Исто и јас порано многу се нервирав ама сега веќе исто ми е. Зошто да се нервирам кога знам дека пак ке се смириме, само за џабе брчки да добивам
Со мм не може човек да се скара онака квалитетно, да исфрли се од себе...Обично вели-Да се смириме па после ќе разговараме, ма дај молим те после ич не ми се ни разговара, ако не кажам сега ќе пукнам...Но подобро така отколку на мојот начин да изнакажам во нервоза и што треба и што не треба па после-извини Нема извини после ср*ње... Така да, ретко, уствари никогаш не се караме онака жустро, 'крвнички' Обично се разговарааа...
Па кога си во брак подолго време веке го научуваш и стилот на карање на партнерот,така што не ти претставува никаков проблем,знаеш што можеш да очекуваш,што ти следи и каков е исходот....а во секој случај и да имате пожестока караница нели мораш да дојдеш дома и да легнеш во иста постела Јас му велам н сопругот кога сме потскарани кога ке легнеме-"ти можеш да се караш со мене и да не ми збориш али се додека си ми маж мораш да ги извршуваш и брачните должности во кревет,тука барем не ти требаат зборови " Акога ке си ја изврши должноста веке и задоволна насмевка се појавува и кавгата се заборава
Епа се нервирам на секој збор, ќе си поплачам малку, и за пола саат ќе се смириме. Толку ни трае љутината и на двајцата. А ич не сакам да плачам, ама што да правам голема плачка сум
Порано за секоја банална работа и после секоја караница се нервирав многу и плачев. Денес зависи од видот на караница.За банални работи не се нервирам, додека за работи кои се сериозни и во кои од мојата брзоплетост знам се да му изнакажам,многу се нервирам и знам да си приплачам на моменти. Инаку за помирување и двајцата сме доста тврдоглави и најчесто тој што погрешил то ј и попушта на крај.
Мене знаат да ме изнервираат и многу ситни работи, ама за брзо време се смирувам. Ако сум кај него ќе се испокараме, а откако ќе дојдам дома ќе му се јавам како ништо да не се случило. На почетокот од врската многу често се каравме, ама сега во последно време да не се подречам - ретко се случува. Веројатно затоа што по четири ипол годишна врска си ги научивме карактерите, знам што го нервира и што би го налутило и обратно. Во моментот знае да ме мавне некоја жичка во главата и да ми чурат ушите, ама после пола саат пак сум насмеана до уши
Со бившите се нервирав, понекогаш од нервоза паѓаше и по некоја солза, ама не пред нив тоа немаше шанси! А со сегашниот дечко, искрено, ама ич не се замарам. Понекогаш си мислам која би можела да е причината за тоа, дали не е љубовта толку голема, он е многу добар со мене или што ја знам.. ама после си викам најверојатно едноставно пораснав. Имам други приоритети во животот, едноставно за толкување и мозгање на караниците не можам да го трошам времето. Јас сум многу избувлива личност, не почнувам караница туку он ги предизвикува најчесто од љубомора и тоа ги почнува на многу фин и културен начин али такви препичувања толку ме вадат од такт така да во 3 секунди кажувам што сакам и после се исклучувам, а он што сака нека збори и нека се лигави ама ич не ме интересира. Мислам дека околу нашите караници повеќе се „потресува“ он. Мене искрено така ми одговара, за него он си знае, колку и да е себично стварно немам намера да си стварам дополнителни нервози за беспотребни работи. Ако јас ја почнам караницата за глупост, ми поминува брзо и ќе се извинам. Али дефинитивно не поднесувам кога за одредена караница ќе ми спомне после 5-6 дена, ете тоа не го поднесувам и вријам во себе. На ивица сум да му мавнам бокс пред сите, за тоа што поминало не сакам ни случајно да слушам и пак за истото да се карам, е тоа ми е најбесмислена работа!
