Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kако би го опишале својот маж или дечко

Дискусија во 'Брак' започната од prettygirl, 26 ноември 2009.

  1. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Црн ко циганче е, а така и си го викам. :D Многу харизматична личност, не останува незабележан во секој поглед. Ако не го видиш, ќе го чуеш како дрдори. Во тоа сме исти, доста зборливи што се тепаме кој попрво да каже нешто. Многу е интуитивен, не морам да му кажувам што сакам, како сум, ме чита буквално. Но секогаш ме прашува, се грижи за мене. Многу често знае да ме изненади со мали работи, знае и со поголеми море каде ме става во незгодни ситуации. Не сака да зборува за неговите чувства, но очите и делата го издаваат. Не зборува за проблемите и не се сожалува, што многу ми сметаше мене. Но сега почнува да си ја отвара душичката што ми е многу мило. Многу работи. Немам сретнато поамбициозно суштество од него. Културен е, фин и добро воспитан. Има голем круг на пријатели и сите многу го сакаат. Цело време ги смее и шири позитивна енергија. Некогаш е ко мало детенце кое сака да му угодуваат, но таа страна мислам дека му ја знам само јас. :D Важи за многу реална и стабилна личност која знае што сака во животот. Има големо разбирање за секоја ситуација, љубоморен е многу но никогаш не признава.. Секој момент со него ми е радост и смеа. Сакам мојот син да ги има неговите очи :tmi::D
     
    На Dust, Petar80 и Mariangel им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Мојот..... едноставно немам коментар за него. Во негативна конотација !!!! Човек без скрупули, човек бескрајно себичен, непромислен, возрасен човек со емотивна интелегенција коифицент - 2. Се прави без памет, и без да размилси. Навидум многу сталожен, многу смирен, многу емотивен, лажна негова слика, а под маската се крие монструм ( јас така го нарекувам ). Човек без емоции. Лицемер невиден.
    Не сме веќе заедно !! - од горенаведените причини.
     
    На elimkd, H.VAGA, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Mrza nevidena!!!!!
     
    На elimkd, sikica7 и Petar80 им се допаѓа ова.
  4. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    хахаххаха исто и мојот дечко ја има ова маана мрза невидена ама инаку е многу срцка само овоа му е лошата мана, ама знаеш што stilas7 подобро мрзи да бидат отколку пијаници и женкари :D :D :D
     
    На VladeMila и stilas7 им се допаѓа ова.
  5. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Мојот иден маж е совршено несовршен.

    Тој е она за што сум мечтаела цел живот. Физички, речиси тотална спротивност од мене. Јас ситна, тој висок и слаб, но прави да се чувствувам сигурно во неговите раце кои, ми се чини, може 2 пати околу мене да ги завитка. :lol: Згоден, слаб, но со широки раменици, бел тен, црна коса и топли кафени очи кои најмило ме гледаат на цел свет. Раце - долги, дланки - преубави и нежни, со тенки и долги прсти, создадени за свирење на гитара. Убава уста од која не се симнува најубавата и бела насмевка кога сме заедно. Со едноставен стил, понекогаш малку рокерски. Дефинитивно, кај и да се појави привлекува внимание, а особено како пар сме биле изложени на доста погледи и коментари (иако повеќе позитивни, отколку негативни).

    Инаку, генерално е крајно сериозна личност. Не е зборлив, но кога ќе отвори уста - најчесто се' што ќе каже му е аргументирано. Прекултурен, префин, со умерен глас кој звучи убаво. Нежен е. Иако е голем, не прави безосетни движења, неартикулирани и со примена на сила. Цело време е со изливи на емоции кон мене - те ме гушка, те ме гали, те ме бакнува, ме гмечи, ме закачка... :D Секогаш успева да го види и истакне кај мене тоа што јас не го забележувам. Го вади најпозитивното од мене, делејќи ми комплименти кои си ги „извртува“ во факти. Толку е самоуверен и самобендисан што не може неговата избраничка да е нешто помалку од она што тој го перципира.

