Јас неможам да поднесам да се скараме нешто,и да не правиме муабет после Ауу боже сачувај кај ме држи место мене.Или така скарани,чао чао ајде и на спиење...нема шанси. Мора да си направиме муабет што,како,зашто да се анализира се,да се дојде до заклучок и да се реши проблемот
Јас не можам да изджам а да не му кажам што ми смета,на крај како и обично секад јас сум таа што е крива али нема везеее толерирам до некоја моја граница после пукање филмот па колку и да го сакам Bye-Bye Babyy
Значи не ги поднесувам! Нема тука “како“. Едноставно неможам, а да бидам лута со него и да направам муабет демек држам лутина, ете ме, молиме сега да ти се смирам или па обратно. Не, не и не. И не само со него, едноставно неможам да бидам скарана/лута со било кој.
кога ја оворив темава се сетив на почетокот на врската наша еднаш преку скајп правиме муабет и се скаравме нешто и он оп одма гаси скајп молим? Јас одма два три дена не се јавувам на пораки не вракам и оп ете ти го овде во Мк така се смиривме и така почнавме да живеме заедно,е откако сме заедно ако се скараме јас одма си отварам комп и си пишам со моите како ништо да не е било,или си чистам по стан или било што ама муабет нема ако сум крива ( почесто ради јазикот некогаш сум во фаза сакам речам незнам кажам ) не ми е тешко да се извинам и се ке правам само да се смириме ама ако е он крив е тогаш му треба голем труд за да се смириме...јас најчесто се зезам: ако не видите газ со газ да спиеме знајте дека не е во ред ситуацијата срека голема што он не сака да се каре а јас па плачка и така да кавгите ни завршуват најчесто после минута два (ок овие ситните) а сме имале до сега 2 кавги која последната донесе резултат откажување на регистрација и за малку да почнев сама да живеам во друг стан
Кога ќе ми текне на почеток колку се притресував, не можев да учам додека не се смириме....ма глупости, сега повише ко на шала ги сфаќам караниците, како сме се скарале така ќе се смириме, ако си глуп нервирај се за глупости. :wink:
Зависи од караницата. Има некои ситни кои веднаш и двајцата ги забораваме, и после 2 минути е како ништо да не се случило А има караници за кои, богами, треба и двајцата бајаги да се потрудиме за да се решат. И двајцата сме импулсивни, но за среќа и со прилична доза на самоконтрола, која многу пати и двајцата не' има спасено (и во врската и воопшто за се' во животот). Ако се случи некоја поголема караница, најчесто не ја решаваме веднаш. Двајцата сме такви што прво ни треба да ја „преспиеме“ караницата, малку да се смириме внатрешно, па откако ќе ни помине нервозата на двајцата, седнуваме и правиме муабет. (Обично ова е следниот ден после караницата, или најрано 3-4 часа после неа). Зашто, ако таквите караници ги „решававме“ во моментот....охохо, одамна немаше да бидеме во врска. Ќе раскиневме и ќе се испотепавме 100 пати до сега. Тежок ми е за поднесување периодот додека ја решиме караницата, ама тоа е.....Подобро со ладна глава да ја решиме, отколку да се спукаме дополнително и да не решиме ништо.
Со мојот вереник досега не сме се скарале... знам дека не би поднела да ми се налути, а камо ли да избие кавга...Двајцата сме против кавгите и се решаваме заедно со дискусија. Треба да се вложите во врската, да се опуштите и максимално да верувате во човекот до вас, и така нема да има кавги Некогаш, јасно мудро ќе премолчите, што не значи дека се сложувате и бидете среќни....Уживајте во тоа што го имате
Двајцата сме многу тврдоглави и не попуштаме и имаме конфликти но сето то а веднаш се решава со добар разговор .Јас сум импулсивна и брзо пламнувам ама ми проаѓа брзо и после тоа ми е криво и тешко и следува помирување и гушкање и се е во ред .
Не се караме, јас водам монолог...освен коа дебатираме на мсн, г ток и слично....и стандард некој се јавува, на некој му се јаде, моча...снемува нет и не можеме да се докараме..после тоа ко ништо да не било
Јас со дечко ми скоро никогаш не сум имала сериозни караници па малку посериозно да навлегувам во тоа и да размислувам, иако така почесто знам да се налутам за некои мали ситници, но ништо страшно еден саат и се поминало
Јас и дечкоми одамна не сме се скарале (на почетокот од врската 2-3 пати се каравме по моја вина). А во последно време само се љутиме тоа е како лигаво малку за да дојде да ме милува да ме бакнува за да му простам ... и аааајде поминалооо ... тоа често се случува кога сум кај него и ако нешто не ми чини одма на креветот се испружувам и главата доле и го чекам да дојде да ми се извинува ... како дечиња сме си, ама многу си се сакаме
Ужасно тешко ја поднесувам поготово во последно време и не можам да се сконцентрирам на ништо друго...
Како во секоја врска,така и во бракот има караници кога бевме во врска после караницата добивав супер подарок и секогаш во мојот дневник беше запишан додека во бракот се чуствувам по тешко,но се справуваме со вечера во ресторан или ако ептен сум лута си нарачувам пица да ми донесат дома сама си ја јадам не му давам него последната караница што ни беше за да престанам да се лутам ми купи балон голем во форма на срце и вели сега ако ти го дадам ќе престанеш да ми се лутиш?Ме насмеа до солзи и така Но има и караници кои се уште ги помнам.......
мразам караници многу тешко ми паѓаат и сакам што побрзо да ја смириме работата и да го решиме проблемот, и се да биде во ред. одма се нервирам и одма плачам и светот ми се руши а тоа е МНОГУ ЛОШО. треба да бидам поцврста!
Ги мразам караниците, затоа правам се што можам за да не дојде до тоа. Но, дечко ми не е толку прилагодлив како мене. Јас можам ако ми смета нешто да го зачувам во мене и ќе ми помине. А тој не може така. Колку пати за некои банални работи се караме. Ама ете, тоа е тој. Инаку тешко ги поднесувам особено ако има некоја неправда и не можам да му докажам. Тогаш сакам да излезам од споствената кожа.
Нормално дека не сакам да има караници,но најчесто јас сум таа што се фаќа за ситници и знае да предизвика кавга и тогаш помалку се каам и ми е криво што сум постапила така.Но ако тој е виновен е тек тогаш ми проработува инатот и одам до крај.Мислам дека ќе пукнам од нервоза ама не попуштам додека не докажам дека сум во право( нормално ако сум,за такви работи сум многу самокритична).Светла точка во целата ситуација е тоа што него не го држи лутината многу долго и одма почнува да го врти муабетот за да не продолжуваме со кавгата
Јас само навидум сум силна личност кога се карам со него. Но кога ќе го завртам грбот веднаш во истиот момент почнувам да плачам.Секако ме боли секоја наша кавга но пред него не сакам да покажувам премногу емоции...