Има денови кога едноставно-мене ми се расправа за нешто и сама си барам рчки за да се искарам....Караниците траат 10 минути максимум, а смирувањето еден час минимум...Сепак се исплати,а?
Многу тешко!!! Тогаш цел свет ми е крив, со сите се расправам... Ми влијае буквално на се! Ги замарам сите со тоа колку ми е тешко (стварно ми е), како цел свет ми се урива пред очи... Се нервирам премногу, малку ми фали до нервен слом, неможам да правам ништо, несакам да правам ништо... Ова ми се деси и пред некој саат Премногу ми е тешко и сега. Незнам што да правам после 7 години, не ми е сеедно Ќе си умрам еден ден од нервози, тоа знам
обично се нервирам многу, но понекогаш и смеа ме фаќа! некогаш сум доста смирена и тој кога ќе ме види таква уште повеќе вика и нормално- ќе ме изнервира! Ама се смируваме брзо и како ништо да не било!
И јас сум слична, премногу ми е тешко, ама не можам да глумам, така да ширам нервози насекаде и веднаш се забележува дека нешто не е ОК со мене. Не ми проаѓа лутината лесно, а често се фаќам ко пијан за сламка, за некоја ситница, ама што да правам кога тоа за мене е нешто битно... Глупост ме вади од такт, а после се кријам и плачам зашто ми е тешко. Ама добро, мене ми влијаат и многу други работи, па затоа сум многу раздразлива... Уффф!
se karame i ne mozam da podnesam .... se nerviram mnogu i samo se trudam da ne mu kazam nesto sto ne mislam ... mnogu sum placna koga se karame i nisto ne mozam da dokazam od nervoza. mi vlijae na zivotot mnogu , ali toa e emocionalna sum mnogu sto da pravam znam deka ne treba ali toa e. Sekogas vika deka nema da mi se javi i posle nisto ne biva od toa. Ke se slusneme ali pak ke se vratime na staro da vrtime duri ne mu pomine toa ... ponekogas znae da trae dolg period od nekolku dena
Вчера имав кавга со дечкото... Требаше да се видиме, ама не бевме договорени сеуште! Јас му пратив порака, ама тој не ми врати! ми врати после цели два сати, откако му звонав до крај на мобилниот! И ми пиша требало со фамилијата, да одат на честитање, ама дека ќе се врател за брзо! И ок! И јас пак му пишав после 3 сати, за да се видиме (не се имавме видено доолго време) и тој пак не ми врати....после 2 сати ми пиша...... (имав за учење ама умот ми беше тамо, а тој знаеше дека имам испит), ме изнервира, зошто ме маткара толку сати за едно излегување, кога можеше фино и лепо да рече, денеска не можеме да се видиме!!! И му пишав да не си игра така, јас да го чекам за џабе! И тој ми се јави, ми кажа демек се враќал назад дома од село! Ок му реков, кога ќе се врати да се уклучи на мсн, да напрајме муабет! Ама неговото враќање беше 3 сати! Јас позеленав од нервоза го чекав на мсн, тој го нема!(тој да ти седел на кафе со брачедиму, ама и тоа е знак прашалник) И конечно кога влезе на нет, така убаво му кажав све во лице, партали го направив ! Тој почна да се правда, денот му бил катастрофа ова она......Почна те сакам, ти си ми се, едвај те најдов, за одма да те изгубам! Ме праша сакаш да раскиниме затоа ми зборуваш вака? Не сме деца да си играме, фати се и остави се!...Се изискаравме, лом се направивме! И на крај се смиривме! АМа ме нервира...ми пропадна испитот + незнам дали тој воопшто се грижи за мене или и4 не му е гајле! Толку сати ме изматка, демек денот му бил катастрофа (да му бев важна немаше да ме тегне така цел ден) Незнам што да мислам сега? Можда сум глупачка што постапив така.....што мислите вие?