    Тој е мојата сродна душа. Дури и само неколку дена сме разлика, па како „постар“ знае понекогаш да се „расправа“ со мене за шега, сакајќи да истера по негово. Делиме, во огромна мера, исти интереси, исти желби, ист вкус за многу работи и имаме многу сличен поглед од многу аспекти. Тоа значи дека совршено се сложуваме. И за тие работи во кои сме биле драстично различни, сме нашле некој разумен компромис со текот на времето. Многу ме разгалува и се труди на секој можен начин да ми угоди. Тој ми е огромна потпора во животот, па се трудам и јас нему да му бидам и да му угодувам. Се чувствуваме удобно еден крај друг. :inlove:

    Долго време сме заедно и многу ни созреа односот и врската во однос на порано. Беше доста инаетлив (не дека сега не е, ама спремен е на компромиси), со некои чудни зацртани идеи, чудни постапки. Јас бев кон него доста трпелива и се трудев да му укажам каде греши и зошто не му се во ред постапките. Со тек на време најдовме заеднички јазик. Двајцата знаеме да бидеме инаети и избувливи, но потоа знаеме да се извиниме и со ладни глави да поразговараме. Јас држам лутина и лесно се навредувам, тој веднаш се одлутува и лесно простува, па после ми се упикува да му простам. :mm:

    Знае да биде самобендисан (иако со право), знае да биде мрзлив, да биде премногу упорен кадешто не треба, премногу самоуверен. Но никогаш не повишуваме тон еден на друг и никогаш не сме упатиле некој навредлив збор еден кон друг.

    Тој е мојата втора половина. Јас сум друг човек, позитивен човек откако сум со него. Во ретките моменти кога не е покрај мене, сфаќам колку празен би ми бил животот без него. Љубовта на мојот живот, без која ништо не би имало смисла. Прв од многу аспекти во мојот живот и дефинитивно последен. Никогаш не сум почувствувала потреба да погледнам на страна, бидејќи кај еден човек најдов се' што ми требало.

    Што би рекла Цка - мојот маж е совршен! :D

    На сите им посакувам ваква среќа каква што ми се случи на мене. :hug:
     
    На КикиМаус, crimson, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    Дефинитвно најстабилниот лик кој го имам како блисок во мојот живот! Нема празни муабети, нема озборување, нема време за губење... искрено,дури и претерува со огромната сериозност! Јас мислам дека тој и не знае баш да се пошегува за нешто! На тоа му замерувам!
    Истраен... мораш многу да си груб за да го вовлечеш во караницата!
    Работлив, до тој степен што работата му ги граби слободните денови и времето наменето за семејството! И на тоа му замерувам!
    Грижлив за семејството, добар сопруг, добар син, добар брат и предобар татко! Забележувам дека од ден на ден се подобро се снаоѓа во родителството, учи, стекнува искуство и се повеќе се приврзува за малата! Е ок де, не менува пелени, ама ја заспива, ја игра и претежно тој ја чува кога е дома!
    Љубител на кафе седенки иако е доста молчелив и претежно сака да биде слушател и помалку да зборува! Е на ова контрадикторно ми е што има огормен круг на пријатели и еден дооолг список од тел броеви во телефонот! Тој не многу комуникативен а пријатели многу! Не знам да објаснам!
    Трпелив за сите, за мене, за детето, за било кој од семејството, за колеги...

    Најмногу му замерувам на тоа што освен кафе друго не знае во домаќинските работи! Никогаш не ми помогнал во чистење, во правење храна и сл. Додуша и толку има слободно време, но сепак очигледно е дека не му се сака!

    Воглавном е добар човек, многу спротивен на мене (тој тивок - јас гласна, тој молчелив - јас зборлива, тој трпелив - јас избувлива), но ми е убаво со него и сум среќна што после толку време поминато заедно (12 години) се сложуваме и сакаме!
     
