Со оглед на тоа што сè почесто приметувам девојки кои ги користат маските и шампоните за коса од овој Унгарски бренд, мислам дека ваква тема би ни била многу корисна и тука многу полесно би разменувале искуства и информации околу достапноста и цените на овие продукти. Ова е нивниот официјален сајт и во одделот за коса гледам дека имаат огромен асортиман на производи. Се надевам дека наскоро ќе ни бидат достапни што повеќе продукти; јас веќе некое време ја користам маската за коса со кератин и навистина ми се допаѓа ефектот кој го има врз мојата коса. Сум спомнала дека имам коса која често се масти, па многу ми е битно маската за коса да не ми ја прави тешка и склона кон уште почесто мастење. По третманот, косата е лесна и лелеава дури и кога не ја третирам со фен или пегла, многу лесно се чешла и добро се справува во негата на сувите врвови. Покрај маската со мирис на цреша и онаа со смоква (кои ги видов на сајтот, не знам дали се достапни кај нас), со задоволство би пробала некои од третманите за коса во спреј. Ми се допаѓа минималниот и ненаметлив дизајн и конкретно кај маските за коса не ми се допаѓа тоа што се XXL издание и би ми требало подолго време за да ги потрошам, а многу сакам да експериментирам. Сепак, со оглед на цената која ја имаат (160-180 денари, за пакување од 1000мл), сметам дека навистина се солиден производ за нега на коса. Очекувам да ги споделите вашите лични искуства.
Кога бев во Мк (а и од форумов) видов дека се достапни и шампоните за коса , Бубаче89 пиша дека и се допаѓаат мнгоу , ти @Mishela да не ги имаш пробано? те прашувам тебе зашто имаме и ист тип на коса. Јас ги имам пробано маските , кератинската , мултивитаминската и таа со банана и навистина сум многу задоволна од сите , поготово долго време ја користам таа со банана и сум презадоволна. Косата мека , сјајна... Гледам и таа со боровинки ја донеле и баш една феминка ја користеше , ама сега ќе гледам прво оваа со банана да ја потрошам па потоа ќе испробувам други. Ме мами и таа со чоколадо ама незнам дали ги има во продажба.
Ги немам пробано сè уште шампоните @koritsaki, меѓутоа во план ми е откако ќе ги потрошам овие неколку кои ги користам во моментов и да видам прво кои ни се достапни. Нека каже @buba4e89, штом користи секако е поинформирана повеќе околу нив. И јас сакав да ја пробам маската со боровинка, меѓутоа се разочарав кога прочитав дека не мирисала на боровинки и се откажав.
@Mishela аа значи ништо од мирисот на боровинка. Па и јас очекував така да мириса како што е со оваа од банана. @buba4e89 ми кажа дека е задоволна од шампонот , мислам кератинскиот го користеше.
Мене косата повторно ми е совршено виткана после добри 4-5 години. Без производи за коса никако не се оставам, виткавите коси се суви по природа, и ако не ставам нешто можам само луѓе да плашам по улица, ама се што пробав никако не ми даваше некој претерано задоволителен ефект. Плус, кадриците секако ми паѓаа, па на секои 2 дена ја миев косата, максимум. Од Kallos маските ја купив оваа од кавијар, скептична бев заради цената, ама ве прочитав тука, и вика ај... Едвај чекам да ја дотрошам друга да пробам ама не се троши чудово бе. Косата ми е виткава, не се мрси, а кадриците само ги растресам наутро и спремни се. Сакам да ги пробам шампоните, ама ако имаат некој поблаг затоа што црвено се исфарбав, неќам да ми паѓа бојата. Под итно ми треба шампон, останав со еден за плава коса, еден против првут и еден машки (од дечко ми останат). Од тој машкиот крадам, при три шампони дома заборавам дека треба да си купам друг Ааааа, и да, единствена негативна страна, никако не се пригодни за патување, тогаш едноставно си барам замена, некој регенератор во мало шишенце.
Се надевам барем дека онаа од банана навистина мириса така. За каква коса е @koritsaki? Да ја планирам за следен пат. Јас си префрлам од маската во празна амбалажа од крема за лице, ми доаѓа по мерка за неколку користења. Никако не се делам од неа.
Мене се ми се чини малку ќе ми биде Ич не ја штедам, онака фино си зацрпам и цела коса си ја намачкам. И за бричење на нозе ја користам понекогаш, наместо пена/крем за бричење.
Јас нанесувам само на врвовите при секое миење, затоа што имам суви врвови и таму најмногу ми се плетка косата. Често ми се мрси ако ставам повеќе, па приморана сум да ја штедам. Еднаш неделно секако си правам некој третман на цела коса (освен корени, за нив само кокосово масло), ама никако да се потроши пустата. Ја имам од октомври сигурно. Добар совет @DAngel, ќе почнам да ја користам и како замена за пена за бричење, може ќе тргне ќе се потроши побргу, сакам да пробам некоја нова.
