Зависи кава е караницата.Во моментот не се нервирам.Сум се избранила самата себе али после ми е криво.Највеке што ни потрајло било два дена и многу ми влијаеше тоа на учењето.И потоа разговараме со ветување од двете страни дека нема да се повтори .ПА следи гушкања и .
Многу ретко се караме со саканата личност, а и кога ќе се скараме, многу брзо се смируваме... така да и немаме многу главоболки со караниците
Јас сум личност што избегнува вербални преперки.Таквите ситуации ги игнорирам.Може само да го покренам гласот и тоа е доволен знак за тој што ме познава дека нешто не е во ред и дека треба да разговараме.Знам да држам лутина доколку другиот е виновникот,а моите грешки ги признавам.
Ретко се караме,а и кога ќе се скараме,секогаш тој попушта.Јас прва до сеа ни сум се извинила,ни попуштила.Да си знае со кого има работа.
мнооогу мнооогу ретко се случува тоа.. речиси никогаш.. но ако се случи, тоа е површно и трае неколку минути.. секогаш тој прв подава рака..и попушта ..дека ме сака
Јас сум трпелива и молчам за многу работи , ама кога ќе се прелие чашата кажувам се што мислам и не сакам воопшто да се замарам.. Криво ми е, ми недостасува ама кога знам дека сум во право не попуштам! Собирам лутина па ќе удрам на плачење, и така се во круг додека едниот не попушти
Ма нас човеку лутина не не држи. Колку што е добро, толку е и лошо тоа. Ама барем двајцата сме такви, мекушари!
Јас сум многу емоционална личност (риба во хороскоп), и се си земам при себе , секоја караница ја сфаќам сериозно и многу се нервирам стално , а има и многу работи што ме нервираат па затоа и се караме најчесто , ама незнам таква сум едноставно кога ми значи некој , мора да знам се па и под услов да се скараме ..
Значи колку и да се караме 5 - 10 мин. не разговараме и потоа кога ке се погледнеме е вакви сме . Значи лутина ич не држиме. А знам еден пар, најчесто се караат за глупости и потоа со денови и недели не зборуваат и просто не ми е јасно, како е можно со човекот со кој си во брак и со кого делиш постела да издржиш толку време да не не разговараш, поготово кога причината за кавгата е смешна.
За среќа не се караме често а кога ке се скараме и по 5мин ке се погледнеме очи во очи и ке се смееме и толку беше
Како вага во хороскоп караници мразам најмногу од се. Било со кого,едноставно го губам гласот,и веднаш ми навираат солзи. Со дечко ми се караме буквално за ситници,(зошто не ми крена,зошто касниш,зошто не учиш) До сега не траела лутината повеќе од еден час.Само неколку солзички и веднаш му поминува. А во тој час,буквално немам воља за ништо,едноставно не ми се ни живее. Убаво рекле,љубовта е школа што не треба да се учи.
Лошо...Секогаш кога ке се потскараме малце повеќе т.е голема караница искрено веднаш ми иде да заплачам а тоа и често го правам не само затоа што тој меповредил мене во караницатат туку и јас него а навистина несаакам да го поверувам и да се караме накако криво ми е...Колку и да сум му лута колку и да му викам сакам да истрчам и силно да го прегарнам...
јас сум голем љутко обично трпам и не плачам се борам и инат водам.ако е мн жустро и се дерам мн тогаш ми се стегнува грлово и солзи ми течат...а кога вика и он и глеам дека губам како на пример денеска плачам затоа што ме повредил мн и напраил нешто што не треба...
Караниците се ретки, а и кога ги има не траат долго време. Се трудам секогаш проблемите да ги решиме со разговор. Сметам дека двајца свесни луѓе меѓу кои има љубов, можат за се да се договорат. Така и функционираме.
И двајцата сме тврдоглави па се трудиме после секоја караница да се насмееме слатко. И така функционираме, се караме за ситници и глупости и тоа само кога ја сум во пмс . Му имам кажано дека нашите караници не се некои посериозни караници. Но сепак си вложуваме и двајцата во оваа врска.
Се сакаме многу и секогаш си попуштаме, па нели во врската треба да има многу толерантност.Обично се караме за глупости,да не види некој од страна би ни се смеел хаха
И ние некогаш знаеме за мала ситница да се скараме, но после 10мин одма едниот ќе попушти и толку од лутењето т.е караницата....но тоа ни се дешава мнооогу ретко.