    На КикиМаус, Dust, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Висина - 1.81 цм :D
    Тежина - не сум вага да знам точно ама одприлика 85-90 кила :?:
    Број на чевли - 47 ..
    Се зезам де . Ова надворешни карактеристики . Оние внатрешните : доста избувлив е , се буни за секоја ситница . Многу брзо знае да заспие па и да спие 48 часа |( но кога треба да заврши некоја обврска знае и да биде буден 48 часа и неуморно да ги врши обврските по дома . Се караме понекогаш , но за 5 минути сме гушнати како ништо да не било . Сума сумарум , добар е . Па јас го бирав :rofl::lol:
    П.С. За во кревет , не издржува ни секунда до мене . Се фрла на работа :$:lol:
     
    Последна измена: 14 август 2016
    На ♡BuBaLe♡ и the drummer им се допаѓа ова.
  8. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Верувале или не, ама мојот е копија на Бред Пит.
    Висок е околу 180 цм, а сега е во фаза на слабеење и има околу 85 кила.
    Има кафени очи, а на светло некогаш се и зелени.
    Има убави црвени усни.
    Има убаво и чисто лице, ама долга брада.
    Многу е интелигентен и има IQ 140 според MENSA тестот.
    Многу е начитан, перфектно збори англиски. Мислат дека е Чеx поради светло-кафената коса.
    Слуша метал и ги обожава Викинзите.
    Ја има прошетано пола Европа...
    И најбитно од се - тој е мој и само мој :D

    (му умрела циганката што го фалела, па сега јас морам да го фалам)
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На КикиМаус, ♡BuBaLe♡ и Dust им се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Wii... печатна грешка.. ЧЕХ! :)
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    51.828
    Пол:
    Женски
    Невидлив.
     
    На Mr. Right, Згодно Момче, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
  13. bebuf17

    bebuf17 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    За мене тој ми е човекот од соништата :inlove: висок е 188цм, малку буцкаст ми е 90 и кусур кг.
    Ги има најубавите зелени очи на светот..најубавата насмевка (право мече е кога се смее) мирен, срамежлив, некогаш избувлив, вреден. Прав домаќин.
    Мој иден сопруг :inlove:
     
    На Lolipop23, Anon, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Како најпрекрасната личност која некогаш ја имам запознаено. :inlove:
     
  15. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Uste eden zivot da imam pak nego bi gi izbrala.
    Imavme dolga vrska na pocetokot duri bevme pomali bese mnogu inaetliv no sega e sosema promenet,
    vo brak sme 1 god i 5 meseci. Grizliv soprug e mnogu mi pomaga, znae da me iznenadi prijatno bez povod,
    mi pomaga za domasnite obvrski koga e sloboden znae da zgotvi jadenje (ama posle kujnata e bomba), da izmija taniri, da iscisti neshto, mnogu e rabotliv nema rabota sto ne moze da ja sraboti ili nesto da popravi, mrza kaj nego nikogas ne postoi, znae da me razgaluva a i toj saka mnogu da bide galen pa jas si go vikam moeto bebe, inaku sega go ocekuvame prvoto bebe pa taka mu se smeam i mu vikam ke si imam edno golemo i edno malo bebe, mnogu se raduva i mi veli deka toj ke si go kapi ke se nauci i pampersi da smenuva, da go oblekuva, inaku ima prekrasni sini oci sakam bebeto da mi bide kako nego plavo so sini ocina, samo zdravje... mnogu raboti imam da pisuvam za nego ama pak ne bi dopisala se,
    toj za mene e ednostavo sovrsen, zivotot ne bi si go zamislila bez nego :inlove::inlove::inlove:
     
    На molikaMk, Ingvild, blessed.an и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Мојо селанец отепан:lol:
     
    На Annora, joy1 и elimkd им се допаѓа ова.