Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Да, на таа мислев. Цела беше накострешена, а можеше поубаво да објасни ако било така, дека така се пишува медицински и дека друго медицинско лице би разбрало. А не, така пишува, ама јас не го мислев така.
    И ако се штитат себе, пак тоа има влијание некако на овој случај зашто не може да се извади што точно се случило. Мислам, судењево е баш за тоа, од медицински аспект, па која е сврхата на ова кога и онака не сакаат да одговорат.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.417
    Допаѓања:
    39.208
    Пол:
    Женски
    Да не излезе на крај како оној монструмот кој си ги уби децата и жената. За да биде со швалерката, мислам беше :puke: Само... оваа ете прежиевеала :?:
    Не тврдам ништо, да се разбереме, ама ако вакви копуци се главни сведоци, тогаш....
     
    На nena2010 и magnum007 им се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Има многу недоследности во случајов, многу работи треба да се испитаат, ако не се воопшто досега.

    Не дека Патрик не заслужува да продолжи со животот, ама па да најдеш копија на жената која ти ги убила децата и првата фаца која ја гледаш кога стануваш да ти биде она...

    Копи-пејст се.
    Башка што доста се тврди дека се познавале и дејтале од претходно.

    И ментал ишјус, или не, ако е крива, не заслужува бел ден да види.
    Иако, многу има што ја бранат.

    Ама чудни се околностите многу.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    И, дали воопшто рекоа нешто за мотивот? Не сум прочитала нешто, или не се сеќавам. Нели ја гонат дека пресметано го направила тоа, а што бил мотивот?
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Frankenwander

    Frankenwander Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Целосно се сложувам!
     
  6. Nicy

    Nicy Нов член

    Се зачлени на:
    25 август 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Дали можи некаде да се проследи онлине судењето?
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Човече слики од децата му покажуваат он ни солза не пушти, слики од нивни цртежи, од се. А цајканите не можеа да се соземат. Линдзи која е гарантирам на тешки лекови зашто се наоѓа во психијатриска болница, не можеше да се соземе крици болни испушташе кога ги кажуваа обдукциите.
    20 дена после кремирањето на децата си отиде на Костарика со Рејчел.
     
    Последна измена: 25 август 2026
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Нема мотив, затоа за Патрик се шпекулира дека премногу мотиви би имал да го изврши ова.
    Луѓево отидоа да таа крајност, што по групи коментираат дека Рејчел (новата жена на Патрик) ги има извршено убиствата. Оттука муабетот на Линдзи - како да не бев јас во своето тело, како да се гледав себеси (бидејќи многу си личат) како ги вршам убиствата.
    Патрик би собрал пари од животни осигурувања, пари од продажба на куќата, пари од добиени тужби против психијатри, нов живот со нова жена и немање потреба за плаќање алиментација и сл.

    Едит* експерти за говор на тело тврдат дека Патрик лаже и крие нешто за време на сведочењето.
     
    На tanjita и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Собра веќе. 1 милион од донации, куќата ја продал, и сега се тужи со психијатри. Брже боље се развел од Линдзи, и оп одма со друга. За која гарантирам дека му била швалерка.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Да, таман да пишам дека пола од тоа оствари.
    Инаку, за новата жена имаше тврдења дека биле high school sweethearts. Па, дека своевремено раскинале, и демек затоа ја нашол Линдзи, дека го потсеќала на бившата.
     
    На nena2010 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    47.114
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас се изнервирав од прашањата на адвокатот, не па она. Сите што беа сведоци ги третираше многу арогантно, ги прекинуваше, поставуваше бесмислени прашања...веројатно дел од работата да бидеш адвокат.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    А што треба со локум да ги нуди?
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Копија се една на друга. Копија!!

    Денес кажа и експертскиот сведок на оббинителството дека не ја слушнал 911 снимката, и дека заклучил дека Линдзи ги убила децата затоа што така му кажал Патрик.

    Дека не се ни сеќавала што се десило, и се и кажале други..

    Едит: Не сме свесни колку сме среќни што имаме 9 месеци породилно. Во Америка макс 3 месеци е и тоа неплатено. Замисли да не си спиена цели ноќи, 3 месечно бебе, одиш на работа, хормони, умор.. па не да ќе шекнеш...
     
    Последна измена: 25 август 2026
    На warrior, senza.parole и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Мене она од почетокот ми делуваше непријателски некако, а сосема поинаку одговараше на обвинителството.
    Што се однесува за мотивот, еве овој последниов сведок сведочи дека сакала да се самоубие, ама не сакала децата без нејзе да бидат, затоа ги убила.
    Што.. До некаде и држи вода. Ама, он ја видел линдзи тек оваа година, не тогаш, не кога била во каква и да е состојба на умот. Истиов рече и дека не се ни сеќавала што направила, туку и било кажано.
    Она што мене ме влече кон тоа дека треба да оди во затвор е целово судење. Зошто? За што се бори?
     
    На Angie1432 и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    За тоа да не оди во затвор туку во ментална институција.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.629
    Допаѓања:
    69.778
    Пол:
    Женски
    Зошто е воопшто битно кај ќе оди? Односно зошто и е нејзе битно? Да се освестам и да сфатам дека детето сум го убила готово е. Може на плоштад да ме линчуваат. Не адвокат да барам за да не одам во затвор.
     
    На Чанта и violetblue им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Има разлика во тоа дали е планирано убиство со мотив, или е заради ментална болест ( момент на лудило, психоза) .. нејзините го имаат најмено Редингтон, top of the top во ова поле.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Ако ја осудат за виновна со предумисла, ќе добие доживотна без можност за помилување.
    Ако ја прогласат за невина како резултат на ментална болест, ќе си биде во психијатриска болница, ама постои голема можност да излезе од таму по одреден период.
    На пример, Андреа Јејтс е во психијатриска болница, ама редовно низ годините сама нагласува дека нема што да бара во надворешниот свет, а и дека воопшто нема желба за такво нешто.

    Родителите на Линдзи веќе собраа преку милион долари од донации.
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Машки
    Донираат за да ослободат убиец :?:

    Америка и се е можно.