Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 5 септември 2026 во 14:30
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Додека гледате тик ток глупости, јас ќе ви кажам само едно, историјата се повторува:

    Констанс Маргарет Фишер (родена Сироа; 26 март 1929 година - 1 октомври 1973 година). Дијагностицирана со параноидна шизофренија, таа убила три од своите деца во Мејн во 1954 година, а откако поминала неколку години во ментална институција, била ослободена, само за да убие уште три од своите деца во 1966 година.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Constance_Fisher
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.948
    Допаѓања:
    5.350
    Пол:
    Женски
    Случајов веќе ме потсеќа на случајот со Меделин Меккејн. Се ми се чини дека иако неколку луѓе на земјинава топка знаат точно што се случило, никогаш нема да се дознае и за судбината на Меди и за тоа што се случило тој ден со трите дечиња на овие 2 чудаци.
     
    На Cosmic Girl, nena2010 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  4. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Женски
    Во средниот век луѓе што имале шизофренија ги врзувале на крст затоа што верувале дека се опседнати и божјата блискост ќе им ги истера демоните.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Женски
    Овие се членови на некоја секта дефинитивно

    Бтв Роузмери е стварно кралица, ја гледам последната епизода на документарецот за Шон Елис, прејака е
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Знам за овај случај.
    Ако веќе спредуваме..
    .https://en.wikipedia.org/wiki/Watts_family_murders
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Опасна е.
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Еве што прави тик токот и подржување на чедоморство...Е ова дете на душа го носат сите кои ја подржуваат Линдзи

    Мајка во Илиноис си го заклала 2 годишното дете бидејќи била премногу инвестирана во приказната на Линдзи

    Јас да сум на сите овие би им пресудила по кратка постапка!

    https://www.nbcnews.com/news/us-new...killing-2-year-old-attempting-harm-rcna596197
     
    На DS10 и Miss666 им се допаѓа ова.
  9. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам шо да мислам ама во текот на судењето доста луѓе искоментираа ,,оди допри трева" во смисол врати се во реалноста...
    Инаку ви текнува ли на Кејси Антони и како неа ја ослободија..
    Изместени вредности се повеќе во денешно време.
    Време во кое се раѓат повеќе деца, а се нема доволна подршка. Време во кое на мајка не и е добро и само и се нафрлени лекови еден по друг, и по своја волја е внесена во институција и отпуштена а по кратко време се дешава громорозниот акт. Иако има кажено пред маж и и мајка и дека има такви мисли да наштети на децата.
    Прежално.
     
    На Cosmic Girl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    29.851
    Пол:
    Женски
    Јас не го следам случајот и нема многу да коментирам ама едно да прашам.
    Зошто психијатри/доктори кои имаат вакви пациенти со сериозни ментални проблеми, а со деца не се задолжени да пријават во социјални служби дека таа личност има дете кое не е безбедно таму?
    Зошто нема правило да се одземаат деца привремено додека се подобри состојбата?
    Ппд, шизофренија уатевр, ако до толку не знаеш кај се наоѓаш и си под јаки лекови, не треба да има дете, милениче или постар човек околу тебе додека не се оправиш.

    Упорно се збори еј барала помош, ја немала. Се согласувам. Него зашто децата не ги есапеле ни доктори ни служби со месеци? Они нема сами да идат да побараат помош, али затоа треба возрасен за нив.
    У реду, да збориме за ментално здравје ама да збориме и дека треба да се заштитат тие што се околу, во случајов требало децата.
    Потфрлено е према нив, и тоа многу. Не се колатерална штета туку најголема штета.
    Мислам ја читам темава и не знам дали некој воопшто го спомна ова.
     
    Последна измена: 6 септември 2026 во 10:59
    На warrior, AlmaOculta и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Женски
    Случајот стана познат поради нелогичностите и недоволната истрага, на сите телевизии и социјални мрежи е, не е чудо други луѓе да копираат. Филмови се копираат, џек д рипер бил копиран, луѓе без идеја секогаш ќе ги копираат другите, што не е доказ дека Линдзи е виновна.И да, таа што го копирала убиството треба да оди во доживотен затвор.

    А кој знае дали можеби Патрик не го копирал Крис Ватс? Можеме до утре да шпекулираме, затоа се потребни докази да за пикнеш некој в затвор.
     
