Кога се караме јас сум таа нервозната што се дере. Среќа знае како да ме смири и воопшто не се нервира. Немаме некои караници со денови да не се слушаме или да си водиме инает. Разговараме за се(откако јас ќе се смирам) и до сега сме немале некои поголеми проблеми.
Караниците се вообичаена работа во секоја врска па треба да најдеме начин како најлесно да се справеме.Но мене тешко ми оди наоѓање начин за помирување.Обично јас сум таа која се бара да најде нешто за што ќе има да се карам,почнувам да изнесувам аргументи дека јас сум во право,дека тоа треба вака а не така......итн,но дечко ми е посмирен па го решиме некако проблемот.Порано и тој беше поинаетлив па кога седевме заедно и се скаравме лутењето не држеше повеќе така што спиевме во различни соби.Но сега пораснавме изгледа па побрзо се справуваме со проблемите
Кога се расправаме постојано се дерам и водам инает...Ајде тој може ќе поразговара смирено,но ако исклучи и го изнервирам претерано знае да исклучи...но ќе се расправаме и истата вечер веднаш се смируваме...утредента може да има само мала нервоза како последица од синоќешното,но поминува.
pa so mojata sakana lichnost ne sum vo vrska ,a ne sum ni nekoja drugarka bas.znae deka go sakam. se rachulo niz grad.toa bese samo voved.ponekogas mnogu retko си пишуваме неколку дена и сето тоа завршува со кавга.секогаш! многу ми е тешко.не можам да издржам но се поминува.малку утеха од најблиските и сетоа тоа трае 1 ден !
после караница има потполен молк и двата ништо не велиме, ако сум јас крива ќе му речам ај смирими се не прам повеќе така (лажам) ахахаха а ако е тој ќе ме бакни и како ништо да не било, а порано плачев и тешко ги поднесував и пребродував караниците
Аууу, јас сум буквалист (во таква ситуација) Готово, одма си земам на срце... тагувам, го жалам веќе Ама повеќе не сум до тој степен замината Искрено, тешко ми е кога ќе се скараме (зборувам за карање кога нема да се слушнеме неколку денови и нели одма мислиме дека готово е, завршила приказната). Не дека секоја караница (дури и најситна да е) ме боли, туку едноставно се нервирам што се караме за глупости, а него тешко да му докажам. И тој никогаш не знае да престане. Јас сум таа која ќе си се повлече за да не дојде до голема. И ќе си се гушнеме за 10тина минутки Ме нервира тоа што, кога се расправаме тешко да дојдам од него до збор . Е тоа страшно ме иритира И 100 пати му имам кажано, зошто да се нервираме за глупости, и да разлагаме, кога ни е тешко еден без друг ... ама ете, во секоја врска караница
Караниците со саканата личност ги поднесувам одлично, затоа што мора да ги има Викаме и двајцата или само едниот од нас и после 5 минути како ништо да не се случило Тој што е ''виновен'' прв почнува да зборува, да се смее да го бакнува другиот... И вам ви препорачувам така, но сепак си зависи од карактерот на вљубените.Зависи многу од причината за што се карате, дали се навредувате, дали паѓаат тешки зборови, дали имате инает кој да попушти да се јави прв....
Кога се караме јас сум таа што го крева гласот,а тој само молчи.Но караницата трае кратко и после тоа исто како ништо да не е било.
Во нашата долга врска со дечко ми сме минале низ различни ситации, кавги сме имале многу, некои посериозни а некои пак помалце значајни! Паметам дека најмногу се каравме во втората година од нашата врска, тоа беа сериозни караници, викотници, па дури и по некоја закана,уцена,па и вербално знаев да напаѓам понекогаш ! Многу повеќе хистеризирав од него, тој воглавном се држеше прибрано но заеше и нему да му пукне филм па лом да се направиме! Така беше еден долг времнски период (отприлика 6 месеци) и некако успеавме да се средиме и да се договориме за некои работи! Инаку колку и да звучи чудно јас не жалам за тој период со караници, бидејќи после караниците сексот е најдоборто што може да се случи а и благодарение на мојата тврдоглавост од тие караници успеав да поставам некои правила во нашата врска кои сега веке ни гарантираат убава врска! Не дека сега не се караме, ама тоа трае кратко и е безначајно...всушност немаме некој посериозен проблем кој би ни ја реметел спокојноста во нашата врска!
Уф многу мразам да се карам! Не само со дечко ми, воопшто... Некако бесцелно ми е расправањето, ако некој има некоја забелешка за мене, нека ми ја каже и ќе видиме како ќе го решиме проблемот! Инаку со дечко ми, сме погодени! И тој мрази расправии... Кај нас работите се решаваат на високо ниво Се седнува и се соопштува проблемот и по брза постапка се изнаоѓа начин за решавање на истиот! Дерење, немало ниту пак ќе има... Јас нема шанси да му се развикам, затоа што тоа не е мој стил. А, тој ако ми се развика, многу ќе се налутам затоа што не можам органски да смислам викање! Полека смирено... Се си се решава... Тоа не значи дека ние совршено функционираме и не се расправаме! Совршенство нели не постои (бар така рекле ) Имаме многу точки за расправии кои милуваме да си ги нарекуваме дебати...
