Сепак 9 годишна врска не е малку време...инаку опис: најнежниот и најгрижлив човек што го имам сретнато до сега,барем за мене....
Не знам зошто но најчесто зборувам за маж ми или претходно за некои дечковци кога има нешто лошо да кажам, односно да си се искажам Има еден куп позитивно да се кажува ама едноставно мислам дека убавите работи што ги прави за мене, тоа дека ме чува и гали и пази е "обврска" на секој маж па така и на мојот. Е сега нешто што почнува да ме нервира, е тоа што почнува да прима дел од моите карактеристики, за брзо моите размислувања стануваат негови Во последно време во него препознавам многу карактеристики, начин на изразување, размислување кое било мој начин на изразување и многу различно од него. Па дури и кога се караме се претвора во МЕНЕ. Некој цел живот се труди да го промени сопругот ама мене не ми се допаѓа оваа работа воопшто. Зедов маж или дете кое треба да го воспитувам допрва?
Хмммм. Добри особини: Дечко ми е личност која е тука за мене во секој момент. Кога ми треба помош, услуга или било што него го барам најпрво. Нежен е, мил, духовит, скоро секогаш е насмеан ретко нерасположен. Ја има најубавата насмевка на цел свет, едни трепки природно навиткани му завидувам жими се, како меченце ми е такво црно малку буцкасто, да го стиснеш да не го пуштиш. Има премногу почит спрема своите родители и спрема мене. Така сакам и да остане. Најголема желба ми е да сум му единствена до крај на животот. Има многу добри особини не за џабе сум со него толку време. Лоши особини/постапки кои ме нервират и пречат: Некогаш нема осет, кога е доста со зафрканции или како и да е, лаже за глупости- ама луге апла глупости. Добро и јас лажам, на пример не знае дека сум овде зачленета ... Не искажува емоции пред останатите како да му е срам, на пример се држиме за рака додека шетаме и само што ке влеземе во кафичот каде што сме 24/7 ке ме пушти, се понаша како да не постојам Ме нервира што некои фори што на пример сум мислела дека само со мене ги има, сум мислела дека е our thing излегло дека со сите така прави и тоа прави да не се чувствувам толку спешал Не сака романтики, тој е најнеромантичниот тип што го знам, абре татко ми 60 годишен е поромантичен од него Мислам, некогаш малку лигавење не е на одмет. Не е баш одлучен, што дури не знам дали некогаш ке се одлучи за брак, до толку ми е чудно да го замислам во таа улога. Кога сме веќе овде, детињаст е, се си сфака на шала. Често му се случува да плука па да лижи, се грижи за останатите повеке одколку за себе. Јас на пример си знам за мене дека сум тука секогаш за него, но тој прави добро и се залага за работи за кои немора воопшто со прст да мрдне, а останатите за кои го прави тоа не ценат ништо. Ццц излезе дека има дупло повеке недостатоци одколку работи кои ги сакам кај него, ама и покрај тоа функционираме солидно, како и секоја врска си имаме и ние проблеми но ги решаваме експресно, на пример последен пат имавме караница во Мај, пу пу да не урочам... Каков таков, мој си е, си го сакам, ме сака (или барем добро ме лаже), и јас ке станам снаа во неговата куќа кога ке дојде време.
Плав, плави очи, висок 185, мускулест со стомачни, најубава насмевка и заби на свет, неубави стапала, малце има брадичка, многу убаво носе. Ко прво, никогаш ептен онака не ми се допаѓале плави деца. Значи, јас сум плава, плави очи, мннногу бел тен, сакав нешто спротивно од мене. Али ете, арно викаат дека со нешто друго ќе бидеш. Физички веќе го опишав, не дека е мој дечко, али е стварно згоден и убав, за некои повеќе, за некои помалце, али тоа е факт. За карактерот треба многу повеќе да пишувам. Многу е нежен, нема никогаш ни глас повишено на мене, дури ни кога сум заслужила. Нежен е, дури и кога некад сакам да ме зграби и да ми прави нешто, тој не, али добро, треба и јас да си изразам желба за тоа. Ме почитува и сака, иако порано многу повеќе го покажуваше тоа, сега нешто ми се инати, па ретко има такви испади. Љубоморен е во нормални граници. Ме нервира што е малце несмасен, ко што би рекла јас на мојов дијалект, коктав е , де ќе испушти нешто, де ќе ме згази несакајќи. Исто ме нервира што маните мои ми ги спомнува пречесто, па се расправаме на таа тема, тој мисли дека така ќе ми помогне да ги сменам, оти и јас не си ги сакам тие особини, али не сфаќа дека само ме нервира повеќе и сакам да го натепам тогаш. Моите желби и потреби се на прво место, неговите ги занемарува некогаш ради мене. Секогаш сум добредојдена кај него дома, неговите се супер, имаат многу интересна домашна атмосфера. Се што ќе ми потреба, сите мои потреби, желби, за муабет ко со другар, другарка, тој е тука за мене, како и јас за него нормално. Комуникацијата ни е на ниво. Си кажуваме се што ни смета, многу парови не го прават тоа, дали за да избегнат кавги, или да не дојде до раскинување, не знам, али јас тоа не го оправдувам. Фин е со другите многу, дури и тогаш кога не треба. Толерантен исто. Малце мрза и влечко. Многу дрдори. Се на се, ми одговара ко личност и ко партнер, не знам дали пред некој друг би можела да се отворам на ваков начин и да знам дека иако не ме разбира секогаш, бар ме прифаќа ваква каква што сум.
Серозно ,ама мило,неодоливо фациче со најубавите шарено зелени оки и мало носе што секогаш кога ке го видам ми иде да го бацнам Внимателно,нежно но и лесно избувнувачко суштество измислено само за гушкање и гњавење . ете каков ми е таков ми е - ЈАС СИ ГО САКАМ !