Изгледа само мене маскава ми имаше трагично дејство. Косава никогаш не ми паѓала повеќе. Од само неколку нанесувања, почнав да губам цели прамени. И јас и мајка едвај си ги зачувавме косите лани, додека престана толку застрашувачки да паѓа. Еднаш ја земав и веќе никогаш.
Јас ја земав од кавијар и презадоволна сум. Со мајка ми ја користиме и двете зашто е преголема, поинаку ја/или она сама 3 месеци ќе ни трае, ако не и поише. Мириса прекрасно и мноооогу ја омекнува косата. Знам дека е пуна силикони ама нејсе, преубаво ми изгледа косата после. Се фенира многу полесно. Цената и е повеќе од одлична. Подобра ми е од маската на dove и оние на avon planet spa.
Имам густа и многѕ оштра коса има некој шампон или нешто слично за омекнување на влакната дека премногу ми е оштра постои некоа опциа за ова ?
Јас го зедов шампонот и маската од банана. Се мислев кои, ама читав состав и содржеше витамини, па сметав дека се добри за мојата бланширана коса. Задоволна сум. Ставам многу, на цела коса од маската оти ми е пресува, потоа ми е мека и не е крута. Користам плус и агроново масло после миење, во план ми е кокосово да земам. Екстра се за парите, а имаат добар ефект.
Дали некој Калос шампон е наменет за масно теме а сува коса ? Или сите се со силикони па само на остатокот од косата ке одговара но не и на темето ?
Јас мислам дека на шампоните Калос не пишува кој за каков тип коса е , ако грешам некоја нека ме поправи а за тоа дали имаат силикони , да имаат
На страната од Kallos го видов овој шампон. Дали некоја од вас има искуство со овие шампони и дали знаете која е цената? Спојлер Kallos - МАСКА ЗА КОСА МУЛТИВИТАМИН Енергетска маска за коса со женшен и авокадо базирана на активни состојки за заштита и обнова на слаба, оштетена и безживотна коса. Благодарение на синергијата помеѓу маслото од авокадо и екстрактите на женшен, портокал и лимон збогатени со витамини B3, B5, B6, C и E маската ја потхранува, хидрира, ја обновува косата и го стимулира нејзиниот раст. Kallos - ШАМПОН ЗА КОСА МУЛТИВИТАМИН Енергетски шампон базиран на активни состојки како масло од авокадо и екстракти од женшен, портокал и лимон збогатени со Витамини B3, B5, B6, C, E кои одлично ја чистат, потхрануваат и хидрираат косата, а во исто време го стимулираат нејзиниот раст.
Мене ми беше онака просечно. Убаво ја смекнува косата, но не прскај премногу, има масла доста во него. Јас така ќе напрскав пет пати и ќе ми се залепеше цела коса.
Ја користам маскава и презадоволна сум многу мека ми ја прави и лесна за расчешлување. Имам многу сува и виткана коса све сум пробала какви не масла али ова е навистина добро!