Се караме ретко. Обично не викаме туку зборуваме погласно. Се докажуваме кој е во право, кој не. После тоа следи молк од 10 мин. па се доближуваме еден до друг, па следува срамежлив бакнеж и на крај див секс. Ова кога сме по дома. Низ град кога се рчкаме, двајцата го креваме носето до небото, одиме ко странци и едниот ќе каже некоја глупост и така насмеани си се бакнуваме. Два, три пати сме се скарале посериозно, па не се слушнавме ден, два и толку, не можеме повеќе еден без друг. Ама не смее да вика , ниту тој ниту јас.
Хаха и ние нешто слично како вас Марама за низ град кога ќе се подскараме.Инаку некогаш и посериозно може да се скараме и кога ќе се изнервира да каже некои работи кои ќе ми дотераат солзи,па ќе се извини,но не се забораваат така лесно..Значи тешко ги поднесувам караниците но сепак во последно време јас решив да ја сменам тактиката,мислам дека сеуште не е касно зошто ми успеа во петокот.Му се налутив,он мислеше дека се извини и толку,но јас цела вечер бев тивка и не зборував ништо (што не е во моја природа) и 10 пати кажа дека нешто ми е но јас викав ништо,но на крај му кажав и сега гледам дека е малце повнимателен деновиве,па ќе видиме понатака.Ок толку.Да не отидам многу офф
Не можам да поднесам да сум скарана со него. Ништо друго тогаш не ми е важно. За среќа до сега не сме имале голема, сериозна караница. Досегашните мали кавги брзо сме ги решавале, ќе ни помине лутината и на двајцата и полека ќе почнеме да се закачкаме и секако тоа води кон секс за смирување
Јас сум голема плачка и тоа е една од најголемите маани што ги имам. Неможам ко човек да се искарам со никого па ни со "љубави" .Не дека секогаш кавгите ме погодуваат толку многу за да извлечат солза но таква сум се карам а тие сами течат. Сум се помирила дека така моето тело се справува со стресните ситуации. Инаку за сериозни работи се караме ретко и тогаш двајцата викаме се инаетиме (две јарчиња) и молчиме едно 15-20 минути после што си се извинуваме Инаку воопшто несакам да се карам и расправам но несакам ни неправди па понекогаш еднотавно мораш!
Во принцип работите ги решаваме со мирен и сталожен разговор. Караници се случуваат, не дека не, ама ептен ретко. Дечко ми не сака да го користи терминот караници па си милуваме да ги викаме несогласувања или недоразбирања И во таквите моменти дечко ми тон не повишува, зборува така тивко и смирено, а јас и природно сум гласна, па се случува и уште погласно да расчистувам ситуации. Досега не сме биле скарани повеќе од 1-2 саати. Тој што бил "виновен" секогаш прв се јавува или нуди бакнеж и прегратка за смирување и доколку постојат услови за нешто повеќе. Најсладок е сексот тогаш - бурен и нежен...не знам, некако посебен
Јас проблеми не решавам со караници...строго со ќотек!!! Нормално дека во секоја врска се дешава да дојдеш до некое несогласување со партнерот,некогаш и да повишиш тон ама се да си биде во граница на нормалата.Фала богу до сега не дошло ситуација да се изнадереме еден на друг (може оти си знае дека парталчињата ќе си ги најде пред врата ) Добро шала на страна ,мислам дека најважно е да си ја признае грешката ,тој што ја направил нормално, зашто поради тврдоглавост некогаш може ситници да донесат крај,така да излагањево ќе си го завршам со мислава која штотуку ми текна: Карање је наука!!! -ова е од еден српски филм,а српски јазик мислам дека сите знаеме
Многу сме компатибилни и ретко кога сме се скарале, ама онака жустро! По природа сум лутка, и брзо можам да се изнервирам за нешто , без разлика дали е големо или мало, дали вреди за нервозата или не. А тој е ракче, емотивен ама сталожен. Секогаш бара компромис и начин да не прсне караницата во тепачка. Значи баш заради неговата смиреност не се караме. Обично еден секс ја врши работата
Исто како вас марама . Значи ретко се караме, а и кога ќе се скараме за нешто најчесто тоа трае многу кратко 5-10 минутки, бидејќи едниот обавезно ќе прозбори и ќе го насмее другиот.
Скоро секогаш јас сум иницијатор за кавги и тежнеам уште веднаш да најдеме решение на проблемот, што секогаш ни успева. Се договориме тоа така, веќе нема да биде вака, ќе се обидеме, океј јас сум крив/а и така за кратко време бурата стивнува и исто како ништо да не се случило