1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"L'appel du vide" моменти

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 5 октомври 2018.

?

Дали вие некогаш сте искусиле "L'appel du vide" момент?

  1. Да

    74,6%
  2. Не

    25,4%
  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Браво @Briar Rose , браво умно девојче...Ќе умрев со тој срам во себе, со тој страв во себе да прашам што ми се случува понекогаш со мозокот, зошто имам сулуди мисли, понекогаш смешни а понекогаш језиви...Браво, ми олесна сега кога дознав дека и другите луѓе имале такви мисли...
    не знаев дека постои и стручен назив за таа проблематика...навистина е чуден човечкиот мозок, чудна фасцинантна справа во која никој неможе да и го најде крајот а камоли почетокот.

    Понекогаш кога зборувам со некој и соговорникот малку повеќе ќе ја отегне дискусијата, мене ми доаѓаат чудни желби, на пр.што би било кога сега би го плукнала во фаца или да му влепам шамар..исто и оние помисли да си збрцам нож или па некој друг да го повредам...

    Добро е, значи не сум отидена скроз со умот...ТИ БЛАГОДАРАМ @Briar Rose ...'ќе умрев и не ќе знаев(y)
    :)
     
    На Briar Rose и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @baba Rada ти благодарам. Мило ми е што ти се допаѓа темата :)

    Како што имам објаснето во моите претходни коментари, сметам дека овие моменти претставуваат едно недоразбирање меѓу свесниот и несвесниот аспект на нашите умови каде се докажува дека мозокот повремено прави еден вид на проверка врз нашата волја за да увиди дали сакаме да живееме или не, односно дали имаме самоубистени тенденции.

    Но имам уште една претпоставка во врска со називот "Call of the void" а е поврзана со не/верувањето во задгробен живот.

    Мислам дека самиот назив на овие моменти (што преведено на македонски значи повикот на празнината) исто така покажува дека длабоко во нашата потсвест, луѓето не веруваат дека задгробен живот, како што се измислените концепти за рајот и пеколот.
    Ова се однесува на сите луѓе, без разлика дали се атеисти или верници.

    Би рекла дека овие моменти најчесто се како повици на смртта, а самиот збор "празнината" иницира на фактот дека после смртта не постои и не се случува ништо, односно она во кое луѓето, особено верниците, целиот свој живот верувале.
    На сличен начин како што би го опишала поголемиот дел од универзумот - комплетна празнина во која ништо не се случува.

    Можам да го опишам ова како тенка интеракција меѓу реалноста која се јавува во нашата потсвест, и илузијата која е присутна во нашата свест.

    Колку луѓето и да веруваат во она што сакаат да е вистина и во кое всушност наоѓаат утеха (во овој случај тоа е животот после смртта што го симболизира човековиот невозможен стремеж за бесмртност) сепак во нивната потсвест знаат дека не се 100% сигурни за тој факт, или пак дека верувањето во задгробен живот е само уште еден психолошки метод на човештвото за бегање од реалноста.

    Од несвесен аспект сфаќаат дека после смртта нема ништо останато за нив, и дека тоа навистина е крајот на нивното ограничено време на оваа планета.
     
    На theowndemon, BoneMachine и baba Rada им се допаѓа ова.