Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    9.969
    Пол:
    Женски
    Нема кажано директно дека ги убила..ама на прашање Зошто го направила тоа , изјавила дека глас и кажал да го направи.
    Така да не е дискутабилно дали ги убила , дефинитивно ги убила.
    Дискутабилно е дали била свесна или под психоза
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Да, дел од донирањата се од поддржувачите на Линдзи, убедени дека страдала од постпородилна психоза, другиот дел се убедени дека Патрик ги извршил убиствата.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Донациите се за родителите кои буквално се што имаат дале за адвокатов.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Завршните зборови се утре. После останува на поротата.

    Ако поротата не може да донесе едногласна одлука во судењето за убиство на Линдзи Кленси, судијата ќе прогласи поништување на судењето поради неодлучна порота (анг. mistrial due to a hung jury). Бидејќи законот во Масачусетс бара целосна едногласност за осуда или ослободување, поделените гласови значат дека нема правен заклучок.

    Правниот процес по неодлучна порота
    Доколку се прогласи поништување на судењето, веднаш ќе следат следните чекори:

    • Нема официјална пресуда: Кленси ниту е осудена, ниту е прогласена за невина.
    • Одлука на обвинителството: Окружното обвинителство мора да одлучи дали повторно ќе го суди случајот со нова порота, дали ќе понуди спогодба или целосно ќе ги отфрли обвиненијата. Поради сериозноста на случајот, ново судење е најверојатниот исход.
    • Ресетирање на процесот: Доколку дојде до ново судење, целиот правен процес започнува од почеток. Тоа вклучува избор на комплетно нова порота и повторно презентирање на сите докази и вештачења.
    • Статус на притвор: Кленси нема автоматски да излезе на слобода. Таа најверојатно ќе остане задржана во државната болница каде што се наоѓа во моментов, во очекување на новото судење.
    Зошто неодлучната порота се смета за можна опција
    Правните аналитичари сметаат дека ова е многу реален сценарио за овој случај поради неколку комплицирани фактори:

    • Инструкција „Ален“ (Allen Charge): Пред да прогласи поништување, судијата веројатно ќе и даде посебна инструкција на поротата, повикувајќи ги блокираните членови уште еднаш да ги преиспитаат своите ставови и да се обидат да дојдат до консензус.
    • Конфликт на вештаци: Случајот во голема мера се потпира на спротивставени психолошки проценки. Вештаците на одбраната тврдат дека таа страдала од тешка постпородилна психоза и немала кривична одговорност, додека вештаците на обвинителството тврдат дека таа имала „морална свест“ и е кривично одговорна. Вака остри поделби меѓу медицинските професионалци често ја заглавуваат поротата.
    • Високи емоционални влогови: Трагичната природа на смртта на децата предизвика огромни емоции во јавноста. Експертите забележуваат дека тоа често води до длабоко вкоренети и непопустливи мислења кај поединечните поротници за време на советувањето.
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    А за што се залага одбраната? Слобода или психијатриско сместување?
     
  6. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Да биде сместена најверојатно,па кога нема да претставува опасност кон другите ќе биде ослободена. А ако оди во затвор мислам дека доживотно ќе треба.
     
    На lovestoneddd и nena2010 им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Психијатриско сместуање беше почетокот, како оди судењето се повеќе бараат прогласување на судењето за неважечко. Се појавија многу дупки во самата истрага. Вчера сведоците експертите кои сведочеа кажаа дека сите податоци ги добиле од Патрик ( мажот и), и има многу пропусти во тоа како полицијата ја извршила цела провека. Плус, еден сведок кој беше повикан од стрна на обвинителство кажа Дека он никогаш не ја слушнал снимката каде она наводно кажува дека ги убила децата, дека сите податоци ги добил од Патрик. Исто така се збореше и за тоа дека тврдела дека не се сеќава и се што признала било врз основа на тоа дека други и кажале дека ги убила децата. Тоа не исклучува дека она ги убила, но додатно го комплицира прашњето за нејзината состојба во тој момент. Дали било планирано или не.
     
    На Mumoftwo30, tanjita и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    9.969
    Пол:
    Женски
    Вчера имаше нтересен детал околу лековите , токсиколошкиот експерт претходно сведочеше дека концентрациите на антидепресивите и антипсихотиците во нејзината крв биле под токсичните/суицидалните нивоа, што е директен удар врз тврдењето дека била „предозирана“ со лекови. Наспроти ставот на одбраната дека испила доста лекови за да се самоубие пред да скокне.
    На крај ке излезе дека ги убила под целосно свесна состојба.
     
    На Mumoftwo30, lovestoneddd и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Ти викам многу заебан случај.

    И на крај таткото си живее друг живот, мајкава каква таква жива е диши воздух само трите ни криви ни должни англечиња ги нема...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.989
    Пол:
    Женски
    И не само тоа што го изјави дури и кажа дека постпородилната депресија траела само 4 недели:fubar:
    Оваа изјава од експерт пази, со што автоматски ги повредува сите други мајки кои се борат со вакви потешкотии. Мислиш оваа настинка е па ајде ќе помине.

    @Joanna_ па според твоето мислење не треба да се грижиме ниту за шизофреничните ниту за склерозните. (y)

    Овој случај е чуден и привлече внимание поради дупките во приказните. Тие не можам да ја бранат дека не го извршила убиството бидејќи судењето не е за дали го извршила или не го извршила и според нивните закони одбраната не можи да го доведе тоа во прашање.