    Последна измена: 6 септември 2026 во 11:31
    На Gosh и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Веројатно е тешко да се постави граница. И онака жените не бараат помош од страв да не им бидат одземени децата. Замисли да одиш на психолог кажеш дека ти е претешко да се справиш со мајчинство и ти ги одземат децата. Плус, имаат татко. Не била само мајка им овде. Ако нешто требало да се случи е таткото да ги земе децата на некое време, не знам каков е системот, дали можел некако да пријави и да се бори за привремено старателство. Па, после само посети со надгледување, додека не е доволно здрава ментално. Опасна територија е кога деца да можат да бидат одземени поради ментални болести, веројатно директно ќе влијае на одлуката да се побара помош, можно е само повеќе да се повлечат луѓето ако знаат дека децата ќе бидат одземени и на крај да има повеќе трагедии. Не е баш црно или бело.
    Овде посебно што имало други луѓе околу кои пак децата ги оставиле сами со женава.
    Да беше обратно, он да беше опасност и она да ги оставела со него веројатно и нејзе ќе ја судеа, ќе ја расчеречеа каква мајка била што ги оставила. А татково лабавко си терал со животот.
    Јас се надевам нема да има уште едно судење, туку дека ќе постигнат некаков договор, едноставно нека биде во ментална институција до крајот на животот. Секако нема живот понатаму.
    За татково не знам што да кажам, не можам да разберам судење за правда за твоите убиени деца да се одвива, ти да не си секој ден во судница, три дечиња да изгубиш, не знам еве.
     
    На WarriorMind, warrior и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Женски
    Во Америка учителките имаат право да пријават во ЦПС ако нешто не им делува во ред, и во многу случаи пријавуваат па потоа ЦПС истражува дали пријавата има кредибилитет или не, во доста случаи е недоразбирање и случајот се затвора.На пример доаѓа дете во градинка и и кажува на учителката дека спие во кола, таа пријавува, и после испаѓа дека креветчето му било во форма на кола. Да сметале дека има вистинска опасност по децата, учителките би пријавиле.Е сега, дали тие не забележале ништо, дали потфрлиле, дали немало што да се забележи кај Линдзи е тема на истражување.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.801
    Допаѓања:
    139.684
    Пол:
    Женски
    Зависи дали и каква спогодба ќе ѝ понуди обвинителството. Можеби нема да ѝ одговара.
    Постои можност да ѝ рече делумно или целосно да се откаже од тврдењето дека е непресметлива и според тоа кривично неодговорна. Ако признае некаква свесност, тогаш мали се шансите поротата да се двоуми и двои. Затворот би бил поверојатен.
    Повторено судење би ѝ дало подобра шанса да биде ставена во ментална институција.
     
    На Witchy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    29.851
    Пол:
    Женски
    Реин ако јас не сум при себе и сум опасност за некој друг, дали треба да е нечиј живот или моите чувства приоритет? Колку год да е сурово, ако живот е во опасност, се знае што треба да се прави. Исто и со Ивана и Катја ситуацијава што беше. Без разлика што и Ивана била жртва, додека не се оправи целата ситуација, најважно е децата да се на безбедно, подалеку од целата ситуација, а не да се грижиме чии чувства ќе повредиме.
    Да, имале татко ама доволно е да отиде по мочање 5 минути и да ги убие, затоа викам не треба да се приближува ментално болен човек до некој што не може да се брани.
    Околу неа тие потфрлиле. Ама системот што не се грижи за најранливите е најтрул систем
     
