Многу е импулсивен и тоа страшно ме нервира. Знае да направи од мува слон, ама добро е и брзо му поминува. А додека да му помине, ако сум јас крива се нервирав и секирам, ако не сум, чекам да му помине и не му ја мислам
Со тахикардија.. Многу ретко се караме па секогаш кога ќе се случи тоа ми паѓа многу криво.Инаку да си признаам 90 % од случаите јас изведувам бесни кривини. После ми е криво и најчесто се извинувам ама ете. Така е кога неможам да бројам ни до 3,а не до 10 пред да лупнам нешто. Среќа мажево мое не се замара многу и ич не е зло памтило, па по пол сат ко ништо да не било..дури и прашува а оти се извинуваш сега
Нема ден а да не се скараме,во последно време ќе седнеме да праиме муабет и он се контра ми иде и јас здивувам а доколку ми се спојат жичките го мавам со што ми дојде при рака,колку пати сме праеле муабет ама се е џабе...И двајцата сакаме да се нервираме
Во моментот кога се карам мислам дека лутината никогаш нема да ми помине и дека ќе ставам крај на се, ама по неколку минути не знам како успева да ме смири и секоја караница ни завршува со хепи енд, ако е за нешто посериозно може да ми трае неколку дена но не дозволувам тоа да влијае на останатите работи во мојот живот, дури и никој не може да забележи дека сум скарана со него, во себе се нервирам да ама не сакам сите да знаат за нашите караници, тоа е меѓу нас и нема потреба да излегува и да се шири.
Тешко ми паѓа затоа што и ретко се караме , а и кога го правиме тоа , се случува со причина. Повеќе ме навредува фактот што е способен да оди до крај , иако притоа има недостаток на аргументи ставот му е субјективен , нема да признае дека грешката е и негова или сосема негова дури и самиот да знае дека е ...од него нема шанса да го извлечеш она - ИЗВИНИ ! И јас сум тврдоглава , но во последно време неретко си ја газам гордоста за да стивне огнот.Ова никаде не води .. И секогаш исто завршува јас сум виновна.Неколку пати споменав , тоа сите му го забележуваат , неговото едниствено мото во животот е -Нападот е најдобра одбрана !
Првиот пат кога се скаравме, го јавнав точакот и правац кај другарка ми. Рикав како магаре од што ми беше тешко а беше само ситница за две минути се смиривме. За другите караници сум страшно нервознаа и вријам на 100тка но веднаш се стишуваме. Не сме биле до сега бог ти знае колку скарани.
Искрено,преретко се расправаме.Ако не ми е ден или на него нешто не му е како што треба,се чувствуваме и се оставаме на мира или толеранцијата е на повисоко ниво и само другата страна може шеговито да констатира,ама тебе не ти е денов а?!Епа не ми е.Епа што ти е и ќе си ја испразниме душичката еден на друг.А ако навистина има силна причина,се дискутира на тема проблем и мора да се реши,јас сум човек што не сака да остава нерасчистени сметки и речено е,ако дојде до вакво нешто,инает и гордост под чергиче,зошто со нив е пекол и измачување за двајцата,а најмалку пак ради нив дека ќе го решиме проблемот.И секогаш си се извинуваме,без разлика кој е крив. Така да...само еднаш во животов,летово траело нешто еден цел ден.Тешко ми беше,ама...се качив на орбитрек,провртев,испив некое кафе и спомнав на другарка ми,до вечерта се среди ситуацијата и се се врати на старото со демек услов кој беше лесен за исполнување,ама требаше да му даде тежина на муабетот.Не се повтори ситуацијата,а пред некој ден дојдоа моите пет минути,ми се извини мајка му,преку него.Рака на срце не ни беше тој виновен тогаш. Инаетот и гордоста ги чуваме за неважни и злобни луѓе,чисто заради тоа да не ја пуштиме наивноста и добрината,па да не искористат.Паѓаме и двајцата на туѓи лигавења и солзи за користољубие.Ниту сме љубоморни,ниту хировити,можеби за некого делува предобро за да биде вистинито,но навистина е така.Имам сега веќе пријателка,која порано ми беше добра другарка...престанавме да се дружиме затоа што ја нервираше како тоа ние функционираме,а таа имаше љубоморен дечко.И цело време се расправаа,а ни викаше,чекајте ќе помине време ќе видите какви ќе станете и вие.Никогаш не станавме,се толерираме во исклучителни ситуации,па можам да кажам дека дури и толеранција не ни е потребна.Можда е тоа така затоа што немаме преголеми очекувања еден од друг,а истовремено не се штедиме кога вложуваме во врската,па сме као изненадени од гествоите кои вака или онака,кога сакаш некој ете така ти оди од срце да ги правиш.