    Уште еден интересен факт кој не е споменат е дека куќата која Патрик ја продал е во сопственост на презекјуторот ( не знам правилно да го кажам а не ми се пребарува сега ) и на почетокот не дозволува да биде разгледана е тек после некако со судски налог. Значи требеше дозвола од сопственикот за да може да биде повторно отворена за истрага. Некако оваа ми се чини за баш пресметан чекор.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.948
    Допаѓања:
    5.349
    Пол:
    Женски
    Не само што ја бранат, туку и собираат донации и протестираат за нејзина подршка. Болно општество кое не ги сожалува 3те дечиња туку бараат мајката да оди во болница и после некое време да си излезе на слобода, да си продолжи со животот како ништо да не било.
     
    На Joanna_ и ideniki1 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.028
    Пол:
    Женски
    Обвинител
     
    На WarriorMind му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Женски
    Го следам случајот, мене не ми е јасно како домашните подобар надзор не превзеле околу неа од како им изјавила дека има глас кој и шепоти да ги повреди своите деца.
    Имам милион прашања во главата, дали ако некој подоро внимавал на неа од дома можело да се спречи?
    Каков промашај на медицински стручни лица кои треба да ти помогнат, а не да те турнат во агонија повеќе?
    Судењето започна како "барање од одговорност" од сите доктори кои ја следеле нејзината сосотојба, ама ќе заврши како докажување дали го извршила под психоза.
    Мое мислење: Доколку ја осудат за затвор ќе си го одземе животот.( не дај боже)
     
    На Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Женски
    Никој не ја оправдува.
    Приказната е дека она барала помош, сменила доктори, сменила медикаменти, сменила дијагноза а нејзе се полошо и полошо и е. Водела дневник каде ги опишува чуствата, страшно беше да се слуша.
    Изјавува дома пред сите дека слуша глас машки кој и вели да го повреди децата и е оставена сама со децата од сопруот.
    Очајнички бара помош ама оставена пак ќе кажам сама.
    Во состојба на психоза го прави делото, според инструкции на тој глас во главата.
    Зошто сопругот знаејќи го ова не се заинтересирал повеќе за неа? Често излегувал од дома и патувал.
    Зошто сите доктори не ја дијагностицирале правилно со правилни лекови?
    Хоспитализирана била 5 дена на нејзина иницјатива и испуштена од доктор во добра состојба без знаци на психоза.
    не се докажува невиност, се докажува пропуст и да биде третирана во психијатриска болница а не во затвор.
    Инаку и она се обидела да се убие, но преживува и останува инвалид.
    Мислам ти појаснив за што ја поддржуваат.
     
    Последна измена: 26 август 2026
    На Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Женски
    Истава ваа докторка и пишувало на сајт - експерт за постпородилна депресија а немала ниту еден пациент со таа дијагноза и била многу пресно дипломирана.
    Кога станала експерт? Е таа имаше еден куп нејаснотии во белешките.
    Таа според мене воопшто не треба да се бави со оваа професија.
     
    На Mumoftwo30 и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Не изјавува дека слушала машки глас, туку на почеток на декември во присуство на Патрик и нејзината мајка спомнува дека има intrusive thoughts во врска со децата.
    Патрик тврди дека ја прашал дали мисли дека нејзиното присуство околу децата е безбедно, одговорила да.
    И толку, никогаш повторно не го спомнала тоа, ниту на еден од психијатрите кај кои била, со термин, или на итна.
    Ниту дека има самоубиствени намери (Ова дури во јануари го спомнува).
    За таблетите кои ги пиела, во многу од нив, недостасувале само неколку, пречесто менувала лекови, а на антидепресиви им треба време за делување.
    Е сега, после тоа беа откриени и кршени лекови на пола, па оттука муабетот дека Патрик ја труел.
    Иначе, вчера што сведочел форензирачот, тврди дека свесно го сторила тоа.
    Тврдењата за само една психо епизода која траела 18 мин, не се совпаѓала со симптоми на психоза.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Женски
    Мајка и сведочеше дека биле мајка и татко и Патрик кога изјавила дека слуша машки глас.
    Побарај го сведочењето на мајка и.
     
  18. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    1.306
    Случајот е повеќе од комплициран, но единствена добра работа е што барем привлече многу внимание на целиот здравствен апарат и менталното здравје на жената/мајката. Без оглед на пресудата, системот потфрли и ги изневери и трите јадни деца и неа. Комплетно можеше да се избегне целата трагедија и децата да се заштитат, ако била соодветно лечена (и ако е таа).

    За мене лично премногу дупки има и ни малку не се поклопуваат работите. Целиот случај е базиран на "Патрик рече дека така било". Не знам колку во 50 минути извршила 3 убиства, вратила повик по телефон, 3 пати неуспешно се обидела себе да се пресече за на крај да се фрли од прозор и тоа жива вода од глава до пети (?), па уште и дури лежи и крвари со хипотермија да му прави муабет објаснувајќи дека се обидела да се самоубие и кај биле децата. Бившиот маж е апсолутен лажов и психопат. Медицинска сестра гуглала кај се наоѓа артерија и притоа да не знае ни да ја напише?? Убедена сум дека ги мразел и неа и децата.
     
    На andromedae, Mumoftwo30, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Да, еве го делот. Само мисли биле, сепак.


    IMG_1447.jpeg
     
    На tanjita и nena2010 им се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.970
    Допаѓања:
    9.969
    Пол:
    Женски
    Јас се повеќе сум убедена дека била свесна што прави како што објасни вчера докторот , она сака да се самоубие и верува во тоа дека без неа на децата ке им биде лошо па затоа одлучува " да ги земе со неа "