    На warrior и Miss666 им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.158
    Пол:
    Женски
    Мое мислење за случајов е дека навистина ги убила.
    Нејзиниот случај е за case study. Она има депресија ама баш онаква каде што има не само самоубиствени мисли туку и мисли дека треба да убие некој близок. Може да слуша халуцинации кои и кажуваат што да прави, а може и да нема халуцинации ама чувството на безизлезност, очај да биде толку големо што мисли дека не само што е најдобро да се убие себе туку и да ги убие децата, дека така ќе ги спаси од суровиот свет, дека им е подобро да се мртви. Контрадикторно и бизарно ама реално верува дека им прави добро што ги убива. "Оди кај Господ" баш оди во прилог на таквата ментална состојба.
    Порано гледав друг сличен ваков случај само што таткото ги уби дечињата. Исто страдал од депресија, идел на терапија и се трудел да се излечи. Тој никогаш не кажал ни на блиските ни на терапевтот дека има идеи да ги убие децата, туку дека има само самоубиствени идеи. Мислам дека имал и слушни халуцинации, гласови кои му кажуваат да ги убие. Не се сеќавам одамна беше...(мислам дека според доказите кои велат дека пребарувала за халуцинации и Линдзи ги имала и знаела дека не е нешто ок со неа). Луѓето со депресија обично ова и не го кажуваат, не го признаваат и од срам и од страв. Линдзи наводно не кажала на мажот, и верувам дека е така, зошто обично не се исповедаат на блиските за тоа.
    Во еден момент кога жена му не била дома тој им вика да играме жмурка и ги "лови" едно по едно и ги убива. Имал обид за самоубиство, ама се извлекол и е во доживотен затвор. Жената му простила, ама не одма, туку по многу години откако успеала да прифати дека болеста го направила убиец.
    Јавноста обично мисли ако човек е во длабока депресија дека има само автоагресија, сака да се убие само себе, дека не е опасен за тие околу него, ама некогаш, иако поретко, имаат и агресивни тенденции кон другите. Комбинацијата на очајот и безизлезноста како и немањето поддршка од средината, семејството и терапевтот да препознаат во колку опасна состојба е човекот, мислам дека се фактори кои придонесуваат да го стори тоа и да убие и некој друг, или при своето самоубиство да однесе и некој друг во гроб. Луѓето едноставно не знаат дека таа опасност постои и не се информирани до толку за психичките растројства.
    Тука ја гледам одговорноста на сите околу неа, терапевтот што не навлегол во тој проблем, не го предупредил семејството. Неговата одговорност е поголема од онаа на семејството зошто луѓето околу неа мислам дека не верувале дека нивната ќерка, жена и сл. која е една грижлива мајка која си ги сака децата ќе нема да може да им одолее на поривите (за кои и прашање е дали знаеле).
    Патрик според мене има голема морална вина во случајов. Мислам дека емотивно бил детачиран од неа многу пред да се случи ова и дека веќе ги имал ставено своите лични потреби (за љубовна врска и секс) пред семејството што веќе го имал. Затоа така брзо после убиството продолжува со својот живот, за него не било брзо, било започнато пред трагичниот настан. Заминал од нив психички и емотивно многу пред да се разделат физички.
    Јас не судам некој за тоа, секој бира како ќе си го живее животот и секако животот со ментално растроен партнер е исцрпувачки, не секој може да остане во врска со тој товар. Луѓето не се светци и не се секогаш совршени родители кои ќе се жртвуваат за децата. И може да го кривиме за тоа каков никаков сопруг и татко бил ама не значи дека е убиец. Барем не непосредно. Според мене неговата вина за убиството е посредна, што бил фактор што придонел, наместо фактор кој ќе го спречел.
     
    На Mumoftwo30, Witchy-style и AlmaOculta им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Ама, дали на секој шизофреничар треба да му се одземе детето? Секоја мајка која има ппд да и се одземе детето? Во најголем случај не се ни делува на интрузивни мисли. Дали треба детето веднаш да се одземе? Кој може да каже кога точно детето треба да се одземе и со каква сигурност? Ова што ти го кажуваш е права полициска држава. Ако не, да родиме деца и освен ако не сме на 100 посто да ги дадеме државата нека ги гледа. И моево е крајност, исто како и твоево што не може никако да се спроведе. И не треба.
    Татково не само што знаел све, не само што отишол на мочање, си одел и на работни патувања, излегувал. Што не се ангажирал повеќе нешто да преземе?
     
    На Mumoftwo30, Pixi5, Witchy-style и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.158
    Пол:
    Женски
    Сакав и ова да го кажам.
    Случајот за Шана Ватс го знам детално, но кога ги споредувам мажите не ми се исти.
    Единствено мислам дека им е заедничко дека им се смачило од животот што го имале. Дека не биле среќни во бракот. Но не мислам дека и во овој случај мажот е убиец, туку дека само сакал да си замине и дека трагедијава му дошла во прилог на тоа. Од она што го гледав мислам дека има искрена болка за загубата на децата, како и чувства на потиснат бес и лутина кон бившата жена.
    Двата случаи не ми се исти, почнувајќи од разликите во снимките од 911 во двата случаи, до разликите во говорот, пред се не вербалниот на двајцата сопрузи. Во случајот Ватс истотака жената немаше психички проблеми.
     
  19. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Болно е општеството. Не е еден случај милиони се со убиства и громорозни дела. Без разлика дали била во ППД или ППП она направила кривично дело. Шо има пропусти од институции има. Патрик шо вика КосмикГрл може не ги убил ама целата ситуција му дошла у прилог.
    Шо е уште поболно е правење документарци и величење на луѓе криминалци. Ми излезе не знам кој го продуцира ама веќе ќе се пушти на Линзи Кленси документарец. Чекаа само да заврши судењето и да почнат.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    29.851
    Пол:
    Женски
    Не на секој.
    Ама гледаш дека некој упорно се враќа и упорно се влошува. Како што сфатив, цело време барала различни лекови оти не ѝ помагале. Значи тука не било под контрола.
    Ако е некој стабилен и не е одвоен од реалноста и со лекови е под контрола е друго.
    Ако е тешко да се процени дали се децата за одземање, ондак е тешко да се процени и колку е сериозна состојбата, па не знам зашто кривиме експерти за ментално здравје ако не можат воопшто да проценат дали некој е одвоен од реалноста или не

    Крај крајова, better be safe than sorry, особено за некој што не може сам да се заштити.