Кога се караме без разлика кој е крив, јас сум лутката, а тој секогаш има поголемо разбирање, се труди проблемот да се реши со разговор, иако не сме имале некој вистински проблем, и на крај по неколку часа ќе увидиме и двајцата дека за џабе сме се расправале. Но јас секако повеќе држам лутина, и ако тој се заинати и не прозбори прв сигурно ќе тераме уште долго така лути.
Тешки периоди. Едвај чекам да поминат кога ќе дојдат. Секогаш ми се јавува она чувство на страв дека ќе го изгубам и затоа се трудам да бидам поприбрана и да попуштам колку што можам, бидејќи знам дека се караме за глупости, работи кои не се вредни да уништат една прекрасна врска
Уфффффффф тешко ептен ме фаќа и по малце хистерија, ама гледам да се нормализирам за брзо. Многу вреѓам и лесно избувнувам, тоа е нешто највеќе што ме нервира кај мене самата . Ама па ми поминува за 5 мин. Среќа изгледа многу заљубен е па ми простува за моите хистерични испади
VO PRINCIP MNOGUUUUUU, MNOGU SE NERVIRAM.....NO NE SUM TIP STO GI ISKAZUVA SVOITE CUVSTVA... [mod-kirilica:2pk56lo2][/mod-kirilica:2pk56lo2]
Зависи од интензитетот на караницата,ако е некоја онака лајт ке ми помине нервозата за не помалку од 3 мин. А ако е некоја жустра како денешнава е богами ке потрае лутењево, од данас па на даље!
Ке се испокараме до фул и по 5 секунди оти ни е жал ке се гушнеме одма едноставно неможам да се карам со него жал ми е после тоа
Секогаш се нервирам, секогаш сум јас онаа која ќе пролее солзи, ќе ја тумачи ситуацијата и ќе ја гледа од секој можен агол. Лесно избувнувам и ми треба време да се стабилизирам. Да пристапам прва после караница? Ретко.
Па не сме се скарале онака јако, али вака за нешто поситно, јас обично се нервирам прилично повеќе, поизбувлива сум, тој е оној што ја смирува ситуацијата Иначе, ќе се изнервирам брзо, али и брзо ми поминува, ми треба малце време да се вратам и потсетам на тоа оти го сакам и оти ако не се скараш некад и тоа пак не бидува
Многу ретко меѓу мене и Петко избива конфликт, ама кога ќе избие тешко на тој што се нашол во блиска околина, мајка му еднаш се погоди, кога ние заради стручни теми очи ќе си извадевме. Инати неверојатни сме и двајцата, и држиме до своите ставови, па многу е тешко да се разубедиме дека тоа не е така, туку е другачие. Коментарот нејзин беше дека доколку некој се најде меѓу нас во караница било исто како помеѓу два огна да си, па сега видете што се случува . Доброто е што не се караме често, а караниците секогаш добро ги поднесувам, и според мене во секоја здрава врска постојат караници одвреме-навреме.
uhhhhhh,kolku karanici sme imale nie da znete samo)...toa e bidejki i dvajcata sme inaetcii,iako mnogu se sakame,nekogas znaeme kako neprijateli da bideme..on kazuva ednoa ja drugo...ali se trudime posledno vreme da izbegnuvame raspravii,.,,ja mnogu sum temperamentna i nervozna,,koga znam deka ne e vo pravo po sekoja cena se obiduvam da dokazam,on se protivi i eve raspravii))..ali kkao sto napomenav psoledno vreme i on trpi,prekutuva,izbegnuva karanici a isto i jas...znam deka ja nekogas mnogu preteruvam,od muvata pravam slonali toa e...jaka mu dusa..i da bese od mene,kako sto sum inatecivka,i za edna glupost prekinuvam se..vrskata ke bese odamna zavrsena...))
На почеток се нервирав и секој збор кажан од негова страна го ставав при срце и постојано или плачев или се нервирав, но сега веќе тоа премина во секојдневие така да не се замарам ич што и да ми каже