Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Никој не ја правда. Ама едно е да убиеш дете ладно крвно и свесно а друго ако си ментално болна. Инаку никој не ја правда за чинот.
     
    На BlackNight и simona_baby им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    Па она секако ќе биде цел живот или во затвор или во болница. Инаку не, ако скренеш со паметот сите ние одговараме а не ти самата, зошто ти немаш јасна свест. Луѓето околу тебе пријавуваат те хоспитализираат. Жената сама барала да оди во болница.
    Сакам да кажам ова е може и еден од потешките случаи што се случиле тежок за разбирање докажување. Инаку била мајка што никогаш не си ги удрила децата ниту повишила тон никогаш агресивна.
     
    На BlackNight и Misskirova им се допаѓа ова.
  3. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Не убила едно дете, убила 3. За тоа треба употреба на енергија и не толку кратко време. Не е секундарно. Не дека едно дете е помалце од 3. Живот е живот. И терористите и луѓето кои пукаат по школи се со дијагнози и со ментални нарушувања.
     
    На PaLaVa, simona_baby и magnum007 им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Не зезај. Делото е страшно да нема збор соодветен да се опише.
    Само мене ми е чудно, како успеала помалку за 1 саат да ги убие, во меѓувреме да му се јави на мажот што да земе, да проба да се самоубие. Многу работи ми се невозможни. Плус она била често оставана сама со децата по неколку дена. Ако планирала свесно, зашто не тогаш него баш сега??
     
    На Mumoftwo30 и simona_baby им се допаѓа ова.
  5. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Не навлегувам понатака не знам. Јас коментирам доколку таа ги убила. А дали е така или не ќе видиме.
    Гледав видео од службено лице кое што работи на случајот. Таткото не сакал да се емитува во јавност 911 телефонскиот повик и немаат дозвола но смеат да кажат што било. Кога дошол прво се јавил за жена му избезумен цел и прашувал каде се децата позади се слушало женско глас кој што вели во подрум во продум. Значи била во свесна состојба а не веднаш комирана. Потоа слегол и испуштал крици завивал од болка.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Овој дел е дискутабилен. Значи се имам гледано директ како идеше на YT не на Тикток . Кога дошле на место она не била респонсивна, не можела да збори зашто и бил скршен гркланот, со телесна температура под која не е возможно да зборува. Дали и како она ги убила е се кажано од страна на мажот и. Она не се сеќава. Не можеш само да се ослониш на исечоци. Мноооогу недоследности има. Он вика дал прва помош на Кора, ќерката, цајканиве викаат не биле поместени. Нема днк на Линдзи на тоа со сто ги убила има само на Патрик. Да влезеш подлабоко многу е нејасно...
     
    На Pixi5, Mumoftwo30 и magnum007 им се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    9.969
    Пол:
    Женски
    Ја има целата комуникација со 911 вчера ја читав на официјалниот сајт . Има момент кај што му вели дека децата се во подрумот.
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да излезе. Судијата забрани секаква форма. Има и лажни снимки по мреживе.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    47.114
    Пол:
    Женски
    Многу себично размислување. Никој не мора да се грижи за тебе, никој не е должен нормално, само што фала богу сме суштества со емпатија кои се грижиме едни за други кога сме болни.
    Женава имала поддршка, ама знак прашалник е колку била сериозно сфатена.
     
    На BlackNight и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Ја гуглав жената која го изјави ова навистина е дел од судењево само не се сеќавам во што улога беше,ако наидам пак на видеото кај што кажува ќе го пуштам тука.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Судењево не е за дали ги убила или не. Судењево е за дали го направила тоа пресметано или била во некаква психоза. И тоа поротата ќе го одлучи, кои веројатно имаат подобар увид во доказите. Ако донесат одлука дека треба криминално да одговара ќе оди во затвор ако не тогаш ќе оди во психијатриска болница. Била грижлива мајка, а после така да ги убие децата, навистина е непоимливо некако, ко, зошто пресметано би ги убила, а потоа и себеси, а гледаме и колку барала помош? Не знам. Докториве сведоци беа... Па, не баш добар примерок за професијата.
     
    На tanjita, Mumoftwo30, Misskirova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Докториве мораа да пазат што зборат зашто има и граѓански спор каде што ги тужи Линзи за погрешно лекување. Ама стварно дебилни беа.
     
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    9.969
    Пол:
    Женски
    Транскриптите се излезени . Самото аудио е забрането бидејки е тешко за слушање.
     
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Тоа сега ќе го пишував дека ни нејзиниот тим не демантира дека ги убила. Незнам зошто прават теории на заговор кога нема.Тоа е тоа.И пак ќе кажам за да убиеш некој треба да си под психоза или со ментално нарушување. Неможе нормален човек из чиста мира да убива луѓе/деца. Жалосно е во секој случај.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Ги најдов.. никаде нема дека она му кажала, само вели: Одам да ги проверам децата..и после вришти Ги убила децата!!!
    Многу гадно злостворство, многу тежок случај. Јас мислам дека кога ова ќе помине она ќе се самоубие. Не верувам да може да живее...
     
    Последна измена: 25 август 2026
    На Ole.grbeva и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Ама сфаќаш дека никој од нејзината одбрана не негира дека ги убила?
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Да де. И јас не негирам.. само понашањето на мажов ми е многу чудно. Инаку за сега не негираат. Затоа што за тоа се товари. Но, од ова судење може да произлрзат многу работи кои до сега не се појавени, дури и да бидат ставени под истрага и други лица.
    Имаше еден адвокат за законот каков е таму.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Знам. Ама, за пример, докторката едно запишала во белешките и вика, тоа пишува, ама јас тоа не го мислев. Ко, друг доктор да ја преземе пациентката, не знае на што она мислела, чита што напишала. Една само беше, не се сеќавам, не се сеќавам, на судење дошла. Овој последниов вика за распукување на пораѓај епизиотомија, не знае ни што е тоа, нит имал такви пациентки. Не знам, стварно некомпетентни некако. И уште толку лекови менувале, а самите лекови се со нус појави.
    Ова започна откако почна судењево, немаше вакви теории порано. Како излегуваа докази така и почнаа да се прашуваат луѓето веројатно или да гледаат што со што не се поклопува. Ама, не следам толку детално, ниту пак гледам цело време, гледам клипчиња обично, па не знам ни што би рекла.
     
    На WarriorMind му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    И сите се пријатели со новата жена на овој...
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    47.114
    Пол:
    Женски
    Една од психијатрите? Кога се фатија со адвокатот за запирката?
    Она тоа што го кажува е точно и е разбирливо за секој што го чита од медицинска гледна точка.
    Е сега адвокатот што си го протолкува по негово, тоа не значи дека е грешно, туку тој не е запознаен со таква документација.

    А таа што викаше дека не знае, исто психијатар, сигурно така ѝ било посочено за да се заштити себе си.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.