Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Линдзи Кленси не треба да биде пример за менталното здравје на жените
    Таа доби повеќе помош и повеќе услуги отколку што 99% од населението веројатно можеше да добие.

    Таа не беше некоја преоптоварена мајка што системот и нејзиното семејство ја заборавија и ја пречекорија границата. Не работеше, имаше дадилка, постарите 2 деца беа во градинка, нејзиниот сопруг ја смени работата за да може да работи од дома и да биде тука за неа да ја поддржи..... Имаше секоја предност што секоја мајка може да ја побара.

    Исто така, ги лажеше своите лекари. На различни лекари им кажуваше различни работи. Одбиваше да ги зема лековите што и ги препишале и штом ќе добиеше информации што не сакаше да ги чуе бараше нов лекар. Одби кревет во установа за нега. Одби 3 програми што и биле препорачани со изговор дека веќе земала многу лекови. Се потруди да направи сè што е можно што не требаше да го прави.

    Ова е прилично лесен случај во мои очи, но светот го претвори во нешто што не е.

    Таа има ментални проблеми, немаше ППД. Сакаше да изврши самоубиство, но единственото нешто што ѝ пречеше на патот беа нејзините деца.

    Таа не е некаков херој за менталното здравје на жените и не беше изневерена од системот. Обичен ладнокрвен убиец како и секој друг.
     
    На Iva:) и Miss666 им се допаѓа ова.
  2. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Патрик работи во ИТ а демек му треба вифи да се поврзе на 911 ^_^ камерите работеле цело време, Линдзи ги гледала децата кога била на работа, ама баш тогаш не работеле ]:) неговите мобилни податоци, историја на повици и гпс кај се? Децата гледале ТВ, патрик успеал да прати мејл без вифи? Многу нелогичности, многу олеснителни околности или многу добар план.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    20.264
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е чудно, како нема релевантни докази за камериве дома, не можев да најдам ништо околу ова. Тој кажува дека искочил во 5:15 а во 5:24 испраќа меил, само демек не му текнува од каде го испратил. :^)
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Дури и да е така, помогни ни да сфатиме која е временската рамка на овие убиства/обид за самоубиство. Не ја бранам Линдзи дека сум женско, јас сум на страната на правдата и се обидувам да сфатам како би било ова изводливо за таа да го направи .Имаш ли некаква идеја за временската рамка?
     
    На WarriorMind и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Линдзи и нејзините адвокати ПРИЗНАВААТ дека Линдзи е убиецот. Тоа никој го спори во судница, нивната одбрана е дека тоа бил момент на ППД итн.

    Само вие неколку расправате дека можеби бил мажот, поштарот, водоинсталатерот...
     
  6. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Те молам биди во тек со настаните, не признаваат, Линдзи се изјаснила за невина на старт на судењето лесно можеш да го изгуглаш тоа Значи целата твоја идеја се заснова на тоа што таа под дејство на лекови изјавила дека сопругот и рекол дека ги убила децата, а таа не се сеќава и му поверувала?;Сериозно? Веруваш на еден исказ на човек што не се сеќава и бил лесно изманипулиран? Без никакви докази ти би осудила таков човек на доживотен затвор и при сите нелогичности и немање време да се извршат сите овие активности? Значи тоа е само твоја предрасуда, си одбрала од старт да веруваш во нешто и слепо тераш кон тоа, без да застанеш и размислиш? Ти да си во поротата, и ова да беше беше држава кај што смртната казна се изгласува би ја пратила Линдзи на електрична столица без докази и без да се запрашаш дали стварно е виновна? Искрено се плашам од луѓе како тебе
     
    На la.malparida, Mumoftwo30 и WarriorMind им се допаѓа ова.
  7. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ајде најди ми еден извор од вести каде се тврди дека Линдзи не е убиецот и дека адвокатите го спорат тоа?

    Линдзи се прогласува самата за невина бидејќи ја криви ППД и докторите кои "не реагирале"

    Еве ти од ЦНН

    Lindsay Clancy admits to killing her three small children.

    Her own lawyers don’t deny she did it but say she should not be held criminally responsible for her actions, arguing that Lindsay was suffering from postpartum psychosis and extreme mental illness at the time.
     
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.866
    Допаѓања:
    18.557
    Пол:
    Женски
    Да, скроз одумив дека се кремирани.
    Жената не се сеќава на ништо, туку експертиве и кажуваат што се десило, така да тоа е далеку од признание. Очекувано беше поротата да е поделена и да не може да одлучи. Исто така да не заборавиме дека женава е веќе 3 години на лекување со соодветна терапија па од таму доаѓа она нормално функционирање и свесност.
    Пак ќе кажам многу комплициран и сложен случај, Америка во глобала има топ истраги ама се ми се чини дека тука нешто потфрлија.
     
