1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"L'appel du vide" моменти

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 5 октомври 2018.

?

Дали вие некогаш сте искусиле "L'appel du vide" момент?

  1. Да

    74,6%
  2. Не

    25,4%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Француската изрека "L'appel du vide" или во буквален превод на англиски "The call of the void", ја претставува необјасливата посакуваност да се убиеш себеси или да помислиш да убиеш некого во определен момент.

    Овие мисли скоро секој човек ги почувствувал барем еднаш во животот, и тие траат многу кратко, само неколку секунди. Откако помислата ќе помине, човекот се освестува и се отргнува од опасноста.

    Сепак, "повикот на празнината" моментите треба да се разликува од самоубиствените тенденции и стремежи бидејќи немаат емоционален стрес, туку доаѓаат спонтано и се предизвикани од нашата потсвест. Освен тоа, луѓето не ги послушуваат овие мисли бидејќи се свесни дека никогаш не би сакале да направат такво нешто во реалноста.

    За да биде појасно за кои ситуации поточно станува збор, "повикот на празнината" е манифестиран во моментите кога на пример се наоѓаме на многу високо место и помислуваме да скокнеме, кога возиме со автомобил и помислуваме колку би било лесно да се судриме со другите автомобили во сообраќајот, кога капеме некого и помислуваме да го удавиме, или кога држиме нож или чекан и помислуваме дека лесно можеме да убиеме некого во наша близина.

    Со други зборови, помислуваме за миг колку би било лесно и колку малку е потребно за да го прекинеме нашиот живот, или животот на нечија друга личност.

    • Дали вие некогаш сте искусиле "L'appel du vide" момент?
    • Што мислите дека овие моменти значат од психолошки аспект и зошто воопшто се појавуваат?

    hq720 (2).jpg
     
    На piglet1, Читател, mazikeen и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Welcome to my CLUB. Се случуваат ради Х Х Х причини. Комплекси, ментални дисторзии, хормонски заебанции и слично. Најбитно е да не се утепаме или да утепаме некој.. друго , све у муабет може да се стаи.
     
    На La.loca и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Искрено, прв пат слушам дека имало посебен термин за ова.
    Ми се случило... милион пати.

    Што предизвикува? Вака лаички... претпоставувам дека е начин на разумот да 'разгледа' опции и да 'научи'.
    Постојано калкулираме, и учиме... голем дел од секојдневието несвесно.
     
    На kolovoz, 1209, Kitty23 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Според мене, сметам дека т.н. "Call of the void" има поврзаност со фактот за човековата смртност, односно колку лесно може да предизвикаме смрт, без разлика дали таа е туѓа или своја.

    Сепак, колку и човекот да е свесен за сопствената смртност како неизбежен настан, уште посилна е желбата да живее колку што е можно подолго и мозокот при вакви ситуации прави еден "check up" за да провери колку човекот сака да остане жив.
    Токму поради ова се објаснува зошто човекот веднаш се повлекува откако ќе помине повикот на празнината.

    Бидејќи за време на повикот на празнината (кој е манифестиран од несвесниот аспект на човековиот мозок) човекот размислува на начин на кој обично не би размислувал, и кога се повлекува, првото прашање кое му доаѓа на ум е зошто се повлекол?
    Човекот се запрашува зошто се повлекол бидејќи сега со свесниот аспект на неговиот мозок, ја перцепира околноста во која се наоѓа, забележува дека не е во опасност (бидејќи веќе претходно се повлекол) и дури тогаш тој доаѓа до сознанието дека единствената причина поради која се повлекол е бидејќи сигурно, во неговата потсвест, сакал да скокне.

    А со самото тоа што тој сакал да скокне, но се повлекол назад, укажува на фактот дека човекот има волја за живот.

    Би рекла дека умот сака да си игра трикови со нашата потсвест и тенката линија која не дели од нашиот крај на оваа планета. Имено, како што нашиот ум има и свесни и потсвесни аспекти кои се манифестирани во различни времиња и во различни ситуации, се доаѓа до еден вид на недоразбирање.

    Како што претпоставив погоре, ова недоразбирање меѓу свесниот и несвесниот аспект на нашите умови докажува дека мозокот повремено прави еден вид на проверка врз нашата волја за да увиди дали сакаме да живееме или не, односно дали имаме самоубистени тенденции.

    Поради ова, во воведниот пост наведов дека овие моменти се појавуваат и кај луѓето кои не посакуваат да се самоубијат, бидејќи нивната цел е сосема спротивна.
     
    Последна измена: 5 октомври 2018
    На irrelevant, kolovoz, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Знаеш дека овој 'порив', ми има предизвикано страв од висина, која со години ми беше многу интензивна (???)
    Сеуште постои, ама не со толкава јачина.

