Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Има адвокатов податоци и докази кои не се прикажани затоа што сега нема сврха не е тоа предмет. Ексхумација не може, кремирани се децата. Ќе видиме што ќе биде.
     
    На simona_baby и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    За сите оние што го подржуваат убиецот бидејќи бил под стрес, хормони, ППД...

    Ако Линдзи Кленси биде прогласена за невина затоа што хормоните ја направиле емоционално нестабилна, жените треба да бидат многу внимателни да ја прославуваат таа пресуда.

    Затоа што законот обожава ПРЕСЕДАН.

    Од тој ден па натаму, секоја апликација за работа ќе има ново прашање:
    „Дали моментално имате хормонални проблеми?“
    „Па, јас сум жена.“
    „Ви благодарам. Мислам дека ќе одиме во друга насока.“

    Повеќе не можете да носите оружје. Нема жени полицајки. Извинете, но не можеме да му дадеме наполнет пиштол на некој чија правна одбрана на крајот би можела да биде: „Моите хормони беа во лоша состојба.“
    Нема повеќе ни работни места со висок стрес. Нема контролори на летање. Нема хирурзи. Нема кодови за лансирање нуклеарни ракети. Еден жежок бран и бум, отиде нуклеарката некаде.

    И жените дефинитивно не можат да бидат судии. Како можете да одлучите дали некој друг е емоционално стабилен кога вашиот сопствен пол штотуку утврди на суд дека хормоните можат да ве натераат да убиете три лица?

    Нема ни жени политичари. Не можете да ви се верува да ја водите земјата ако, според вашиот сопствен аргумент, вашиот ендокрин систем повремено ја презема владата.

    И рочиштата за старателство ќе се променат преку ноќ.
    Судијата ќе каже: „Обично, децата припаѓаат кај нивната мајка. Сепак, според преседанот на Линдзи Кленси, таа може да биде само еден хормон подалеку од документарец на Нетфликс. Децата одат кај тато.“
    Таткото не ги знае нивните големини на чевли, името на педијатарот или кој е алергичен на кикирики, но неговиот тестостерон никогаш не бил успешно искористен како одбрана од лудило.

    Феминистките поминале сто години велејќи дека жените не се хистерични, ирационални суштества контролирани од нивната биологија, а еден адвокат на одбраната влегува во судот и вели: „Дами и господа од поротата… дали ја разгледавте матката?“

    Не можете да барате еднакви права, а потоа да барате намалена одговорност.
    Ако жените сакаат еднакви права, одлично. Но, еднаквите права доаѓаат со еднакви кривици.
    Во спротивно, тој стаклен таван е на пат да стане тапациран таван.
     
    На V.odolija, Чанта, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.758
    Допаѓања:
    35.203
    Пол:
    Женски
    Тоа никад нема да се случи оти ако се случи, ќе се бара еднаквост и за мажите, пошо они се водени од тестостеронот, а тестостеронот те прави агресивен напален манијак.
     
    На AlmaOculta, Mumoftwo30, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Поголема глупост немам прочитано. Како мислиш хормони имаат само жените и не се дел и од машкото тело. А и менталното здравје и депресија ги напаѓа само жените.

    Ако е така зошто тогаш оваа не им се десило до сега на мажите пошо знаеш колку од нив се имаат извадено на ментално здравје за најгрозоморни дела ?
     
    На BlackNight, Mumoftwo30 и An-na им се допаѓа ова.
  5. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    А нели е логички дека сите ГРОЗОМОРНИ дела од мажи а еве и од жени се ПОРАДИ ментално НЕ здравје? Ај па ако не, нека нема затвори сите нека ги сместуваат во болница бидејќи душички не сакале ама ете хормоните. СЕ ЗАЕБАВА НЕКОЈ НЕШТО? БЕСИЛКА на ПЛОШТАД-КАМЕНУВАНО ОДМА. ПЕДОФИЛИЈА, СИЛУВАЊЕ УБИСТВА НА ДЕЦА! Не ме интересира ничие здравје ментално- ПРАВДА. И тој што си го д*ка на деца е болничок нека видат во установа. СРАМОТА !
     
    На Чанта и ideniki1 им се допаѓа ова.
  6. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    А знаеш што е состојба на психоза ?
    Знаеш што е да се бориш со ментално здравје долг период ?
    Ако ти не си го искусиле не значи дека не постое

    Според тебе каде би требало да ги сместиме луѓето со алцхајмер и дементиа?
     
