Kако ги поднесувате караниците со саканата личност?

Дискусија во 'Врски' започната од lavica23, 16 февруари 2010.

  1. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    22
    девојки сакам да слушнам како се однесувате после караниците со саканиот ...се нервирате?Дали ви влијае тоа на работата?Се лутите со денови? Или после неколку часа разговарате за проблемот?
     
  2. Lollipop

    Lollipop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    26
    Јас многу тешко ги поднесувам караниците со дечко ми, ми е многу теско ама се затварам плачам 5 мин и подобро ми е,а со него не комуницирам неколку саати зосто ако продолзиме во истиот момент со зборување готово е си кажуваме се што треба и не треба, а не дозволувам да ми влијаат и не ми влијаат на работата-баш напротив сконцентрирана сум само на работа и ми ги оттргнува мислите....ама како и да е пожелно е што помалку да ги има мислам дека ке бидам најсрекна зошто само уште тоа ми недостига за совршена врска.поздравче
     
  3. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    22
    секогаш малку ни недостига нас ... :D Јас исто така многу тешко ги поднесувам караниците,се нервирам ужасно ..но никако не му покажувам дека ми е тешко ..одам до крај !и ми е жал што знам да бидам голема лутка и да се нервирам за ситници..немам никакви проблеми во врската а се факам за некоја ситница и тегнам до крај !милото мое јака да му е душичката ...
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    Nie dosega nikogas ne sme se skarale za nekoja seriozna rabota, sekogas bilo za nekoi sitnici i poso ne e nisto ozbilno, ke se nalutime 2-3 saati nema da se javuvame eden na drug i posle pak ke se smirime :) Nikogas ne sme drzile lutina dolgo vreme,ama tie 2-3 saati koga nema da mi prati poraka ili nema da mi se javi, se osekam tolku za nikade i tolku mn sum tazna, so si vikam nema veke za takvi gluposti da se karame. A inaku decko mi e mn podobar od mene i posmiren i on nikogas ne pocnuva kavga za gluposti,sekogas ubavo i smireno mi objasnuva, i zatoa znam deka koga se skarame jas sum kriva,ama dobro e toa sto nabrzina ni pominuva lutinata :) A i ne e interesno bez mali kavgi :)))

    LAVICA i jas kako tebe znam deka se e sovrseno i deka nema zosto da se karame, ama pak nekogas se fatam za nekoja sitnica :) i posle si vikam eh ne trebase taka da napravam.. :) ama dobro e so deckovcite ni se dobri pa ne toleriraat :)
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    ИЗБРИШАНО ОД МОДЕРАТОР
    Ве молиме користете го копчето „Редактирај“ наместо да испраќате две мислења едно по друго.
     
  6. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    22
    veri исто ко за мене да зборуваш .. :D и јас сум истата ...знам дека ужасно ке се нервирам и пак знам да започнам караница ако нешто не е по мое ..и после свакам дека грешам и дека нема потреба времето да го минуваме скарани ...мегутоа може да не е така нема ниту да ме сака ниту да се труди околу мене ,мора да си стоиме на нашиот став ... а отпосле слатко да му се извинам и да го гушнам да не може да ми одолее ...е тогаш знаеме и двајцата што имаме до себе !!
     
  7. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Јас и дечко ми сме си толку погодени за кавги што не може да биде. Знаеме да се скараме за сè. Многу често се караме, ама јас тоа го нарекувам „креативно карање“, иако нема „к“ од „креативно“ - секој си тера по свое и не ги прифаќа мислењата на другиот. Инаку, карање-карање или саглам карање сме имале само неколку пати во врската и оти јас сум многу голем инат, тој интервенирал со смирено однесување. Знам дека е така, ама па не ми се попушта. Најинтересно е што знаеме да се испокараме (не во смисла на нормална дикусија, туку буквално караница) за тоа дали некоја глумица глумела во некој филм, па да се кладиме, па да го гледаме филмот и после тоа тешко на губитникот :D Или за тоа колку Земјата е поголема од Месечината (јас велам 13 пати, тој вели повеќе) :D Ама после смирувањето секогаш е најинтересно ;)
     
  8. Lollipop

    Lollipop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    26
    хахахахаххахах „креативно карање“ подобра изрека не ни можев да слушнам....а иначе и јас сум голема цепидлака има моменти кога се нешто ми смета и само барам некоја причина да се испокарам со него...а најинтересното е тоа сто двајцата сме големи инати и досега ниту една караница нема завршено со некаков заклучок...ама како и да е и двајцата сме свесни дека еден без друг немоземе а сепак се караме и викаме да раскинеме, а усте поубаво од се е после еден саат од карањето кога ке добијам СМС „најмногу те сакам и неможам без тебе“ и секако пусто женско одма се топи :D :D :D . Како и да е факт е дека караниците се сотавен дел од секоја врска и дека без нив некогаш и не е интересно ама не и да ги има премногу тоа веке не е врска тоа е мачење..поздравце :clap:
     
  9. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Истото важи и за мене. Мојата врска е долга и караниците ја освежуваат :D
     