    И друга работа која ја имам заприметено е, дека не можам да запсијам, ако во моја близина има остар предмет, како нож, ножица, штрафцигер... Оти ми е страв дека кога ќе заспијам ќе се повредам или ќе повредам некој (???).

    Сепак го гледам само како школо.. Од што да се пазиш, кои се опасностите во блиската околина. Како на времето што внимавале пралуѓето на траги и легла од диви зверови и барале начин како преку ноќта да се заштитат од напад..

    Пак ќе речам... само лаички 'истурам' мисли...
     
    На KateKane и Briar Rose им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ми се случило милион пати да држам нож во рака и да си кажам дека можам да си го забодам во стомак, или на некој друг да му го забодам во стомак. Исто и кога држам пенкало во школо, си викам ништо не ме спречува да му го фрлам пенкалото на некој в лице. Мислев дека сум психопат, а испаѓа дека не е моја вина, мозокот на сите ни е fucked up. :D
     
    На piglet1, Читател, mazikeen и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Acrophobia, познато како страв од висини, би рекла дека има тесна поврзаност со овие моменти, односно само во примерот кој го посочив каде човекот се наоѓа на многу високо место и одеднаш му доаѓа таа посакуваност да скокне во празнината.

    Човек кој страда од acrophobia не верувам дека воопшто би сакал да се доближи до работ на некое високо место, ниту пак да помисли да скокне.

    Ова претставува анализирање на можности кои претпоставуваш дека може да се случат за да избегнеш одредена негативна последица како резултат на тоа што предмет кој ти го сметаш за опасен се наоѓа во твоја непосредна близина.

    Би рекла дека претпазливоста доведува до искривени погледи на субјективната реалност, како што таа постои само во рамките на човековата психа, но не и во објективната реалност.

    Ова е веќе тема за тоа како инстинктите кои нашите предци ги имале, се развиле во непријатни чувства или пак вистински фобии со кој се соочува денешниот модерен човек.

    Тоа што го спомена всушност е потекло за никтофобијата, односно стравот од темнината.
    Имено, никтофобијата е многу честа појава меѓу децата, но и кај луѓето каде што не е изразен стравот од темнината туку од можни или замислени опасности скриени во неа.

    Додека некои сметаат дека ова е дело на нашиот ум и психа кои само си поигруваат со нас и нашите имагинарни стравови, јас сепак имам различно толкување на оваа фобија објаснета преку човековата еволуција.

    Имено, познат факт е дека Homo Sapiens од неговиот настанок до денес не е променет во однос на неговата градба на телото и основните сетила со кои се служи.

    Меѓутоа, пред појавата на технологијата, нашите предци постојано внимавале на предаторите кои само ги интересирало да се нахранат од човековото тело.
    А да стане овој факт уште пострашен, повеќето од овие предатори ловат ноќе - времето од денот кога луѓето се особено ранливи во однос на тоа да бидат изложени на напади поради релативно слабиот човечки вид. Ова значи дека било многу важно за нашите предци да останат безбедни во средината на ноќта. Ако не, тие ќе умрат.

    Но со текот на годините, овој ноќен страв станал инстинктивен,а ние денес го доживуваме како форма на блага вознемиреност.

    Причината зошто го чувствуваме ова како вознемиреност е поради тоа што стравот од темнината сега го изедначуваме со стравот од непознатото.
    Ние не можеме да видиме добро што има пред нас и тоа е всушност она кое длабоко не вознемирува, бидејќи нашата имагинација се се полни со најлошите можни нешта, без разлика дали се тие рационални или не.
    За луѓето од Античкиот период, ноќни стравови биле лавовите и другите предатори, а денес во градовите каде дефинитивно нема предатори кои слободно се движат, тоа се чудовиштата.

    Бидејќи не се вклучени предаторите во нашите општества во кои живееме, луѓето ги заменуваат предаторите со нешто сосема друго - имагинарни нешта.
     
    На irrelevant, KateKane, BoneMachine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Знам дека сум оф-топик, ама морам да кажам дека многу логички размислуваш. Случајно, те привлекува астро-физика, ама можеш по професија да бидеш што сакаш и да го усовршиш тоа што би го одбрала :inlove:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    @Briar Rose интересна тема. :)

    Ми се случило.

    Не знам која е причината можам само да предпоставам. Можеби има некаква поврзаност со OSD бидејќи луѓе со изразено OSD имаат и intrusive thoughts, но тие мисли се различни од овие. Можеби создаваме хипотетички ситуации како што спомна @WildMk .

    Читнав нешто на интернетов за ова, наидов на една статија која тврди дека овие мисли се поврзани со само-саботажа. На пример, ако правиме нешто важно што одзема доста време и напор често ни се појавуваат мисли што не тераат да се откажеме.

