Највеќе што мрзам е да се карам со мојот дечко . Ако се ситни караници се смируваме за 15 мин максимум но ако станува збор за поголема е тогаш многу се лутам но ми трае највеќе 1 ден . Некогаш се дешавало и да се смирувам со дијазепами ради него али еве помина доста време не сме се скарале онака асално и се надевам во брзо време нема ни да се скараме .
Секоја врска си има свои успони и падови,па и нашата.Обично нашите караници траат 15 до 20 минути,онака за глупости,само 2 пати сме имале онака сериозна кавга и многу ни беше лошо и на двајцата тогаш,а никој не попушташе,се додека не се свестивме што правиме и го решивме тоа,си се гушнавме и двајцата си плачевме,а потоа се смеевме .Не сакам ич да се караме,на почетокот на врската почести беа тие караници, но сега по скоро 5 години тие се поретки и се надевам дека воопшто нема ни да ги има.По обичај тој попушта повеќе од мене,јас сум тврдоглавата ,ама во последно се трудам да балансирам и да попуштам повеќе,па има резултати.
Порано кога се скаравме по 5/6 дена не комунициравме, дури сме се одминувале на улица ама сега за среќа поретко се караме (пу пу да не се урочиме ). Јас често знам да заплачам нели малце емотивна сцена да направам и така он милиот секогаш ми паѓа на оваа финта.
Јас и животинчево мое сеуште не сме се скарале. Ниту еднаш до сега. Само се надевам ваквава состојба е арна, оти јас година дена да не се скарам со некој...
па да се караме.. има година и месец како одиме и кавгите во последно време ни станаа мнооогу чести гости. ќе се налути и лутината ќе му трае највеќе 2 дена, јас ќе го молам да се прелути ии тоа е тоа. кога јас се налутам, неможам да се лутам многу бре.. за саат два попуштам ии све е ок.. од почетокот коа ќе се скаравме и заплачев, тој ќе ме гушнеше и ќе заплачеше а сеа... не, ме гледа само и нејќе да рече не плачи...
Многу ми е тешко , веднаш станувам друга личност ни зборувам ни се смеам , до ништо не ми е тогаш.А и го заборавив плачењето тоа е неизбежно
Секогаш скоро се караме за глупости ама сепак многу тешко поднесувам и секогаш плачам, ептен сум лигле.
Речиси никогаш не се нервирам заради некоја кавга, секогаш гледам проблемот да се реши на мирен начин. До сега не ни се случило после кавга со денови да не збориме, да исклучуваме мобилни и слично. 15тина минути и прошло. Врска без кавги, не е нормална врска
Многу ретко се караме , и јас не знам да се карам , само се лутам него го нервира тоа бидејќи сака да разговараме за проблемот , а мене па тогаваш не ми се зборува и кога почнам да зборувам веднаш паѓаат солзи ко река , премногу сум чувствителна За ситници се лутам
Кога е за некоја ситница... Не се замарам ! Ама кога станува збор за некоја посериозна ствар,а и јас сум виновна... Спојлер и сепак не попуштам ...тогаш деновите ми се ужасни,празни,се ми е глупо и ми нема смисла,немам волја за нишо додека пак не го слушнам,гушнам... А кога станува збор за некоја посериозна ствар,а тој е виновен... Криво ми е,али се праам ладна и чекам да ми се извини... Комплицирана сум,знам Спојлер ама детално ви објаснив,машала
Мразам кариници. Што е до мене никогаш не би се карала, само убаво да си дискутираме на тоа каде лежи проблемот. Но, дечко ми е потежок тип. И да, ме погодуваат караниците...било какви караници дали со него...дали со некој друг. Несакам да се карам! А зошто сите целат кон тоа??? - Не ми е јасно навистина.
претежно сите кавги во мојата врска се заради љубомора...........последиците се тешки секако... солзи , нервози, изгубени мн број на килограми, несоница... не си милеат животот....ЕДНОСТАВНО ПОСАКУВАС НИКОГАШ ДА НЕ СЕ РОДиШ
многу тешко :/ стално плачам за секоја караница. Но не си остануваме лути со деновиве истата ден се смируваме
кога се караме за љубомора (од негова страна) му се смеам и го бакнувам го чешкам(со еден збор пробувам да го смирам) и успевам до негде... а ако сум јас љубоморната е тогаш тешко него за ТАА цел месец му ја спомнувам ако е посериозна караница... имало моменти кога сум плачела,со денови не сум му зборела, не сум сакала да го видам.... ама ете ќе баправи некоја глупост ( у 5 сабајле на врата ми има дојдено среќа прво на тел ми се јавува па морам да му отворам за да не ги разбуди моите) и му се има случено да заплаче и јас готово одма по него плачам ( слаба точка ми се мачки солзи) а знам дека се вистински и седиме пред врата ко будали дур не дојде времето моите да станат за на работа
Исто и јас ептен тешко ги поднесувам караниците со маж ми и кога и да се караме јас постојано плачам и се нервирам,ама никогаш прва не попуштам секогаш тој прв ќе ми прозбори и ќе се прељути.било да е тој виновен или не.
уфф тешкоо, стварно тешко. Одма гледам да не ја доведувам до голема го смирувам, ќе го гушнам, ќе му се насмеам , ќе го бацам и така.. кога сме имале поголеми караници не сме збореле макс. 3 дена, вообичаено не сакаме да се караме и двајцата гледаме да се смириме. Ама и најмала караница да е, криво ми е, не можам да издржам да сум скарана со него, плачам, се нервирам, не зборам со никој, не јадам и така..