    На Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Не дај боже да дознаеме. А уште помалку на твој близок некој да му свирне куршум. Ќе прашам дали ќе знаеш што е и психоза и ментално здравје за човекот што ти го уништил животот. Правда. Секоја акција -РЕАКЦИЈА. Ќе се повторам ПЕДОФИЛОТ исто е ментално болен. Размисли.
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Ако тој што свирнал куршум со месеци молел за помош и трубел дека не му е добро а некој упорно му давал оружје во рака штознам мојот бес ќе биде насочен кон трети личности. :)

    А за педофилија е друга работа бидејќи тие многу добро се свесни за своите акции дека не се во ред бидејќи да не се свесни нема да се кријат и да прават скришум такви дела. Значи тоа е свесен акт и не мешај баби и жаби.
     
  9. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Ако копаме така ке дојдеме до системот - Државата не ваља. Ондак, жена на психијатрија што оди и моли дека не е добро пред лекари и никој не алармира дека има три малолетни деца па да и ги одземат со време. Доста префрлате топка од овој на оној наполниш ли 18 ќе си тераш и ќе си мислиш дали ке остаиш и деца и све и ќе си бараш чаре или ќе си сносиш ТИ одговорност за твоите постапки. АМА МАЈКА И ТАТКО И МАЖ И. АМА и Господ ја створи таква ај да му звониме.
    Да сите треба да одговараат на некој начин но ти си таа што си ги уби децата. И педофилот мајка му не го гушкала и не приметила на 50 год дека глеа деца по паркови и не напраила ништо. ОДГОВОРНОСТ сносува најголема ТОЈ што го прави ГРОЗОМОРНОТО дело и точка. Не убиваш мравки на на улица, Уби деца невини 3.. Затвор овде доживотен. Господ горе.
     
    На Miss666 и ideniki1 им се допаѓа ова.
  10. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Сфаќам колку си упатена во случајот, повеќе од насловот не си прочитала. Нема да се објаснувам со неупатени личности.
     
    На Raven22 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Точно, доволен е насловот.

    Буквално врескате сите што ја подржувате женава - Правда за сите силувачи педофили и убијци на деца треба да се лечат не да скапуваат по затвори. Под хитно стручна помош ама сега ..не после. Убав ден.
     
    На Miss666 и ideniki1 им се допаѓа ова.
  12. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.095
    Пол:
    Женски
    Нели сфаќате дека нема никаков физички доказ дека таа ги убила децата? Истрагата тргнала во тој правец само затоа што Патрик изјавил дека таа нему му признала, иако во тој момент имала скршена тироидна и не можела да зборува. Сите полицајци што биле на местото на злосторот му поверувале и Линдзи била обвинета во рок од 22 часа! Како прво, физички е невозможно таа да ги убила сите деца и да имала време да изврши обид за самоубиство на 4 различни начини, и притоа нејзината телесна температура да падне до 27 степени за толку кратко време! Како второ, Патрик повеќепати бил фатен во лаги кога сведочел.
    Како трето, многу докази од местото не биле земени, крвта и правта не биле испитани, нејзина днк и отпечатоци нема на ножот и на ластиците. Дали би сакале и вие да одите во затвор без физички докази, само затоа што сопругот така рекол? И некој погоре кажа дека не е судењето да се докаже дали е крива или не.Епа грешка сте.Прво треба да се докаже вина, па потоа да се одлучи дали ќе биде сместена во установа или ќе оди во затвор. Поротата има право да одлучи целосно да ја ослободи, врз основа на немање доволно докази.Сите вие што обвинувате без да сте во тек со судењето, се надевам и на вас кога ќе ви треба- не дај боже, ќе ви се паднат такви адвокати /порота што носат одлуки без да истражат.

    ПС: осудување без да се биде во тек и да се знаат сите детали е знак на огорченост и имање несреќен живот
     
    Последна измена: 2 септември 2026 во 16:11
    На happygirl, warrior, Raven22 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Самата има признаено дека си ги убила само не се чувствува виновна! Значи престанете со кривење на мажот, сверквата, хороскопскиот знак... Жената е убиец, е нејзе ја браните! Бог да чува!

     
  14. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.095
    Пол:
    Женски
    Не е тоа признание, слушни го завршниот исказ на нејзиниот адвокат, се изјаснила како невина на старт на судењето. Кажала првично дека ги убила дури била в болница на интензивна нега затоа што сопругот ја убедил во тоа. Таа нема никакво сеќавање, тоа што и го кажале во тоа верувала.Да се изјаснела како виновна, немало да има судење туку само изрекување на казна. Дај размислете малце, прочитајте како функционира судскиот систем во САД.

