Веќе неколку кутии од оваа маска имам истрошено и мислам дека е најдоброто нешто што до сега го имам ставено на коса. Во октомври си ја правев омбре косата, што значи ја бланширав и тука започна мојот кошмар. Имам тенко влакно ама густа коса и + блаш = мнооогу лоша комбинација кога ќе дојде време за чешлање... Ти само шо си пиминала со четката пак се заплеткало. Значи ќе се искапев и ајде сега ќе се чешлам... Додека да се исчешлам ем ќе се испотев од мака,а само што сум се искапила, ем ќе се изнервирав максимално. Срес ми претставуваше чешлањето на косата, буквално! А што се немав пробано за лесно расчешлување. Ииии конечно еден убав сончев ден ги открив маските на калос. Никој не ми ги препорача, ниту имав претходно слушнато дека постојат. Едноставно нешто ме натера да ја купам. И мислам дека од ко ја купив си го продолжив животот со тоа што си ги скратив нервозите при чешлањето. Покрај тоа што лесно се расчеслува, косата е мека, скротена, сјајна, не се мрси од маската, слободно може да се нанесе на цела коса. Не можам да си го замислам животот без неа.
@Mishela која маска планираш да ја земеш или веќе ја имаш? Се ориентирам по тебе, чунки исти коси имаме. Лесна и мека, нормално склона кон брзо мрсење. Нешто кератинско блабла да му даде структура на влакното .... И дали само во Тинекс ги има?
Јас ја имам таа со кератин и мислам дека ја купив на некоја акција од ДМ. Ги има и таму, но во Тинекс имаат поголем избор.
Па јас од тинекс на ПрвоМајска го земав. Девојката бараше во магацин за да ми даде,ми рече дека брзо се трошат. @Kathrynn шампонот чини до 150 денари. 1000мл е.
Имаше од шампоните и во Тинекс во Лептокарија, оној кај Сити Мол. Не сум ги користела јас шампоните, а и не верувам дека ќе ги купам со оглед на тоа што имам некои проблеми со скалпот, па користам друг тип на шампони во последно време. Маските се врв, нив ќе продолжам да ги користам и би купила некои од регенераторите во спреј, ако воопшто ги донесат.
Може да пишете состојки, дали се на природна база, да не барам сега декларации? Не ми се верува дека се природни, ама да си прашам. Сакам да купам, да сменам. И мене косата/скалпот ми се мастат многу, па да ги пробам, ги имам гледано во ДМ. Викендов треба да ја обновам резервата шампони и маски за коса.
Не се без штетни состојки, за жал. Имаат парфем, по некој силикон, за друго не сум сигурна, ама составот е далеку од добар. Сепак за дејството кое го има врз мојата коса, маската и понатаму не би ја менувала. Шампон не би се осмелила да тестирам заради скалпот, не ризикувам.
Штета. Не дека овие што сега ги користам се 100% природни, па би ги пробала и на Калос. Ако ми ја средат косата, нема да имам мака што не се природни. Ќе видам во сабота во ДМ, ако ми фати нешто око, може и ќе земам. Фала ви на двете за брзиот одговор.
Ги има користено некоја од вас маската и шампонот од алги? Јас лани купив Мултивитамински, ама освен што мириса убаво друга позитивна работа не видов. Ми ја сушеше косата, а од маската ама баш никаков ефект немав. Сега сакам да им дадам уште една шанса, па еве за мрсен скалп ако знаете дека одговара некој, известете ме.
Јa купив и јaс кaвијaр мaскaтa, читaјќи ве. Презaдoвoлнa сум. Никoгaш пoлеснo кoсa не сум рaзчешлaлa.
Денес отидив да ја купам Kallos маската, ама се врткав 15 мин и не можев да одлучам која да ја земам. Си велам, ќе си ги прашам прво моите феминки сезнајки Имаше кератинска, кавијар, боровинки и мултивитаминска. Која ви се чини најдобра? По било кој критериум ( расчеслување, потхранување, мирис...). Фала
Мене ми се супер кератинската и таа со банана задоволна сум како ми ја прават мека косата , многу лесно се расчешлува. Во врска со тоа како ја потхранува , дали се расцветува итн не можам да забележам ништо зашто ја кратам често овие месеци косата @Avery
Да ви кажам само дека шампоните ги има во Тинексот кај Драмски. Имаше од банана, кератински и мултивитамински. Мислам дека беа 159 ден. Земав кератински, заедно со кератинската маска.