ЈАс смирено додека зборувам со него,а кога ке дојдам дома и си зборувам ( читај се дерам сама со себе па правам вакво фациште па си викам : хмм тој на мене така,ее сегааа потоа сум вака ,па ,па кај него или тој кај мене па соо саати од сите страни да го расчепкаме причината за карање и на крај се смируваме и веке време дошло време за понекогаш за на школо и за на работа да идеме А иначе така сум како луда, по дома сама со себе зборувам
Често се караме, за жал. Тоа ми носи премногу нервози, солзи, па кога ќе се сетам колку вечери немам спиено-сум мислела како да му пристапам следниот ден, да разговараме и да му се извинам. И на двајцата ни се случува да кажеме работи за кои после се каеме, т.е. за него и незнам баш дали се кае. Како и да е, караниците ни се хорор. Двајцата имаме остар карактер и често не бираме зборови. Најлошото е тоа што кажаниот збор не се враќа, ама во тие моменти нервозата и лутината биле преголеми. А во последно време често ми се случува и да си преќутам некои работи што сум мислела да ги кажам, и вријам во себе, но ми поминува.
Јас во претходната врска се нервирав многу, пред и после караницата и плачев многу, и за најмалите, најбанални караници, но сега сум некако поопуштена... Најчесто сум нерворзна само за време на караницата и викам многу и вреѓам додека тој е секогаш смирен и секогаш прв попушта...
Зависи како сум расположена,понекогаш плачам,се смеам,обрнувам внимание,не обрнувам внимание се зависи.Ама ми помина тоа време кога се трескав од земја!!!НЕМА ПОТРЕБА
Порано мнгоу се замарав,се нервирав,плачев.Ама повеќе не,се трудам да не се нервирам ако било да останиме заедно ке се среди се.
Јас секогаш кога сум премногу нервозна, знам да заплачам. Значи толку бес имам во мене, што морам да се испразнам. Така и со караниците оние жолчни, пукам од нервоза, се карам, давам аргументи, кога не сум во право ќе преќутам па ќе ја префрлам нему топката, и на крај кога ќе бидам исцрпена, се фрлам на плачење. Голем емотивец сум, реално да правиме муабет.
порано се нервирав нерви кинев на секоја караница,макар што кај нас фала богу караниите се мн ретки и секогаш се за ситници,за телефонот и други глупости.. а сега се караме исто така мн ретко само што сега не се нервирам више,кес е скараме и по 1 саат као ништода не било и затоа више не се нервирам и не кинам нерви за глупости
Не се караме. Simple as that. Има доволно човечност и мозок и од обете страни и сите проблеми и работи што ни сметаат се решаваат на мирен и фин начин и после се давиме и така. Што е тоа бе карање за телефони, фејсбуци, љубомора, недоверба?
Мојов кога и да се скараме не пушта солза..а јас сирота ке се исплачам 5-10 мин и ке ми олесни(не знам што карактер има ама секое недоразбирање во животот со насмевка го решава никогаш не рекол доста ми е веке неможам или не сакам.. за се одел до крај никогаш не се откажува) е баш заради тоа го сакам секогаш ми е насмеан има смила за хумор...а јас сирота дома да ми се развикаат одма седнувам си ја плачам....
Ау, неможам да поднесам. Ако мала караница ќе ми помине брзо, ама ако се спукаме повеќе со ја писнувам со плачење ама ќе се смириме, ама ако ме повреди ептем многу знам да се налутам и да не му праваммуабет со денови, односно додека не свати дека згрешил. Мразам да се караме бе
И јас се карам со дечко ми за жал...си плачам а тој ни солза, нормално за машко. Но, многу ме нервира тоа што се караме се за некои глупости за фејсбук главно, не може да сфати дека некои работи во една врска не може така да се одвиваат. Ме лаже а добро го познавам веќе кога и да ме излаже..И нон стоп за исти работи.. Не сакам да се правам паметна и да му попувам што смее и што не смее да прави му го кажувам тоа што мислам и го оставам сам да сфати, ама не сфаќа..
Во последно време и за некоја ситница да се скараме не можам да поднесам. Не можам да поднесам да си легнеме, а да не се бацнеме за добра ноќ, да не се гушнеме и да си легнеме секој на своја страна. Ме копка нешто и ми се превртува во желудникот. Или пак да одам на работа, а да сме се скарале за нешто, само на тоа мислам. И мора да се смириме. Не ја бива инаку работата.