Случајот на Lindsay Clancy е еден од најпотресните и најконтроверзните случаи што предизвикаа огромно внимание во јавноста. Во јануари 2023 година, Lindsay Clancy беше обвинета за убиство на нејзините три мали деца и обид за самоубиство,а случајот отвори низа тешки прашања поврзани со менталното здравје, мајчинството, одговорноста и правдата. Линдзи со години страдала од ППД . Судењето е во тек и може да се следи во живо, со рочишта и сведочења кои се одвиваат во текот на процесот. Во оваа тема ќе можеме да го следиме случајот од ден на ден – што се случува во судницата, кои сведоци сведочат, какви докази се презентираат и што изнесуваат обвинителството и одбраната. Без сензационализам и без однапред донесени заклучоци – туку со фактите од судницата и отворена дискусија за едно од најтешките прашања: каде завршува менталната болест, а каде започнува кривичната одговорност? Јас сум баш окупирана...ги следам судењата секој ден .
Да додадам Ова не е случај за навивање, ниту за бранење на било која страна. Станува збор за смртта на три невини деца и за судски процес кој сè уште трае, па затоа би сакала да дискутираме врз основа на фактите што се изнесуваат во судницата. Слободно споделувајте мислења, анализи и информации од рочиштата, но ве молам со почит кон жртвите и без ширење непроверени информации. Ќе ги следиме сведочењата и доказите ден по ден, па ќе видиме што навистина покажува самиот процес.
Случајов е при крај, одбраната заврши, сега уште некој сведок има од обвинителство и толку е. Можам само да кажам дека единственото добро од случајов што произлезе е вниманието кое го доби менталното здравје кај жените кои родиле и со што се борат. Тешко беше да се види колку лекови и нафрлале, колку брзо ги менувале, колку психијатри ја виделе, а немале ни целосен преглед на историјата. Читам колку жените изразија емпатија во случајов, што според мене не е исто како оправдување на убиството. Туку многу се имаат најдено во некоја ваква тешка ситуација, знаат каков е здравствениот систем, па оттаму разбирањето. Моето „контроверзно“ мислење е не знам како е она уште жива. Иако, можеби и да сакала да ја заврши работата веројатно нема начин сега. Ама, секако за нејзе животот е завршен. За разлика од маж и нели, кој си се преженил и среќно си живее.
И мене ме изненадува фактот дека и биле давани терапии и менувани многу брзо и тоа баш мноогууу лекарства Немам никаква емпатија ама загрижува фактот што жената алармирала и кај мајка и дека има мисли за да им наштети на децата и никој не ја тргнал од нив. Отприлика колку би се чекало на одлуката ?
Значи утре се завршни зборови па потоа поротата се повлекува. Како и да е јас се прашувам кога Нетфликс ке извадат добар документарец од ова.
Сигурно ќе се чека да заврши судењето да има конечна пресуда. Мене едно не ми е јасно, нели не беше спорно дали ги убила, секако беше прашање дали во затвор или болница, ама како има толку дупки во доказите?! Никаде нема отисоци не се поклопуваат ни движењето на маж и часовникот не го носела, апчињата од колата кај маж и не ги земале како доказ. И сега нормално низ пола свет се појави сумља дали е воошто она таа што ги убила. Многу тежок случај мислам мозокот ми истече од информации од судењата.
Мислам дека се се ова теории на заговор произлезени од Тик Ток. Она ги убила и тоа не е спорно докажано е. Е сега ке се суди дали била кривично одговорна т е свесна или под психоза .
Мене тоа ме интересира, на кој начин е докажано, како што знам признание нејзино немало, она не се ни сеќава на денот според сведоците.
Она официјално нема кажано баш со тие зборови ама по убиствата таа зборувала за случувањето. На пример, според сведочењето на капеланката, Линдзи кажала дека слушнала машки глас кој ѝ наредил да го направи тоа, а нејзиниот поранешен сопруг исто така сведочел за таква изјава. Исто и одбраната т е нејзиниот адвокат никаде не тврди дека НЕ ги убила.