Со сегашниот дечко се случува да се искараме но не држиме лутина, кратко после тоа се однесуваме како да не било ништо. Ме загрижува тоа што често почнавме да се караме. Се каам што сум изреагирла премногу бурно во некои ситуации.
Vo vrska sum vekje 4 godini, i do sega nemalo nokj a nie da si legneme luti se sluchuvaat karanici no gi reshavame brzo se nadevam deka taka i kje prodolzhime
Многу тешко ги поднесував. Тој беше премногу глупав за да сфати дека ме повредува, а јас не смеам да се нервирам. Ако ви значи некој ќе сакате се да биде како што треба. Секоја караница создава нервоза, а нервозата немир, љубомора и сомнеж. Кога ги имате сите овие чувства самиот мозок си режира еден филм во кој вие почнувате да верувате врз база на емоциите и неговите постапки. Си замислувате сценарија и си правите филмови, а во реалноста тој можеби и ништо да не прави, ама вие мислите дека прави.
Секогаш јас сум таа што вика и нервозата ја покажувам како што ја чувствувам, а тој секогаш ја смирува ситуацијата и нервозата ја чува во себе не ја искажува на мене и некогаш се чувствувам виновно затоа што само јас се слушам
Попуштав но и тоа си имало граница. Не можев веќе да се поднесам и сама себе и сето тоа плачење за некој идиот. Глупав изрод ќе глуми дека се е совршено, како демек не сака да се расправа..
Устата ми е пред умот. Многу често ми лета нешто без да размислам дека ќе се развие во нешто многу поголемо, но веќе е касно. Тој е поимпулсивен. Јас можам да се скарам и за 5 мин ми поминува, само да не ми стои во мене. Тој почнува премногу да размислува и да се нервира уште повеќе и ми треба долго време да се вратиме во нормала. Мислам... неколку часа. Но, никогаш не си легнуваме лути.
Мене ми доаѓаат солзи на очи и се нервирам...и тој исто така се нервира, го следи секој мој покрет и ги лупа вратите, не зборуваме неколку саати..а потоа како ништо да не се случило.
Пушам кутија за 1 час, се лутам, ме држи лутината се додека не попушти тој. Мислам додека сме скарани заради негова глупост. Кога се караме заради мене попуштам јас. Компромис.
Јас мразам кавги а јас сум иницијатор.Сега звучам смешно ама така е.Јас всушност сакам разговор, компромис а не кавга.И секогаш кога сакам да кажам нешто што ми смета изгледа како да сакам да се карам.Така беше во минатото па сега така си мисли дека и уште е така. Порано бевме лоши за гледање отстрана.Сега се смирени работите.Ваљда сфативме дека сакаме да сме заедно па и зошто да се караме.
Последната врска имав толку кавги и држење на кумплуг, толку двете претходни да ги броев заедно за последната да соберам. Обично не толерирам безвеза кавги и да се бара рачки за расправија и да се прави некој виновен, безврска, ама ајде си реков можеби таков карактер е да и се удоволи малку. Сеедно, сега веќе е бивша.
Па баш и не се караме.. не памтам да сме се испокарале во овие година ипол Кога ќе се поткараме онака ситно, јас си се затворам во соба, ќе си поплачам од нервоза малку и како ништо да не било.. а го чекам секој момент да влезе да праша што ти е.. Ама го нема, тогаш баш дреме на компјутер
Не ги поднесувам, гледам да се разбереме разумно . Порано бев инает, ама сфатив дека многу време и енергија ни одзема , плус двата не прави тажни. Мм никогаш не се дери плус, ама никогаш, глупаво ми беше сама да викам како нездрава
Не се караме често ама кога ќе се скараме ме погодува тоа, знам да си поплачам. Ама брзо ни проаѓа, за пола саат, саат, ќе си се извиниме, ќе си кажеме дека се сакаме и се е во ред. Среќа последен пат пред 2-3нед се потскаравме зашо бев нервозна и од тогаш сме супер. Ич не сакам да се караме.
Pa vaka koga kje se karame, a bese mnogu cesto, sega da ne se urocam ne se karame, karanicata ne ja podnesuvam, se karam i jas. se pcueme, se dereme, ama fizicki kontakt samo onaka na ubav i fin nacin za smiruvanje haahha ♥
Па зависи, ако се нешто сериозно скараме знам да се изнервирам многу и да заплачам. Но добро е што не ни се случува често да се караме.
Некој од страна да слуша ќе мисли сама си зборувам и сама на себе се карам, мм никогаш не крева глас, а многу ретко ми возврака на кавга. Еднаш му се скарав за глупост неколку пати, а тој беше нервозен и ми возврати, јас од цела лутина и нервоза, ми стана ептен смешно да повише тон и почнав на глас да се сменам .