    Ме постеќа на ѓаволчето во цртаните што шепоти на уво. :D
     
    На kolovoz, Briar Rose и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На kolovoz и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ич не ми е јасен тој механизам на само-саботажа.
    Знам дека го имаме сите, во различна форма и со различен интензитет, ама не ја разбирам еволуциската придобивка од него |( Како мајтап да си играла природата со нас.
     
    На kolovoz, Briar Rose и BoneMachine им се допаѓа ова.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Moже да само да претпоставиме.

    Да речеме дека примитивниот човек имал ограничен пристап до калории и морал да ја штеди својата енергија за да ја искористи кога му е најпотребна. Ако троши време и напор да направи нешто, а не е сигурен дека ќе успее би било нормално постојано да го преиспитува тоа што го прави. Ако потроши премногу енергија на работа што може и да не успее тоа ќе биде и крај за него.
     
    На kolovoz, Briar Rose и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Има логика... и тоа многу. Јас ќе да сум мечка. 'Хибернирам' поголем дел од времето :D

    Ај лајк ју ту :)
     
    На kolovoz и BoneMachine им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine ти благодарам што го сподели твоето мислење и мило ми е што ти се допаѓа темата :)

    Ги спомена т.н. intrusive thoughts но тие, за разлика од повикот на празнината, немаат цел да ја тестираат човековата волја за живот, туку предизвикуваат вонземиреност кај човекот и тоа од различни апсекти како агресивни, сексуални, религиозни, депресивни мисли.

    Претпоставувам дека прво си помислил дека L'appel du vide има поврзаност со intrusive thoughts поради т.н. Mortality Salience, односно свеста на поединецот дека неговата или нејзината смрт е неизбежна, која исто така може да доведе до вакви intrusive thoughts па дури и до existential crisis;

    Само-саботажата настанува кај човекот поради различни мотиви и човекот има различни методи со кои успева да се саботира самиот себеси.

    Како што го наведен примерот дека помислуваме да се откажеме од нешто кое е важно, но ни одзема време и енергија, повеќе би рекла дека се работи за тоа дали ние перцепираме дека истата таа работа е навистина важна и неопходна поради која толку се трудиме.

    Луѓето сакаат да бидат консистентни и нашите дејности треба да бидат изедначени, односно да се поклопуваат со нашите верувања и вредности, но кога тоа не е случајот, се појавува чувство на незадоволство и се обидуваме да ги изедначиме двете аспекти кои ни се потребни за одреден баланс.
    Но кога очигледно не можеме да го постигнеме она за кое сме мислеле дека сме го сакале, на човекот му е многу поприфатливо да го контролира сопствениот неуспех отколку да дозволи тој да се случува тукутака пред неговите очи.

    The little devil on your shoulder says what?! :devil:

    [​IMG]
     
    На BoneMachine и WildMk им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Доаѓаат од потсвеста затоа што сите негативни искуства кои што сме ги доживеале во минатото се складираат токму во тој предел од свеста. Негативните искуства кои сме ги искусиле во минатото можат да бидат заборавени но, не можат да исчезнат засекогаш. И така, во овие моменти, човекот кој го доживува овој момент ("L'appel du vide" ) доживува во дадениот момент исто така и „дежа ву“ - момент на некоја несреќна работа што ја доживеал во минатото и што моменталната работа го потсетува на тоа. Тоа може (зависи од ситуацијата) и да се означи и како одбранбен механизам на човекот.

    Така да (според мене) овие моменти се доживуваат само ако некој човек доживее некаква опасност (која го потсетува на некоја случка од минатото) од некое трето лице. А свеста не ни дозволува тоа да го направиме нормално (на пример да направиме некоја лоша работа) и така треба и да остане. Треба во тие ситуации човек да земе длабок здив и да се смири и да се обидува да остане под контрола.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не верувам дека е така.
    Како и за се' друго, мозокот прави патеки: вака ако е - ваков исход ќе има, ако направам онака -онаков исход.. во илијадници комбинации..... Така се прават синапсите и се прават патерни на однесување, знаење, скилс итн.

    Мислам дека е дел од тоа 'учење' ...
     
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    Во ред е, секој има свое мислење. Јас сум на ставот дека човек не може да стане убиец (на пример) без причина. За сè има причина. А обично вака пример и тоа почнува. Затоа имам од една страна разбирање за ваквиот тип на луѓе ама не ги оправдувам. Затоа што во такви моменти човек треба да земе здив и длабоко да размисли.
    Мислам дека не може туку-така да ти дојде помислата да убиеш некој. Обично човекот тоа го прави кога чувствува некаква опасност од некого поради нешто што го потсетува на некоја несреќна работа и тоа е еден вид на одбранбен механизам. Според мене, човек е убаво да се брани но, треба да се знаат и границите до каде се.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не станува збор за 'убиец', туку е состојба, која сите би требало да ја имаат. Прочитај го убаво уводниот пост.
     
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    Го прочитав:

     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да.. ама е во форма: Што ако?
    Прашање е.