Јас го користам спрејот веќе втор или трет месец, ама немам забележано некое посебно подобрување на косата. Добар е за расчешлување. Е сеа некој ми кажа дека имало многу алкохол во него, ако пазиш такви работи не препорачувам.
За маската исто ќе кажам како и Мишела. Убаво мириса, онаа црвената мултивитамин мислам дека најубаво мириса од сите, ја омекнува косата. 1литро ја земав за некои 170-180 ден затоа што често беше на попуст во дм. Сега ја има на некое друго место ? И спрејчево од каде и колку е?
Да, ги има во ДМ маскиве и спрејот. Е само не се сеќавам на цената, мислам дека им е малку накачена и не се сеќавам колку точно чинат. И јас ја купував маската по некоја цена под 200 денари (веројатно на попуст), ама пак не би требало да е нешто драстично сменета цената. Ги имаше мислам и низ маркети, само не ми текнува каде точно, може има низ темава некоја пишано.
Го купив шампонот случајно од ДМ да го пробам. Не знам зошто не се даде поголемо внимание на овој шампон, бидејќи е навистина супер а ефтин