    ПС: Ако некој близок те дрогира и ти немаш сеќавање, а притоа ти каже дека си направила нешто лошо нема да му веруваш? Се работи за човек што ти е многу близок, човек со кого го делиш животот
    Ова се инструкциите на судијата:
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 2 септември 2026 во 16:38
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    19.860
    Пол:
    Женски
    Не знам на кого се објаснуваме, овие што коментираат вака, само насловот го имаат прочитано, ниту гледале судење, ниту читале што се случува.

    Јас искрено верувам дека ниту една од вас нема да доживее ППД, интрузивни мисли да си наштети на себеси и на своите блиски, како и на своите деца, зошто не знаете колку тешко се справува жена со вакви мисли, при тоа сама со 3 мали деца, без никој да ја разбере, дури и кога сама барала помош.

    Нема физички докази дека таа тоа го сторила, нема днк од мајката врз телата на децата, има само од Патрик, сета оваа параноја започнува затоа што Патрик кажува како таа ги убила децата, докази нема, снимки нема, днк нема, а зошто?
    И да е навистина виновна, како мајка со ППД никој не ја сфатил сериозно, никој не и пружил помош, била оставена сама на себе!!! Колатерална штета се 3 деца, нажалост.

    И мое мислење е дека Линдзи, нема долго да остане жива, ќе си пресуди сама, само чека што на крајот ќе се пресуди. За разлика од Патрик, кој што одма се преженил, солза нема пуштено за своите деца, на ниту едно судење нема покажано емпатија, тага, бес.. ништо!!! Рамна линија.
    Како ти се мисли на жена, кога децата ти се убиени, тоа не ми е јасно, како!?
     
    На Raven22, Adidas888 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  16. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.095
    Пол:
    Женски
    И тоа жена што изгледа како сестра близначка на твојата? Еве замисли некој те силува и и ти после 4 месеци се ожениш за маж што изгледа скоро идентично на тој што те силувал? Нема шанси тој да би се оженил со жена толку слична на неговата бивша ако таа му ги убила децата, ќе му отвара болка и траума секој пат кога ќе ја погледне
     
    На Raven22 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.095
    Пол:
    Женски
    Уште ова ќе го кажам: Јас ако имам маж и тој маж ми ги убие децата, не само што нема да бидам повторно со маж што личи на него, туку НЕМА да бидам со маж со години и години и години и можеби НИКОГАШ повторно.Нема да верувам повеќе на маж во животот, затоа што ќе се чувствувам толку виновно што сум верувала толку многу на некој и сум стапила во брак со некој што на крај ми ги убил децата .Нема на НИКОј повторно да верувам.
     
    На Raven22 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    19.860
    Пол:
    Женски
    Многу интересен "доказ" ми е времето кога Патрик излегол од дома, тој кажува дека излегол околу 5:15, но CVS камерата го покажува дури околу 5:32. Тоа е приближно 15 минути разлика, каде бил тие 17 мин. до 5:32 кога влегува во аптеката, каде што од дома до таму со кола има 3 мин. Плус пишува емаил околу 5:25, кој не се сеќава дали го пратил од комп. дома или од мобилниот. :^)
    Значи Линдзи имала помалку од 40 мин. да наштети на 3 деца, да ги симне во подрумот, едно по едно да ги дави, и да се обиде да се самоубие, сето ова за неполни 40 мин. Патрик во 6 часот, веќе е дома.

    Премногу докази необработени, сплетки, комплицирани настани...
     
    На Raven22 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  19. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.095
    Пол:
    Женски
    Најверојатно во периодот од 4:54 (кога Линдзи се јавила на ЦВС- под услов да била таа) до 5:29 тој се обидел да ја убие Линдзи и го убил Досон, па во 5:29 излегува од дома, 5:32 е во аптека за да си обезбеди алиби. Се враќа, ги убива Кора и Калан и оди во ресторанот. Се враќа и ги "наоѓа" мртви.
     
    На Raven22 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    19.860
    Пол:
    Женски
    Според мобилни податоци, користење на wi-fi, блутут, гпс на мобилните, можат да проверат. Ама нема докази за ова, ниту за камерите дома, дали нешто се гледа на нив или не.
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.