Баш пред некој ден бев во аптека и случајно го земав флаерчето за овој лек. Еве ја официјалната страна со сите информации. http://www.lactogyn.com/index2.html
Овој лек е за регенерирање на вагиналната флора кај жената. Многу убаво делува, лично го имам пиено пред 1 месец. Ги содржи Lactobacillus бактериите кои се многу важни за одржување на pH вредноста во вагината, а исто така и ги има во сите млечни производи, а најмногу во јогуртот. Затоа и се препорачува кај девојки или жени кои имаат проблеми со повторливи инфекции, Кандида итн. да пијат поголеми количини на јогурт. Не е штетен лекот и нема контраиндикации, барем кај мене. Сметам дека понекогаш може да се зема, секако со препорака на гинеколог. Поздрав
Ивана фалати што ни објасни уште утре ке го купам многу страдам од инфекции пишував по темите пред некое време па престанав за да не здосадам.Колку капсули има внатре,по колку се пијат на ден и колку пари се.Благодарам
Нема проблем, затоа сме тука Кутивчето содржи 15 капсули, а чини околу 350 ден. мислам, во Зегин. Не е баш ефтин лекот, ама добар е. Се пие според упатството, мислам дека за посериозни инфекции се пие 2 пати на ден, ама прочитај за секој случај поубаво. Јас пиев 1 дневно. Поздрав
И јас се мислам дали да го земам ама повеке ме асоцира да го земам а 350 денари не се ништо за разлика од тоа што можеш да дадеш ако ти се појави поголема копликација Поздрав девојки и фала многу најдобри сте
И јас ги пиев порано и ми го потсмири организмот. И за среќа хламидијата престана да ми се повторува по земање на lactogyn.
Колку пари е Лактогинот и што содржи Блонд,го има ли во сите аптеки или мора гинеколог да ти го препорача?
Ако се добро сеќавам цената беше околу 300 ден. Или пак не? Знам во Зегин ги купив. Ама одамна беше и навистина не се сеќавам на цената. Максимум до 500 ден е. Не мора да го препише/препорача гинеколог. Доколку самата мислиш дек миризбата ти е појачана, а немаш никаква инфекција, слободно купи си ги. Не се штетни.
lactogyn е пробиотик кој што ја враќа природнта рамнотежа на бактериите во организомот. Се зема за време и после терапија со антибиотици за да се спречат кандиди слични состојби. Јас го пиев и сум презадоволна. За 1 ден ми ја среди кандидата после антибиотици а другарка ми која есклона кон кандида го пиеше за време на терапија со антибиотици и не и се појави кандида. Не е штетен, не се зема на рецепт, кутивче со 15 капусли е до 500 ден, а има и вагинелати. Од сега секогаш имам дома lactogyn.
И јас имам пиено месец ипол по две дневно ама ништо не ми помогна, ниту бактериите ги излечи ни флората ја подобри за џабе толку пари фрлив Потоа гинеколог од Ремедика ми кажа за да имаат ефект лактогин се пијат најмалку 6 месеци па се до година за да се спуштат лактобацилите од цревата доле Па ќе банкротирам јас за година Сега употребувам Вагисан вагиналети со истата намена и сум задоволна Ги барав и лактогин вагиналетите ама ми кажаа дека веќе ги нема тие, производителот како не испраќа такви така нешто
И јас купив Lactogyn,411ден се во Зегин. Е сеа незнам дали да ги пијам по 2,па после да купам уште едно кутивче и да пијам по едно.Пијам доксициклин ,па може најарно ќе е по 2 И како да ги пијам на гладно или не? Инаку ,мојот гинеколог ми кажа дека најубаво е да се пијат преку еден месец,еден пиеш,еден не.....Значи околу 800ден,за месец.Само ај Боже нека имаат ефект,ич не жалам пари за здравје...
Другарка ми го пиеше (купила миризливи влошки, па оттогаш почнало многу да ја чеша и иритира), и имаше ефект, ама откако престанала, се жалеше дека престанал и ефектот.
Јас барав во еурофарм таа што ми е во населба и во верото, ми рекоа дека нема некое време. Не беше сега скоро ама крај на летово.. Може требаше поупорно да барам баш утре ќе прашам пак..фала ти Да се едитирам.. другарка сега ми рече дека гелот 303 или 333 го земала.. не памти најдобро. За другите не знае..