Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.635
    Допаѓања:
    69.808
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што она немала еден тим, или докториве да комуницираат едни со други, немало еден да води историја на пример. Здравството веќе се утврди колку потфрлило. Ама, ова не значи некој се бори со депресија, ај ќе му ги земеме децата. Тоа не е better safe than sorry. Личноста може да се убие бидејќи децата се одземени. Или полошо, да работи на себе, ама ако се повтори епизодата нема да каже, знае што следува, па следниот пат ќе ги земе и децата со себе. Нема тука една јасна линија. Тоа не знам како не го гледаш. Нема јасен пат каде ќе се стави точка. Единствените што имале увид во нејзиното опаѓање целосно биле тие околу неа, и они не направиле ништо, не пак здравството или психијатрине преку зум што ја лечеле.
     
    На Mumoftwo30, Pixi5 и Witchy-style им се допаѓа ова.
  2. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    https://vt.tiktok.com/ZSq6MBFqg/
    Синот на комшијата му се јавил на татко му и му кажал дека Линдзи лежела надвор во 5:50 и дека само што почнале да доаѓаат полицајци.
    А Патрик викнал 911 во 6:09.
    Полицијата дошла пред Патрик да ги викне?
    Човекот што збори е сега мртов, за жал не може ова да го сведочи
     
    На nena2010 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    140.167
    Пол:
    Женски
    Не постирај од ТикТок. Одамна рекоа дека таму не се интерпретира настанот точно.
    Модераторката треба да брише постови со линкови од ТикТок.
    Оние таму не се ни сигурни кој син на соседот му се јавил, дали малолетниот или полнолетниот оти различно пишува на интернет. Соседот го кажал времето отприлика, не звучел сигурен. И навистина луѓево се збунети дали вели 10 of 6 или 10 to 6 што прави разлика.
    Тој кога си дошол дома видел како му се дава CPR на бебето.
    Пребарав.
    Нема запис дека некој викнал полиција пред Патрик. Патрик прво погледнал наоколу пред да викне.
     
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    6.251
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми изгледа како извадок од некои вести.
    10 of 6=5:50, така зборат постарите Американци.
    Не постирам веќе во темава, и онака темава е полна со препирки, наместо дискусија.
    Screenshot_2026-09-07-10-59-03-754_com.google.android.googlequicksearchbox.jpg
     
    На Mumoftwo30 и WarriorMind им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.352
    Допаѓања:
    78.782
    Пол:
    Женски
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Неказнувањето и оправдувањето на чедоморства од љубоморни или какви се не причини си доаѓа по своето!
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Се јавуваат поротничките подржувачки на чедоморство...

    Знаете каде бил најголемиот проблем за нив во едниот поротник кој никако не сакал да попушти? Затоа што не можел да помине преку фактот дека насилнички си ги убила трите деца.

    Значи целото судење не е за тоа КОЈ го направил, се знае кој го направил туку дали била пресметлива или не во моментот (не е момент, ама ајде) кога си ги давела дечињата...

    [​IMG]
     
  8. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    7.086
    Пол:
    Женски
    12тиот поротник поради кого не се донесе пресуда испадна дека е маж кој има досие за семејно насилство и забрана за приближување.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.574
    Допаѓања:
    280.684
    Ќе се надоврзам на мислењево, ги немам прочитано другите во темава и коментирам на непрочитано.

    Се согласувам со тоа што го напиша и не знам зошто е контроверзно, жена која "по книга" би требало да ја добие најдобрата можна здравствена помош - не ја добила. Тој факт сам по себе е поразителен за сите жени во САД. Затоа што станува збор за образована жена (која е свесна и упорно бара помош) и привилегирана.

    Единствено од тоа што најдов за бившиот маж е дека упорно не ја обвинува и свесен е за потешкотиите, како и упорно тврди дека била одлична мајка.

    Детали за него не ни знам искрено, може и да грешам.