    На Mumoftwo30 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  9. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Тие не го користат фактот дека не ги убила во нивната одбрана затоа што тоа е задачата на обвинителството- да докаже вина.Од старт на судењето самата Линдзи се изјаснила за невина, ама со оглед на тоа што не се сеќава не може да тврди дека не ги убила, нели сфаќаш? Сето тоа што се случило и што раскажувала и е кажано од Патрик, и дури дега при неговите сведочења некои работи се гледаат дека се неточни.Нејзината меморија е неверодостојна и со самото тоа таа не може да тврди што се случило, туку обвинителството МОРА да докаже. Редингтон верувал дека ги убила децата, затоа што таа верувала дека ги убила децата, затоа што Патрик ТАКА и КАЖАЛ- нели сфаќаш? Со испливувањето на сите нелогичности и лаги на површина испаѓа дека е практично невозможно за 20-30 минути- Патрик заминал во 5:29, комшијата ја видел како лежи на земја надвор во 5:50 , под дејство на 1800 мг на сероквел- дупла доза да ги извршиш се тоа , со срцебиење од 57 бпм- срце во мирување/спиење и твојата телесна температура да падне на 27 степени. Значи невозможно е, Линдзи не е Супермен.
     
    На Mumoftwo30 и WarriorMind им се допаѓа ова.
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Јас сфаќам дека три млади животи се згаснати и некој мора да одговара, ама не би осудила никој без докази и логичен редослед на настаните, само врз основа на тоа што тој човек не се сеќава и некој друг кажува што се случило.Ако почнеме да осудуваме луѓе само врз основа на нечија изјава тогаш слободно можеме светот да го прогласиме за отиден без поврат.
     
    На la.malparida и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    140.168
    Пол:
    Женски
    Направена е проверка на движењето на Патрик, а потоа и реконструкција (стандардна практика).
    Биле брачен пар. Логично, двајцата имале пристап до уредите на другиот.
    Но, нејзиниот телефон ја става дома, а неговиот го става надвор. Неколкуте минути се чудни, но сепак пристигнувањата од едно на друго место одговараат. Нормално е да не фаќа некоја слепа точка или да има дел без камера.
    Секаде може да се случи телефон да префрла меѓу мобилни податоци и вифи (поради дефект или активирана функција како Switch to mobile data). И САД не се имуни на дефекти на интернет мрежата поради која и камерите можат да гличнат или да не работат некое време.
     
    На ideniki1 и AlmaOculta им се допаѓа ова.
  12. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    На 911 да свртиш не ти треба интернет а на него му требале цели 17 минути да иде во аптека која е на 3 мин оддалечена, а притоа праќа мејл од лаптоп за време кога оди во аптека а лаптопот дома во подрумот
    Неговите 14 минути плус за да стигне до аптека не се чудни, прифатливи се, а за Линдзи се да направи за 21 минута е изводливо?
     
    На andromedae, Pixi5, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.680
    Допаѓања:
    47.379
    Пол:
    Женски
    Колку многу зборови, а толку суштински глупо мислење. Оди прочитај што е ментална болест и зошто има воопшто вакви судења, измеѓу негде прочитај дефиниција и за форензичка психијатрија.
    Да беше толку едноставно, никој немаше да се замара да троши ресурси и да води расправи со денови и со сведочења од експерти, ќе палевме на плоштад луѓе и толку ќе беше. Значи некогаш ќе прочитам некоја ваква глупост и стварно се фасцинирам како на одредени луѓе ви работи логиката.Буквално не ни разбираш за што е судењето, ама битно пишуваш реферат од комплетни бесмислици.
     
    На CameliaMiller, WarriorMind, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    20.264
    Пол:
    Женски
    Каде се овие докази? Нема докази за ова дека Патрик бил надвор, никој се нема изјаснето за тие 17 минути, освен тој сам.
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    20.264
    Пол:
    Женски
    Копиран текст и е од негде, со лош превод.
     
    На andromedae, Pixi5, goddess.Of.chaos и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.831
    Допаѓања:
    143.756
    Пол:
    Женски
    upload_2026-9-2_22-22-50.png

    Овие ќе идат на поништување....
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Да си жена и да мислиш дека ППД или други ментални растројства не се реални ;( се надевам ниту една жена нема да дознае како и било на Линдзи тогаш со таков маж што не се грижел за децата и не и помогнал кога највеќе и требало ;(
     
    На Pixi5 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Како после ќе најдат нова порота не знам..јас мислам дека Редингтон поврзал некои точки и има некој кец во ракавот :?:
     
    На Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.831
    Допаѓања:
    143.756
    Пол:
    Женски
    Кје го искористи правилото 25 во законот за Масачусетс.. И оваа порота има пристап до се. Не се изолирана порота си идат дома имаат телефони и пристап до мрежи.
     
    На Mumoftwo30 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  20. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, дали се грижел или не се грижел за неа, не е оправдание дека ги убила децата. Како сме сите експерти во се ејјј. Не се сеќавала… од каде сте сигурни дека тоа не ја советува адвокатот?
     
    На ideniki1 и Miss666 им се допаѓа ова.