Ako deckoto postojano pravi ovaka , nesto ne e vo red . Vo eden den toj ti predizvikal somnevanja i nervozi , a vrska bez doverba ne e vrska , razmisli dali vredi da se nerviras za nekoj sto te laze (ako laze) . Ako ti naucil taktika deka so : te sakam , moja draga , mi nedostigas ... ti se smiruvas , postojano ke bides del od toa !!! pozz
Во принцип, не се караме за глупости. Поточно и не сме имале класични караници. Јас сум обично таа што ќе почне со карањето, посебно кога има нешто што ми пречи. А има некои работи што ми пречат и тој го знае тоа. Парадоксално е што јас променив доста работи заради него, средината, навиките, друштвото (не зашто сакав, морав - се преселувам во друг град), а тој скоро и да не смени ништо. И уште понекогаш се лути ако му подречам зошто прави некои работи. Сепак скоро секогаш проблемите ги решаваме со отворен и искрен разговор, добро, се случува малку и да подвикнеме. Ама на крајот не сме скарани во смисла да не збориме, да не си се јавуваме еден на друг, туку сфаќаме дека сме расчистиле со проблемот, па нема зошто да се смируваме.
коако да сум оперирана од тие караници со дечко ми,се караме секој ден и тоа ни стана дел од нашата комуникација,ако не се скараме бар 3 во денот не сме живи и веќе не се замарам колку сака нека вика колку сака нека збори ама иц не се замарам
Не, ова ни е прва кавга....тој се трудеше многу години да сме заедно, еве на крајот успеа! Сеусште не го сакам, ама сум на пат кон тоа!....Знам дека ме сака, ама сега откако успеа да сме заедно, некако не се труди да за нашата врска многу! А јас несакам само гледање, мување, кажување те сакам ме сакаш...некако ми е детски тоа!!! Не сум спремна за односи, премногу е рано тоа! Незнам што да направам за да ја збогатам врскава, да го натерам да биде поромантичен, и да се грижи за мене!!! Едноставно не би поднесла, таква кавга.....а и не сакам да му кажувам за тоа....сепак треба сам да помисли, што треба да направи тој во врската ( само со моја мала помош да исценирам некое сценарио и да го натерам онака бесосетно да ми ја покаже емотивната страна).......голема помош би била добредојдена и некое совет4е, како да се однесувам, и да не запаѓам во кавги за безврска работи (ова ми е прва врска)! Поззззззз
Порано многу тешко ги поднесував , и тие за ситници што беа . И сега ми е тешко ама знам дека ќе се смириме . Иначе секогаш коа сме смирени вика ама збори за проблемот а не да ќутиш . Како јас со убаво да зборам кога сум изнервирана ? Само еднаш кога сме биле скарани не зборевме 3 дена , иначе одма се смируваме Не сакам да попуштам ама кога ќе почне да ме гушка и да ме бацува .. ај не му се смирувај
Сосема исто. Не се сеќавам да не сме зборувале со денови, или да се лутиме и инаетиме. Ако имало некое недоразбирање, се решавало веднаш и на лице место, смирено, како луѓе. Во тој поглед сум пресреќна, јас сум прилично нервозна и нетрпелива, а тој е смирен, и ова е прв пат да не доживувам стресови, викање, урлање, нејавување по телефон со денови... Се чувствувам конечно така возрасна
Ги поднесувам мртва ладна..Некогаш и самата се чудам како можам да не реагирам избувливо во такви ситуации. Наместо тоа јас сум смирена ладна и делувам незаинтересирано а често кога се карам ми доаѓа да се смеам...Не се сфаќам и јас некогаш ама јебига таква сум..
обично преќутувам се и после дома плачам и на крај разговараме за тоа. инаку кога сум скарана со дечко ми не можам да учам на ништо не можам да се сконцентрирам
epaa vakaa znacii mn sum izbuvlivaa i mn se nerviram koga ke se karamee i najveke mrzam sto jas sum taa sekogas sto popusta i baska koga ke zborime hehe placeme zaednoo po tel aa i jas isto ne sum skoncentrirana na ucene ne mozam da ucam
Normalno e deka vo sekoja vrska ima karanje ama mozam da se pofalam deka vo mojata e mn retko. Decko mi e bas toj koj me nauci deka so vikanje, karanje i nepromisleni cekori do nikade ne se stiga. Razgovorot e najbiten, a ako e zasnovan na megusebna doverba, karanicata ne bi trebalo da trae dolgo.