@Mishela за сува коса пишува дека е.. инаку и јас не внимавам колку нанесувам , не ја штедам воопшто и можам да кажам дека ја нанесувам на скоро цела коса
Нешто повеќе од два месеци ја користам Калос со кавијар . Уште кога ја отворив и дадов дел на сестра ми и имам уште мнооогу. Како да ми стои во место. А за штедење ич не ја штедам, само ја нанесувам на врвовите , ама баш обилно. Инаку за девојките кои се во Струмица најснабден е маркетот Здравец . Знам дека имаше од банана, боровинка, кавијар , една плава не приметив од што е. Можеби имаше и други. Ќе проверам деновиве. Да ја сменам мојата. Ќе ја ставам на пауза. Едит: Го прашав чичко гугл, плавата е каратин.
@Mishela @koritsaki Посекако маските немаат лепенка, нели само со капаче се па помирисајте ја оваа од боровинка . Мене убаво ми мириса, иако не е баш мирисот на боровинка. За мојава долга, густа коса овие маски се најекономични . Коритсаки, маската од чоколадо ја немам видено но јас ја имав од ванила. Нешто поскапи се од овие стандардните мириси, а мирисот на ванила нема врска со ванила иако е убав.
@naturally баш ќе ја помирисам и таа од боровинка и таа од ванила. Оваа од банана ми мириса баш како крем бананките ти доаѓа да земеш лажица и да јадеш Не ми е и до толку битен мирисот , важно е што вршат работа и за таа цена се одлични. И искрено , иако не се природни се многу подобри од некои маски што ги имам користено со природни состојки
Јас случајно наидов на шампонот на Kallos во Тинекс, некаде по групите на фб читав за него позитивни критики. Има Кератин, Кавиар, Банана и друго уште едно, не се сеќавам баш добро. Има и маски и шампони. Прво се борев со првут кој го имам уште од мала откако се изборив со вошките. ( секој ги имал нема ништо срамно тука). Јас имам бел првут кој не ме чеша туку само се познава со оглед на тоа дека имам црна коса. Прво го зедов спрема тоа што го пишуваше на него се мислев и за кавиарот но прочитав дека нема да одговара за мојата коса. Калос - кератин: Значи јас имам густа коса која тешко се скротува, по боја црна и сува. После првото миење забележав значителна промена и голема разлика, најважно немав веќе првут значи ниту едно бело зрнче. Се изненадив пријатно бидејќи претходно користев од Авон шампон поради кој после 2рото шампонирање се забележуваше разлика. Прво кога ја миев со Kallos во текот на миењето имате чувство како да е сува уште во плакнењето, јас мислам дека и така треба да е, кога ќе ја избришев ја чешлав што ми е голема грешка, сега не го правам тоа. Прво ќе ја измијам, па ќе ја пребришам и така не чешлана ја сушам и забележав дека таа саматаа се отплекува и откако ќе ја исушам ја чешлам без да ме кубе или да ми паѓаат влакна. Потоа со голема коцкеска четка ја фенирам. Многу ме изненади ефектот што го дава шампонот, 7 дена не ја мијам и мрснотијата ми е значително намалена, се шишам на 6 месеци и ја фарбам на 6 месеци, а долга ми е до под гради. Ретко ја пеглам зашто немам потреба од тоа. Приметувам некоја блага хидратација и по сушењето е нежна како свила Шампонов за ништо не би го менувала, користам 2ро шише и дома сите се миеме, татко ми кажа дека го прашувале пријатели со кој шампон се миел. Е сега кога бев во Прага низ помалите трговски центри наидов на гел за туширање од истата колекција за смешни 50 денари и го немам пробано. Не му имам фрлено мерак. За маските не знам, немам користено. И не сакам да користам мака мачам, ми се сплеткува многу и после како груба ми е. Имам пробувано порано и се откажав и затоа не можам да ви кажам мислење. Шампонот го користам 3 месеци, доволно е малку да ставите, се прави пена и едно шампонирање е доволно, само кога се фарбам во домашни услови се шампонирам по 2 пати. Јас мислам дека и од шампоните ќе бидете задоволни.
Неколку паковања веќе истрошив од маската од кавијар,и слободно ќе кажам дека е нешто најдобро до сега што сум користела. Многу економична е цената и амбалажата,составот е исто ок,косата ми ја прави мека и лесна за расчешлување. Е сега,да бидам искрена,деновиве се зезнав самата малку,сакав да сменам онака за проба друга маска,и око ми фати таа со боровинки,ама искрено ме разочара малку,нема јак мирис како кавијарот и плус не ми ја прави толку мека косата. Ама тоа е,веќе научив дека освен од кавијар нема да експериментирам со друга маска.
Ја пробудивте љубопитноста во мене да пробам некој од производите за коса. Имам многу проблематична, нескротлива коса и какви се не препарати користено... Се надевам нешто од ова ќе помогне, ми делува привлечно маската од кавијар