  10. lavica23

    lavica23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    22
    па ајде девојки да престанеме да го трошиме времето во анализирање зошто вака зошто ова , на инатење ситничарење ,лутење !кога веке сме нашле некој што не сака почитува да уживаме во тоа ! :clap:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    Se soglasuvam so posledniot komentar na Lavica, kako zaklucok zvuci :)
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Јас скоро никогаш не се карам, ама затоа дечко ми надокнадува и за мене, јас сум прилично флексибилна и ретко што може да ме испровоцира толку за да се карам.
    Е сега кога он ќе почне да се кара за нешто што многу ми значи тогаш знам и јас да се карам, од земја да се трескам па дури и агресивна да бидам.
    Инаку нема ништо подобро од секс после караница, така издуван, си ја исфрлил целата негативна енергија ....а и нема подобар начин да се смирите после караницата :D :D :D
     
  13. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    33
    Во право си за ова :D :D :D
     
  14. magi85

    magi85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    hahah go pronajdov decko mi vo tebe...pretpostavuvam lav si vo horoskop,spored nickot a i odnesuvanjeto koga se karas.
    pocnete kavga i koga vi objasnat kako stojat rabotite,za da ne si go pogazete svoeto ego odite do kraj so kavga pa makar i da se odalecite od temata za koja se i karate...dodeka pak uzivate da vi kazuvaat kolku vie ste najdobri..e ne biva taka :lol:
    pozzz
     
  15. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Карањето, иако како што гледам некои го сметаат за лошо, за мене е дел од врската и тоа интересен дел што разбива монотонија. И ако не сум си ги анализирала овие ситуации во главава и ако не сум разменувала мислења со други на оваа тема (што може да се каже и во сегашно време, анализираме, разменуваме мислења - затоа што тоа се прави на форумов, нели?), немало да дојдам до сознанието дека караниците годат ако се умерени и учествуваат во зацврстувањето на врската. Затоа што ако сè е прекрасно, тоа значи дека е совршено. А совршенство нема, кон совршенство само се стремиме. И ако е сè прекрасно, тогаш тоа е така само на виделина; тоа значи она што не е прекрасно се става под тепих. Но, ако ѓубрето под тепихот расте од ден на ден, на крај кога ќе го кренеме да исчистиме - кога ќе избие првата кавга - можеби ќе сфатиме дека самиот тепих скапал и е за во ѓубре. Анализирање и тоа како е потребно, исто како што и мали безопасни кавги се неопходни за функционирање на една добра врска. Не постојат две исти личности со потполно исти мислења за сè, а кога ќе се конфронтираат мислењата, не секогаш, но некогаш, доаѓа до кавга.
     
  16. annngel

    annngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Досега никогаш помеѓу нас не се јавила голема причина за кавга,бидејќи и двајцата си попуштаме,се трудиме да се толерираме.ако се појави мало несогласување што мн ретко се случува,ќе си објасниме,и се си е ок.јас сум таа која знае да избрза и да каже нешто непромислено,но затоа пак тој е тука да ја среди цела ситуација.од после ми е криво,но знам да се извинам :) најдолго што се имаме налутено е 20 мин и после се завршува со смеење,бакнежи,бакнежи...и тн :D добро ме знае каква сум и затоа ме остава да кажам тоа што мислам,и после со најнежни зборови ќе ми објасни,преку разговор ќе се среди се како ништо да не било.едноставно е таков човек,смирен и премногу позитивен,така да не ти дава повод за викање и контрање,а и нема потреба.мразам нападно однесување а физички не ни можам да замислам :evil: брррр. позздравче
     
  17. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Ова ме потсети: секоја караница е добра додека не заврши како тепачка :P
     
  18. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    14.167
    Уф, среќа моја што до сега немало караници. Имало ситни замерки, забелешки, кратки лутења, но караници - не.
    Не сум конфликтна личност, и сакам да решавам проблеми што е можно посмирено и ферски. Мразам препукување, урлање, навреди и недајбоже физичко насилство при караници.
    Тогаш тоа не е сакање со тој што се караш, туку само вадење негативна енергија на погрешно место. Имав случај со бившиот дечко, кога му раскинував ( а го правев тоа неколку пати), кога сум била надвор од себе, просто афектно дерење и викање по него од проста причина што не разбираше дека не можам повеќе. Е тој филм веќе нема да го повторувам, зошто знам колку живци, време и среќа изгубив. Нема љубов - нема ни спокој.
    Дефинитивно, со искуството, сфаќам дека поважно е да имам искрен однос и да укажувам на проблемот што ме мачи, одошто да пролонгирам нефункционални односи со личноста што е со мене.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Хммм,караници..не до таа мера,само еднаш и тоа траеше неколку часа.Мислам разделбата ;)
    А секогаш и мислам секаде има по некоја ситничка кавга што те тера да размислиш!Мене лутината ми трае дури пет минути,брзо ми врви и не помнам за тоа другиот ден.А и дечко ми,ќе се налутиме нешто,и сега си одиме секој по дома,дури сум слегла од кола,ја акнувам вратата,ми звони на телефон и на пет метри од мене ми вика:нема да ме бакнеш :roll: :lol: и толку од лутината и кавгата.Тоа ти е...кој се кара се сака,така велат старите :lol:
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    да не урочам до сега не сме биле скарани повеќе од неколку саати. ако сум ја скрива ужасно се осеќам, но ако е тој кривиот-е тогаш со мерак го оставам да се нервира :D